Вера Рафајловска
Вера Рафајловска (родена на 25 февруари 1947 година) — поранешен министер за економија од август 2006 до јануари 2008 година. Експерт е за даноци, сметководство, финансии и ревизија.
Дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот Свети Климент Охридски. До изборот за министер работи како директор-партнер, овластен ревизор и овластен проценител во Рафајловски консалтинг ДОО-Скопје, каде е и главен и одговорен уредник на Репрезент и Даночен практикум, списание за сметководство, финансии, ревизија и даноци.
Од 1991-1998 година била заменик директор и партнер во Центарот за економско-правен консалтинг В&Ф, Скопје, каде била главен и одговорен уредник на стручното списание Економско правен советник и работела како презентер на семинари. Во својата професионална кариера била заменик директор во Економски центар од Скопје и советник за економски прашања на генералниот директор во ЈП Комуналец.
Рафајловска е автор и соавтор на повеќе написи во стручни списанија и специјализирани изданија од областа на сметководството, даноците и од областа на практичната примена на меѓународните сметководствени стандарди.
Во моментов е претседател на Македонската асоцијација на сметководители и финансиери. Зборува француски, словенечки, српски, хрватски и бугарски јазик.
|