Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија
Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија | |
|---|---|
![]() | |
| Водач | Илија Николовски |
| Штаб | Скопје, Република Македонија |
| Идеологија | заштита на правата и потребите на пензионерите во Македонија |
| Собрание | 1 / 120 |
| Општини | 0 / 80 |
| Мрежно место | |
| www.obedinetipenzioneri.mk | |
| Политика на Република Македонија Политички партии Избори | |
Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) — политичка партија во Република Македонија. Партијата е во коалиција со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Водач на партијата е Илија Николовски. На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ и освоји 1 пратеничко место.
Цели на партијата
[уреди | уреди извор]Партијата се залага за заштита на правата и потребите на пензионерите во Република Македонија. Цел на дејствување на партијата се егзистенцијалните интереси и потреби на пензионерите, висината и редовноста на нивните пензии, усогласување со примањата на вработените, квалитетот на пензиското осигурување, системот на здравствено осигурување, социјалната заштита, пензионерските домови за сместување, клубовите за дружење и разонода и други прашања.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „За Нас | Партија на Обединети пензионери и граѓани на Македонија“. Архивирано од изворникот на 2016-10-28. Посетено на 2017-06-20.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија Архивирано на 29 мај 2017 г.
