Јагнула Куновска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јагнула Куновска (р. 1943 година, во Костур) — истакната македонска правничка, политичарка и уметник.

Биографија[уреди | уреди извор]

Родена е во грчкиот град Костур во 1943 година. Таа е внука на костурскиот војвода Никола Добролитски. Таа била евакуирана во градот Тетово во НР Македонија во 1948 година како една од многуте политички бегалци од Граѓанската војна во Грција. Завршила право на Скопскиот универзитет. Потоа работела како адвокат во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.[1][2]

Во 1990 година станала основач на македонската политичка партија Движење за семакедонска акција (МААК).[3] Таа била поддржувач на кандидатурата на Тито Петковски за Претседател на Република Македонија во 1999 година. Во 2006 година се кандидирала на изборите во скопскиот и кумановскиот регион како дел од Новата социјалдемократска партија.[4] Во 2006 година имало полемика меѓу Куновска и Владо Бучковски која вклучувало тврдења за бугаризација. Во 2007 година ја напуштила Новата социјалдемократска партија и станала член на водечката партија на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ[5] Во текот на 2008 година учествувала во пишувањето на списанието „Македонски духови конаци“.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Profile on the New Social Democratic Party website“. Архивирано од изворникот на 2007-06-13. Посетено на 2008-12-07.
  2. „Interview with Vreme newspaper“. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 2008-12-07.
  3. MILS NEWS 04/04/96
  4. „Macedonia's Parliamentary Elections: Key Data“. Архивирано од изворникот на 2021-11-16. Посетено на 2021-11-16.
  5. Јагнула Куновска премина во ВМРО-ДПМНЕ
  6. „Magazine – Portal on Macedonian“. Архивирано од изворникот на 2011-07-27. Посетено на 2008-12-11.