Христијан Мицкоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Христијан Мицкоски
Hristijan Mickoski EPP Western Balkans Summit, 16 May 2018, Sofia, Bulgaria.jpg
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
На должноста
Стапил
23 декември 2017
Претходник Никола Груевски
Лични податоци
Роден(а) 29 септември 1977
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Деца 2
Установа „Св. Кирил и Методиј“
Професија машински инженер
Вероисповед православен христијанин

Христијан Мицкоски (29 септември 1977 во Скопје) — македонски политичар и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2016 станал директор на АД „Електрани на Македонија“, а во периодот 2015–2017 бил советник за енергетика на премиерите Никола Груевски и Емил Димитриев.[1] Избран е за лидер на ВМРО-ДПМНЕ на шеснаесетиот конгрес на партијата во Валандово.[2]

Образование[уреди | уреди извор]

Студирал на Машинскиот факултет во Скопје во периодот од 1996 до 2001 година. Со звањето магистар по технички науки се стенува во 2003 година при завршување на постдипломските сртудии на Машинскиот факултет во Скопје со магистерската тема „Оптимизациона синтеза на лостови механизми“.[3][4] Според податоците од Националната и универзитетска библиотека во Скопје, тој во 2009 година под менторство на проф. д-р Даме Коруноски на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје ја одбранува докторската дисертација со наслов „Управување на манипулациони роботи со примена на fuzzy логика.“[3][5][4] Во овој извор наведени се и членови во комисијата за одбрана: Даме Коруноски, Кочо Анѓушев, Емилија Ветаџокоска, Владимир Дуковски и Атанаско Тунески[5] Во други извори се вели дека докторирал на други универзитети (во Германија или Италија).[6]

Полето на научен интерес на Мицковски опфаќа: Лостови механизми, Проектирање и оптимизација на лостови механизми, Отимизација на лостови механизми, Кинематичка и кинетостатска анализа на лостови механизми, Синтеза на лостови механизми, Динамика на механизмите и машините, Развивање на софтверски пакети за синтеза и оптимизација на механизмите, Проектирање и симулации на мехатрони системи.[3]

Професионално искуство[уреди | уреди извор]

Во периодот од 2001 до 2002 работи како главен и одговорен проектант и изведувач на теротехнички инсталации, Фонко клима, Скопје.[3][4] Од 2002 до 2004 година работи како помлад асистент на Машинскиот факултет.[3] Од 2004 до 2009 година работи како асистент на истиот факултет.[4] Во периодот од 2009 до 2014 работи како доцент. Во 2014 на истиот факултет избран е за вонреден професор.[4]

Во 2016 година поставен е за претседател на управениот одбор и Генерален Директор на АД ЕЛЕМ.[4] На 6 август 2017 година разрешен е од оваа позиција од страна на новата влада предводена од СДСМ.[7]

Во јуни 2017 година, веднаш по изборот на новата влада на СДСМ Мицкоски се повлекува од позицијата „надворешен соработник за енергетика“ на која е назначен од претходната влада.[8] Во истиот период тој се повлекол и од други комисии во кои функциите ги извршувл бесплатно. Како причина за оставките Мицковски ги навел различните политички, економски и енергетски концепти со оние што ги има новата влада.[8]

Политички ангажмани[уреди | уреди извор]

На изборите во 2008, 2014 и 2016 е дел од Републички изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ за изборната единица четири (ИЕ4).[4]

Од 2010 до 2012 Ко-претседател на комисијата за енергетика.[4]

Член е на Републичкиот изборен штаб на изборите во 2011 година.[4]

Во периодот 2015–2017 бил советник за енергетика на премиерите Никола Груевски и Емил Димитриев.[1]

Од април 2017 година претседател е на кадровата комисија на ВМРО-ДПМНЕ.[4]

Од јуни 2017 до декември истата година ја извршува функцијата генерален секретар на партијата.[1]

Непосредно пред локалните избори (на 5 декември 2017) се повлекува од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат на советник во Советот на Град Скопје.[9]

