Абдилаќим Адеми

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Абдилаќим Адеми
Министер за животна средина и просторно планирање
На должноста
28 јули 2011 – 20 јуни 2014
Премиер Никола Груевски
Претходник Неџати Јакупи
Наследник Нурхан Изаири
Министер за образование и наука
На должноста
20 јуни 2014 – 5 април 2016
Премиер Никола Груевски
Емил Димитриев
Претходник Спиро Ристовски
Наследник Пиштар Лутфиу
Лични податоци
Роден(а) 20 декември 1969
Шемшево, Тетовско, Македонија Македонија
Националност Албанец
Партија ДУИ

Абдилаќим Адеми (албански: Abdilaqim Ademi; Шемшево, тетовско 20 декември 1969) — македонски политичар, член на ДУИ, потпретседател за спроведување на Рамковниот договор во Владата на Македонија од 2008 година[1], Министер за животна средина и просторно планирање во периодот од 28 јули 2011 до 20 јуни 2014 година и Министер за образование и наука во периодот од 20 јуни 2014 до 16 јануари 2016 година.

Биографија[уреди | уреди извор]

Адеми е роден на 20 декември 1969 година во тетовското село Шемшево.Во 1996 година дипломирал на Политехничкиот факултет во Тирана, Албанија како инженер по металургија. Во Германија на Техничкиот Универзитет во Фрајбург стекнал обука во Институтот за градежни и стаклени материјали. Завршил и школа за млади политичари и обука за креирање политик. Од 2002 до 2006 бил пратеник во Собранието на Македонија[2] каде бил член на комисијата за Економски прашања, за финансирање и буџет, за транспор, врски и екологија и комитетот за односи меѓу заедниците. Од 2006 до 2007 бил член на Бордот на Директори во АД „ГА-МА“ во Скопје. Во периодот 2004-2006 бил асистент во Државниот Универзитет во Тетово каде предавал во предметот Анализа на градежни материјали. Член е на ДУИ од основањето во Централниот Одбор и претседател на Огранокот на ДУИ за општина Јегуновце. Женет е и татко е на еден син. Освен македонскиот и албанскиот, Адеми се служи и со италијанскиот јазик.


Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Политички функции
Претходник
Неџати Јакупи
Министер за животна средина и просторно планирање
28 јули 2011 - 20 јуни 2014
Наследник
Нурхан Изаири
Претходник
Спиро Ристовски
Министер за образование и наука
20 јуни 2014 - 5 април 2016
Наследник
Пиштар Лутфиу