Аце Спасеновски
Ацо Спасеноски — поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, роден на 31 март 1969 во Кичево. Дипломирал на Земјоделскиот факултет во Скопје во 1994 година, на отстекот за сточарство. По дипломирањето до 1996 година поседувал сопствена млекарница. Работел во компании и на повеќе проекти како консултатнт за фармерство и земјоделство, а од 2002 година е директор на претпријатието Гаранти Фонд.
Спасеноски од 2001 година е претседател на НВО Центар за потикнување на развојот на мали и средни претпријатија. Во неговата биографија се наведува дека има изготвено над 280 бизнис планови, проекти, студии и спроведено семинари за потребите на Владата на РМ, меѓународни банки и за организации од сферата на земјоделството и воопшто од стопанството. Посетувал десетина обуки од странски и меѓународни експерти од областа на финансиска анализа на пазарот и работење на претпријатија Спасеноски е оженет и татко на три деца. Зборува руски и англиски јазик. Во периодот од 2010-2014 бил избран за вондреден и оплномоштен амбасадор на Македонија во Киев, Украина.
На 1 февруари 2019 година бил приведен во истрага поврзана со злоупотреби на земјоделска помош и издавање државно земјоделско земјиште, заедно со Михаил Цветков, Љупчо Димовски, Кристијан Делев. На 9ти Март 2022 година истрагата е затворена со објаснување дека во дејствијата преземени од нивна страна не се содржани елементи на кривично дело и се запира истражната постапка.
Претходник Садула Дураку |
Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија 2006 — 2009 |
Наследник Љупчо Димовски |
|