Зијадин Села

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зијадин Села
Градоначалник на Општина Струга
На должноста
2013–2017
Претходник Рамиз Мерко
Наследник Рамиз Мерко
Лични податоци
Роден(а) 1972
Ливада, Струшко
Националност Албанец
Партија Движење за реформи - ДПА
Професија специјалист по интерна медицина
Вероисповед муслиман

Зијадин Села (албански: Ziadin Sela; роден во 1972 во Ливада, Струшко) — градоначалник на Општина Струга во периодот 2013–2017 година.[1] На локалните избори во 2013 Села го победил заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Владимир Кочовски со околу 5.000 гласови разлика.[2] По изборните резултати имало 15 жалби од страна на ВМРО-ДПМНЕ до ДИК, но комисијата прифатила само две кои не влијаеле врз конечниот резултат.[3]

Една од првите негови мерки по преземањето на градоначалничката функција било уривање на сите дивоградби сместени долж кејот на реката Црн Дрим.[4] На парламентарните избори 2016 година коалицијата предводена од него, Алијанса за Албанците, учествувала на изборите на кои Села бил избран за пратеник во македонското Собрание.

Медицинска кариера[уреди | уреди извор]

Што се однесува до неговата професионална кариера, тој по професија е лекар, специалист интернист. Започнал како специјализант работејќи во Црвениот крст, а потоа преминал во општата болница во Струга. Со запливувањето во политичките води, извесен период бил и директор на Државен санитарен и здравствен инспекторат, а потоа станал пратеник. Зијадин Села е оженет и татко на две малолетни деца.[5]

Контроверзност[уреди | уреди извор]

Пред да стане градоначалник, Села бил пратеник во македонскиот Парламент во периодот 2011-2013. За време на неговиот пратенички мандат предизвикал големо медиумско внимание со неговата радикална изјава во врска со законот за македонските бранители, заканувајќи се дека ќе го запали парламентот.[6]

На 11 јули 2014 г. Села бил еден од предводниците на поголема група демонтранти во Скопје поради судската пресуда за сторителите на убиствата кај Смилковското Езеро. Групата скандирала „УЧК“, и „Етничка Албанија“, иако во извештајот не се наведува дали Села скандирал заедно со нив.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „др. Арбен Лабеништи му ја честита победата на др. Зијадин Села“ (на македонски). ТВ Спектра. Понеделник, 25 Март 2013. http://www.spektra.com.mk/lokalni/dr-arben-labenishti-mu-ja-cestita-pobedata-na-dr-zijadin-sela. посет. 24 мај 2013 г. 
  2. „Зијадин Села е градоначалник на Струга“ (на македонски). Дојче Веле. 13 април 2013. http://www.dw.de/%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD-%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0-%D0%B5-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%B3%D0%B0/a-16741784. посет. 24 мај 2013 г. 
  3. „Зијадин Села е нов градоначалник на Струга“ (на македонски). Плус Инфо. 13 април 2013. http://www.plusinfo.mk/vest/88531/Zijadin-Sela-e-nov-gradonachalnik-na-Struga. посет. 24 мај 2013 г. 
  4. „Зијадин Села ќе ги урива дивоградбите крај кејот на Дрим“. МКД.мк. 15 Мај 2013. http://www.mkd.mk/makedonija/politika/zijadin-sela-kje-gi-uriva-divogradbite-kraj-kejot-na-drim. посет. 24 мај 2013 г. 
  5. „Зијадин Села ќе го лечи срцето на Струга“. Охрид Тајмс. 25 април 2013. http://www.ohridtimes.mk/vesti/zijadin-sela-k-e-go-lechi-srtseto-na-struga/2013/04. посет. 24 мај 2013 г. 
  6. „Зијадин Села се закани дека ќе го запали парламентот“. Сител. 8 ноември 2012. http://www.sitel.com.mk/zijadin-sela-se-zakani-deka-kje-go-zapali-parlamentot. посет. 24 мај 2013 г. 
  7. Демонстрантите дојдоа до Мавровка и седнаа на земја“, РСЕ, 11 јули 2014 (посет. 11 јули 2014 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]