Српска странка во Македонија
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Српска странка во Македонија ССМ | |
---|---|
![]() Обележје на партијата | |
Водач | Мирослав Јовановиќ |
Основана | 12 март 2014 |
Штаб | Куманово, Република Македонија |
Бои | сина, бела, црвена |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Српска странка во Македонија (српски јазик: Српска странка у Македонији) — политичка партија на Србите во Македонија. Формирана е на 12 март 2014 година. Претседател на оваа партија е Мирослав Јовановиќ.
Историја[уреди | уреди извор]
По формирањето, ССМ стапува во коалиција со СДСМ на парламентарните избори во 2014 и 2016 година. На парламентарните избори во 2016 година, ССМ освојува едно пратеничко место.[1]
Обележје на партијата[уреди | уреди извор]
Обележјето на партијата е составено од народното знаме на Србија каде што во центарот се наоѓа малата верзија на грбот на Србија без круна. Во белото поле од знамето е испишано името на партијата.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Српска странка во Македонија, официјален веб портал на Собранието на Република Македонија