Зоран Коњановски
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Зоран Коњановски | |
|---|---|
| Министер за одбрана | |
| На должноста 28 јули 2008 – 28 јули 2011 | |
| Претседател | Никола Груевски |
| Претходник | Лазар Еленовски |
| Наследник | Фатмир Бесими |
| Министер за локална самоуправа | |
| На должноста 26 август 2006 – 1 јуни 2007 | |
| Претходник | Ризван Сулејмани |
| Наследник | Абдураман Мемети |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 3 март 1967 Битола, СР Македонија, СФРЈ |
| Националност | Македонец |
| Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
| Сопружник | Јасмина |
| Деца | Горазд и Дамјан |
| Вероисповед | Православен христијанин |
Зоран Коњановски — министер за одбрана на Република Македонија во периодот 2008–2011 и министер за локална самоуправа во периодот 2006–2007. Коњановски е роден на 3 март 1967 година во Битола. Активист на ВМРО-ДПМНЕ е од 1993 година. Извршувал повеќе функции во битолскиот општински комитет на партијата, а од 2005 е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Дипломирал на Машинскиот Факултет, Универзитет „Св. Климент Охридски“, Битола во 1992 година. Од јуни 1999 година до 2005 година е вработен во ЈП Стрежево - Битола како одговорен инженер за одржување на хидромеханичка опрема. Коњановски за претседател на Советот на општина Битола е избран во 2005 година и таа функција ја извршува до 2006 година, кога на Парламентарните избори е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија. Во периодот 2007 и 2008 година ја извршува функцијата Генерален директор на подружница РЕК Битола.
Зоран Коњановски учествувал на многубројни меѓународни и домашни конференции, форуми, семинари и обуки. Тој е оженет со Јасмина со која имаат две деца, Горазд и Дамјан.
| |||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||

