Љупчо Мешков
| Љупчо Мешков | |
|---|---|
| Министер за труд и социјална политика | |
| На должноста 28 август 2006 – 27 јули 2008 | |
| Премиер | Никола Груевски |
| Претходник | Стевче Јакимовски |
| Наследник | Џељаљ Бајрами |
| Пратеник во Собрание на Република Македонија | |
| На должноста 1994 – 1998 | |
| Претседател | Киро Глигоров |
| Премиер | Бранко Црвенковски |
| На должноста 2002 – 2008 | |
| Претседател | Бранко Црвенковски |
| Премиер | Бранко Црвенковски Владо Бучковски |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 1948 (воз. 77–78 г.) Скопје, НР Македонија, ФНРЈ |
| Националност | Македонец |
| Народност | Македонец |
| Партија | ЛПМ НЛП |
Љупчо Мешков (роден во 1948 година во Скопје) — македонски политичар.
Животопис
[уреди | уреди извор]Љупчо Мешков дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Професионалната кариера ја остварил во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, каде се вработил во 1973 година и извршувал повеќе раководни и советнички функции, со прекин од четири месеци, кога извршувал должност на секретар на Секретаријатот за организација и прописи во Собранието на Град Скопје.[1] Во периодот 2000-2002 година, тој бил генерален директор на Фондот. Освен тоа, Мешков бил и член на претседателството на Спортското друштво Вардар, во периодот од октомври 1993 до септември 1994 година.
На Парламентарните избори од 1994 година, 2002 и 2006 година бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на Либералната партија на Македонија[2].
Во периодот од 28 август 2006 до 27 јули 2008 година, тој ја извршувал функцијата Министер за труд и социјална политика на Република Македонија.
Наводи
[уреди | уреди извор]| Политички функции | ||
|---|---|---|
| Претходник Стевче Јакимовски |
Министер за труд и социјална политика 28 август 2006 - 27 јули 2008 |
Наследник Џељаљ Бајрами |
| |||||||||||||||||||||||||
