Движење Беса
Движење Беса | |
|---|---|
| Водач | Биљал Касами |
| Основана | 22 ноември 2014 |
| Штаб | Скопје |
| Идеологија | социјален конзервативизам |
| Бои | бела, црвена, црна |
| Собрание | 3 / 120 |
| Општини | 5 / 80 |
| Мрежно место | |
| levizjabesa.mk | |
| Знаме | |
| Политика на Република Македонија Политички партии Избори | |
Движење Беса (албански: Lëvizja Besa) — политичка партија на Албанците во Македонија, основана на 22 ноември 2014 во Скопје.[1] Претседател на партијата е Биљал Касами. На парламентарните избори во 2016 година „Беса“ освоила пет пратеници, со што станала втора најголема албанска партија во Собранието.[2] На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ и освојила 4 пратенички мандати. Во парламентарните избори во 2024, партијата била дел од албанската коалицијата ВРЕДИ и освојила 3 пратенички мандати.
Финансиски извештаи
[уреди | уреди извор]Според завршната сметка за 2016 година, партијата остварила приходи од 58.500 евра (од кои, приходите од членарини и донации изнесувале 57.000 евра), нејзините расходи изнесувале 70.000 евра, додека имотот на партијата вредел 12.500 евра.[3]
Учество на избори
[уреди | уреди извор]| Година на избори | Водач | Број на гласови | % на гласови | Број на мандати | +/– | Влада |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 2016 | Биљал Касами | 57.868 | 5.01 | 5 / 120 |
▼ | Опозиција |
| 2020 | Коалиција со СДСМ | 35.89 | 4 / 120 |
▼ 1 | СДСМ-ДУИ, ДПА-Беса | |
| 2024 | 107.081 | 10.93 | 2 / 120 |
▼ 1 | ВМРО-ДПМНЕ, Беса-ЗНАМ |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место Архивирано на 25 декември 2017 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ БЕСА – нов политички субјект на Албаците во Македонија Архивирано на 24 јануари 2020 г. Нова ТВ (22 ноември 2014)
- ↑ Победата на ДУИ во сенка на БЕСА и СДСМ Призма.мк (13 декември 2016)
- ↑ Влатко Стојановски, „ВМРО-ДПМНЕ трупа недвижности, а ДУИ собира сè помалку донации!“, Фокус, број 1124, 21 април 2017, стр. 18-22.