Нова социјалдемократска партија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од НСДП)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нова социјалдемократска Партија
ВодачТито Петковски
Основананоември 2005
ШтабСкопје
Идеологијасоцијалдемократија
либерализам
Политичка положбаЛево крило
Меѓународна припадностнема
Европска припадностнема
Боисина, жолта
Мрежно место
http://www.nsdp.org.mk
Знаме
Nsdp zname.png
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Нова социјалдемократска партија (НСДП) е партија со социјалдемократска ориентација. Нејзин претседател е Тито Петковски, кој во ноември 2005 се отцепи од СДСМ[1][2].

Своето основачко собрание НСДП го одржа на 30 ноември, а основачкиот конгрес на 17 декември 2005.

Според Петковски НСДП ќе посвети посебно внимание на надминувањето на сиромаштијата во Република Македонија и на заштитата на правата на работниците. Како што тој истакна на Основачкиот конгрес: „Не смее да се случи во држава, која по својот Устав е социјална, правата на работниците да бидат во втор план, а на функционерите во прв.“

На парламентарните избори во 2006 година НСДП настапи самостојно, освојувајќи 6% од гласовите и 7 пратенички мандати, но по изборите влезе во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Од пратеничкиот состав на НСДП во текот на мандатот две пратенички, Јагнула Куновска и Мирјана Секуловска, преминаа во ВМРО-ДПМНЕ.

На предвремените парламентарни избори во 2008 година, НСДП настапи во коалиција со СДСМ, освојувајќи 3 мандати. Веднаш по изборите, поради незадоволство од напуштањето на коалицијата со ВМРО ДПМНЕ, партијата ја напуштија Лазар Еленовски, Веле Митановски, Вера Рафајловска и Живко Јанкуловски. Првите тројца ја формираа Социјалдемократската унија, а Јанкуловски - Партијата на обединетите демократи на Македонија.

НСДП настапи во коалицијата со СДСМ и на парламентарните избори во 2011 година, кога освои 4 мандати.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Светомир Шкариќ, „Уставно право“, Скопје, 2006.
  2. Gordana Siljanovska-Davkova, "Makedonske političke partije kroz prizmu ideologije", Beograd, 2007.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]