Прејди на содржината

Никола Тодоров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Тодоров
Тодоров во 2016 година
Министер за образование и наука
На должноста
10 јули 2009  28 јули 2011
Премиер Никола Груевски
Претходник Перо Стојановски
Наследник Панче Кралев
Министер за здравство
На должноста
28 јули 2011  1 јуни 2017
Премиер Никола Груевски
Емил Димитриев
Претходник Бујар Османи
Наследник Арбен Таравари
Лични податоци
Роден(а) 7 јануари 1979(1979-01-07)(47 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Установа Правен факултет
Професија правник

Никола Тодоров (Скопје, 7 јануари 1979 ) — македонски политичар, дипломат и адвокат.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Во периодот од 1994 до 1997 година Никола Тодоровв учел на правната насока во СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ во Скопје.[1] Во 2002 година дипломирал на правниот факултет во Скопје, насока „Граѓанско право“. Покрај македонскиот одлично зборува и англиски, додека грчкиот го владее на почетно ниво.

Никола Тодоров во периодот од 10 јули 2009 до 28 јули 2011 година, тој ја извршувал функцијата министер за образование и наука,[2] додека во периодот од 28 јули 2011 до 1 јуни 2017 година ја извршувал функцијата министер за здравство.

По Парламентарните избори од 2016 година, Тодоров бил избран за пратеник во Собранието на Македонија, но од таа функција се откажал со образложение дека сака да се посвети на адвокатурата.[3]

Тодоров во годините си заработил непопуларно име со кое многу често го опишувале оние кои не биле задоволни од неговата работа - „Министерот за смрт“.

Смртта на деветгодишната Тамара Димовска од Велес, која имала искривување на рбетот, бил еден од кобните случаи кои како виновник му се припишувани на Тодоров. Битката за спас на девојчето со надлежните установи траела цели три месеци, за тоа дали нејзиниот зафат од 30.000 ќе го плати Фондот за здравствено осигурување. Но, Тамара не издржала во правната процедура и чекајќи потпис од лекарите. За оваа голгота на семејството и смртта на Тамара, имало протести против Тодоров, а опозицијата му поднела интерпелација. Сепак, Тодоров преживеал и со помош на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, тој останал министер.

Тој бил вклучен во скандалот со тендерот за набавка на ренген и дигитални апарати во вредност од 1 милион евра, што го добила фирмата Визарис МКД, поврзана со новинарката од Сител, Ивона Талевска. Откако СДСМ ја обелодениле оваа афера, договорот бил раскинат, а Тодоров се правдал дека постапката за набавка на опремата била законска и „малку неетична“.[4]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-03-18. Посетено на 2013-03-31.
  2. Богдановска Билјана (12 јули 2009 11:23:14). „Новиот министер за прими должноста“. Форум. Посетено на 2009-11-05. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. http://www.24vesti.mk
  4. „ДОСИЕ Никола Тодоров: Несуден хирург, адвокат во најава - чуму?!“. Фактор Портал. Посетено на 2022-12-08.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Политички функции
Претходник
Перо Стојановски
Министер за образование и наука
2009-2011
Наследник
Панче Кралев
Претходник
Бујар Османи
Министер за здравство
2011–2017
Наследник
Арбен Таравари