Љупчо Димовски
| Љупчо Димовски | |
|---|---|
| Димовски во 2024 година. | |
| Министер за политички систем | |
| На должноста | |
| Стапил/ -а 23 јуни 2024 | |
| Претседател | Гордана Сиљановска-Давкова |
| Премиер | Христијан Мицкоски |
| Пратеник во Собрание на Република Македонија | |
| На должноста 19 јуни 2014 – 23 јуни 2024 | |
| Претседател | Ѓорге Иванов Стево Пендаровски Гордана Сиљановска-Давкова |
| Премиер | Никола Груевски Зоран Заев Димитар Ковачевски Христијан Мицкоски |
| Министер за земјоделство | |
| На должноста 10 јули 2009 – 25 јуни 2014 | |
| Премиер | Никола Груевски |
| Претходник | Аце Спасеновски |
| Наследник | Михаил Цветков |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | Љупчо Димовски 9 април 1959 Титов Велес, НР Македонија, ФНРЈ |
| Националност | Македонец |
| Народност | Македонец |
| Партија | Социјалистичка партија на Македонија |
Љупчо Димовски (9 април 1959 во Велес) — македонски политичар, економист. Тој моментално ја извршува функцијата министер за политички систем и е водач на Социјалистичка партија на Македонија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Љупчо Димовски е роден на 9 април 1959 година во Велес. Неговата кариера опфаќа повеќе од три децении работа во различни области, вклучувајќи економија, финансии и јавна администрација.
Димовски стекнал високо образование на Факултетот за економски науки при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што специјализирал областа на меѓународните финансии, банкарство и финансиско-сметководствено работење.
Неговата професионална кариера започнала во 1987 година во „Технометал - Вардар” А.Д. – Скопје каде работи како комерцијален референт. Преку својата работа, тој брзо напреднал и станал помошник директор на Секторот за електротехнички стоки. Од 1998 до 2004 година, тој работел и како генерален директор на „Електронска индустрија - Скопје”. Од 2005 до 2008 година, тој бил генерален директор и на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило” – Скопје, каде што управувал со сите активности на претпријатието.
Неговата политичка кариера започнала во 2008 година, кога станал заменик министер за транспорт и врски. Во 2009 година, пак, тој бил назначен за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, позиција која ја извршувал до 2014 година.
Од 2014 година до 2024 година, Димовски бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Во 2024 година Љупчо Димовски бил избран за вицепремиер и министер за политички систем.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]
| |||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||
