Теута Арифи
Теута Арифи | |
---|---|
![]() | |
Градоначалник на Општина Тетово | |
На должноста 2013 – во служба | |
Претходник | Сади Беџети |
Наследник | - |
Министер за евроинтеграции | |
На должноста 28 јули 2011 – 18 февруари 2013 | |
Претседател | Никола Груевски |
Претходник | Васко Наумовски |
Наследник | Фатмир Бесими |
Лични податоци | |
Роден(а) | 19 октомври 1969 Тетово, СФРЈ денес Република Македонија |
Националност | Албанка |
Партија | ДУИ |
Установа | Универзитет во Приштана |
Професија | Доктор по филолошки науки |
Вероисповед | Ислам |
Теута Арифи (албански: Teuta Arifi, Тетово, 19 октомври 1969) — македонска политичарка, универзитетски професор и пратеник.[1]
Животопис[уреди | уреди извор]
Арифи е родена во Тетово на 19 октомври 1969 година. Основното и средното образование ги завршила во Тетово. Дипломирала на Групата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Приштина. Магистрирала на Филозофскиот факултет во Скопје. Докторирала на тема „Ликот на жената во албанската книжевност“ на Филолошкиот факултет во Скопје. Работела како доцент по предметот Албанска книжевност на Катедрата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Еден период работела како новинар-дописник на Дојче веле. Ангажирана е како професор по Албанска книжевност на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Таа е потпретседателка на ДУИ и пратеник во Собранието на Македонија.
По парламентарните избори во 2011 година била поставена за министер за евроинтеграции. На 15 февруари 2013 година поднела оставка од оваа позиција поради својата кандидатура за градоначалник на Општина Тетово.[2] На локалните избори 2013 година го победила својот против-кандидат од редовите на ДПА, Сади Беџети со 6.100 гласови разлика.[3]
Библиографија[уреди | уреди извор]
- Gjeografia ime (Мојата географија), поезија, 1996;
- Егзистенцијален феминизам, 1997;
- Жената во современите трендови во Македонија, студии, 1997;
- Седум магични денови, раскази, 1998.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Теута Арифи“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2009-10-30.
- ↑ „Теута Арифи си поднесе оставка - ќе се трка за Тетово“. Дневник. 15 февруари 2013. Посетено на 24 мај 2013.
- ↑ „ДУИ: Теута Арифи нова градоначалничка на Тетово“. Сител. 7 април 2013. Посетено на 24 мај 2013.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Теута Арифи - Поранешен Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања
- Интервју на вицепремиерката Теута Арифи за Радио Слободна Европа
|