Фросина Ременски
Фросина Ташевска Ременски | |
---|---|
Министер за труд и социјална политика | |
На должноста 12 ноември 2015 – 29 декември 2016 | |
Претседател | Ѓорге Иванов |
Премиер | Емил Димитриев |
Претходник | Диме Спасов |
Наследник | Ибрахим Ибрахими |
Потпретседател на СДСМ | |
На должноста | |
Стапил 2 јуни 2013 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 22 февруари 1977 Крива Паланка |
Партија | СДСМ |
Занимање | политичар |
Вероисповед | православна |
Македонец |
Фросина Ташевска Ременски (22 февруари 1977 во Крива Паланка) — македонски политичар и поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија. На оваа функцијата стапила на 12 ноември 2015 година, по договорот од Пржино.[1] Во 2019 била обвинета за организирање криминал во соработка со Бојан Јовановски и неговата невладина организација, постапка покрената од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал.[2]
Животопис[уреди | уреди извор]
Ременски е родена е на 22 февруари 1977 година во Крива Паланка. Дипломирала на институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје каде магистрирала и докторирала, а од 2012 година работела на втора докторска дисертација од областа на безбедноста. Работела како професор во средно училиште и асистент на институтот за социологија, од октомври 2004 година до јуни 2007 година и како асистент на полициската академија во Скопје, а од ноември 2012 година била избрана за вонреден професор на Факултетот за безбедност.
Добитник е и на државната награда „Гоце Делчев“ во 2008 година за посебен придонес во науката од интерес за Македонија,[3] а автор е и на повеќе од 70 научни и стручни трудови од областа на истражувачкиот интерес објавени во домашни и странски научни списанија. Во 2009 година е избрана за член на советот за безбедност и НАТО интеграции на СДСМ. Во 2013 година е избрана за потпретседател на централниот одбор на СДСМ. Сопруга е и мајка на две малолетни деца.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Фросина Ташевска Ременски ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика
- ↑ Ременски и Јовановски на увид во доказниот материјал, Дојче Веле.
- ↑ За монографијата „Македонското национално малцинство во соседните земји: Современи состојби“
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Диме Спасов |
Министер за труд и социјална политика 12 ноември 2015 - 18 мај 2016 |
Наследник Ибрахим Ибрахими |