Влада на Македонија од 2011

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Групен портрет на Владата на РМ

На Парламентарните избори одржани на 5 јуни 2011, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, а нејзиниот лидер Никола Груевски доби мандат за создавање на нова влада од Претседателот Ѓорге Иванов. Новата влада е изгласана во Собранието на Република Македонија на 28 јули 2011.

Состав на владата[уреди | уреди извор]

Составот на Владата од 2011 година е следниов:[1]

Реконструкција на владата[уреди | уреди извор]

Во 2013 година се извршени две реконструкции на влада, во февруари и во мај. На 18 февруари Фатмир Бесими е избран за нов министер без ресор кој ќе биде задолжен за евроинтеграциите на местото на Теута Арифи, а на неговото место, како министер за одбрана дојде Талат Џафери. Тахир Хани стана нов министер за локална самоуправа на местото на Невзат Бејта.[2]

По оваа реконструкција на министри од редовите на ДУИ, во мај беше направена реконструкција на министрите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. На 29 мај Спиро Ристовски, дотогашниот министер за труд и социјална политика е избран за министер за образование и наука на местото на Панче Кралев, а на неговото место, како нов министер за труд и социјална политика е избран Диме Спасов. За нов министер без ресор е избран Џери Наумоф.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]