Неждет Мустафа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Неждет Мустафа (ромски: Neždet Mustafa; 17 мај 1962 во Скопје) — македонски политичар од ромско потекло, министер без ресор во периодот 2008–2017 и лидер на Обединета партија за еманципација на Ромите (ОПЕР).

Биографија[уреди | уреди извор]

Мустафа е роден во Скопје на 17 мај 1962. Завршил филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Од 1991 до 1994 година работи како уредник во ромската редакција во Македонската Радио Телевизија. Градоначалник е на општина Шуто Оризари во два мандати (1996-2000 и 2000-2002). Во Собранието на Македонија учествува во два пратенички мандати (2002-2006 и 2006-2008).[1] Од 2008 до 2017 година Мустава е министер без ресор во Владата на Македонија.[2] Мустафа во 1991 година е основач на првата ромска партија ПЦЕР, која подоцна се обединува со ДППР и станува Обединета партија за еманципација. Од 2004 до денес е генерален секретар на Ромскиот европски форум при советот на Европа во Стразбур. Неждет Мустафа е оженет и родител на три деца. Живее во Скопје.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „НЕЖДЕТ МУСТАФА“ (на македонски). Собрание на Република Македонија. http://www.sobranie.mk/default.asp?ItemID=8CA6F674CD6D734BAF02303A7DAD349E. посет. 8 април 2010 г. 
  2. „НЕЖДЕТ МУСТАФА - МИНИСТЕР БЕЗ РЕСОР“. Влада на Република Македонија. http://vlada.mk/?q=node/830. посет. 8 април 2010 г.