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ[уреди | уреди извор]

На 16-тиот вонреден конфрес на партијата, кој се одржал во Валандово, за Мицкоски гласале 376 делегати (од вкупно 438). По изборот Мицкоски ја дава следната изјава:

„Македонија мора да оди напред, да стане земја членка на ЕУ и НАТО, но потребна е реална волја, структурни и реални реформи, преку професионални кадри кои ќе го подобрат живеењето на граѓаните. Корупцијата, политичките притисоци, политичката одмазда…мора да стане минато. Македонија мора да има брз и ефикасен правосуден систем, а не уценет и зависен каков што е сега. Оние кои ја делат правдата мора да бидат независни и непристрасни. Мора да растат платите на граѓаните, клучот е во развојот на економијата.“[10]

Публикации[уреди | уреди извор]

  • Христијан Мицкоски, Иван Мицкоски, Статика – Интерна скрипта во електронска верзија во Power Point со ЦД - Скопје 2011[3]
  • Христијан Мицкоски, Иван Мицкоски, Кинематика – Интерна скрипта во електронска верзија во Power Point со ЦД - Скопје 2011[3]
  • Христијан Мицкоски, Иван Мицкоски, Динамика, осцилации и механизми – Интерна скрипта во електронска верзија во Power Point со ЦД - Скопје 2011[3]
  • Христијан Мицкоски, Иван Мицкоски, Проектирање на мехатронички системи – Интерна скрипта во електронска верзија во Power Point со ЦД - Скопје 2011[3]
  • Христијан Мицкоски, Иван Мицкоски, Мехатронички системи со повеќечлена структра – Интерна скрипта во електронска верзија во Power Point со ЦД - Скопје 2011[3]

Контроверзи[уреди | уреди извор]

Според новинската агенција Макфакс како студент бил Христијан Мицковски бил кандидат на Либерално-демократската партија за преа претседател на ССУКМ и жесток противник на тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ.[9] Ова информација била изнесена од дел од незадоволните членови на партијата кога во јули 2017 година бил избран за генерален секретар на партијата. Дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ обвиниле дека тој не бил член на партијата до 2010 година.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Кој е Христијан Мицкоски, новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ?“. Република. конс. 2017-12-23. 
  2. 2,0 2,1 „Нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ е Христијан Мицкоски, Груевски замина во историјата“. СДК. конс. 2017-12-23. 
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 MFS-Admin (22 јуни 2009). „Христијан Мицкоски, официјална страница на Машински Факултет“. Машински Факултет, Скопје. конс. 13 февруари 2019. 
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 ВМРО-ДПМНЕ. „Христијан Мицкоски - официјална страница на ВМРО-ДПМНЕ“. ВМРО-ДПМНЕ. конс. 13 февруари 2019. 
  5. 5,0 5,1 5,2 Христијан Мицкоски (22 јуни 2009). „Управување на манипулациони роботи со примена на fuzzy логика.“. Машински Факултет, Скопје. конс. 13 февруари 2019. 
  6. 6,0 6,1 „Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е Христијан Мицкоски, директор на ЕЛЕМ“. мкд.мк. 30 Јули 2017. конс. 13 февруари 2019. 
  7. 7,0 7,1 „Мицкоски разрешен, Миновски нов директор на ЕЛЕМ“. стандард.мк. 6 август 2017. конс. 13 февруари 2019. 
  8. 8,0 8,1 8,2 „Директорот на ЕЛЕМ, Мицковски се повлече од функцијата соработник на Владата“. mkd.mk. 7 јуни 2017. конс. 13 февруари 2019. 
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Габриела Димковиќ-Мишевска (5 декември 2017). „Христијан Мицкоски иден лидер на ВМРО-ДПМНЕ?!“. mkd.mk. конс. 13 февруари 2019. 
  10. 10,0 10,1 „Христијан Мицкоски е новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ“. NOVATV.mk. 23 декември 2017. конс. 13 февруари 2019. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Партиски функции
Претходник
Никола Груевски
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
2017–денес
Наследник
нема