Елизабета Канческа Милевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Елизабета Канческа Милевска
Reeker i Kančeska.jpg
Министер за култура
На должноста
26 јули 2008 – 1 јуни 2017
Премиер Никола Груевски
Емил Димитриев
Претходник Арифхикмет Џемаили
Наследник Роберт Алаѓозовски
Лични податоци
Роден(а) 30 јуни 1970
Велес, СР Македонија
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ

Елизабета Канческа Милевска (30 јуни 1970 во Велес) — македонски политичар и министер за култура во периодот 2008–2017.[1]

Биографија

Канческа-Милевска, претседателот Ѓорѓе Иванов, и американскиот амбасадор Филип Рикер во посета на Охрид (2009)

Канческа-Милевска е родена 1970 година во Велес. Во 1989 година го завршува средното образование во гимназијата „Јосип Броз Тито” – Скопје, културолошка насока. Во 1993 година дипломира на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, група социологија.

Во 2005-та магистрира на постдипломските „Европски студии за интеграција и комуникации” на филозофскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, на тема „Општествената заштита на културното наследство во контекст на културната политика на РМ и процесот на интегрирање во ЕУ“ и се здобива со звањето магистер по „Европски студии за интеграција и комуникации“. Во февруари 2012 година докторира на Филозофскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на темата „Европскиот културен модел и културно-интеграциската политика на Република Македонија“.

Наводи

Политички функции
Претходник
Арифхикмет Џемаили
Министер за култура
2008-2017
Наследник
Роберт Алаѓозовски