Агим Нухиу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Агим Нухиу
Министер за внатрешни работи
На должноста
29 декември 2016 – 1 јуни 2017
Претседател Ѓорге Иванов
Премиер Емил Димитриев
Претходник Оливер Спасовски
Наследник Оливер Спасовски
Лични податоци
Роден(а) 24 август 1977(1977-08-24)(46 г.)
Слатино (Тетовско), СФРЈ
Партија ДУИ
Вероисповед муслиман
Етнички Албанец

Агим Нухиу (24 август 1977 во Слатино) — министер за внатрешни работи во периодот 2016–2017.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Агим Нухиу е роден на 24 август 1977 година во тетовското село Слатино. Во 2001 година дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово. Од 2005 до 2007 година предавал граѓанско право на Универзитетот во Тирана, а од 2001 до 2008 година истото и на Приштинскиот универзитет. Во 2013 година ја одбранил дисертацијата по право на универзитетот во Тирана. Помеѓу 2002 и 2004 година бил член на Сенатот на Универзитетот во Тетово. Потоа станал потпретседател на Одборот на директори на Институтот за заштита на здравјето во Тетово (2002 - 2007), член на комисијата за правни и законски прашања на Општина Теарце (2002 - 2008), декан на истражувањата на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово, вршител на должноста декан на Правниот факултет (2009 - 2010), член на Надзорниот одбор за спроведување на Охридскиот рамковен договор (2011), декан на научниот дел на Правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово (2015). Уредник е на Меѓународното научно списание за правни прашања ‘‘Ulpianus‘‘, Здружение на Правници Албанци во Македонија, 2002;

Од 29 декември 2016 до 1 јуни 2017 бил министер за внатрешни работи, станувајќи првиот Албанец кој стапил на таа должност.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [мртва врска] Груби: Нухиу ќе биде министер на МВР до формирањето на нова влада, 12.12.2016, Дневник

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
Оливер Спасовски
Министер за внатрешни работи на Македонија
2016–2017
Наследник
Оливер Спасовски