Веле Самак — министер без ресор на Република Македонија во периодот 2006–2017, задолжен за привлекување странски инвестиции. Дипломирал на студии по економија на Универзитетот во Чикаго. Магистрирал од областа на бизнис администрацијата на Вартон школата при Универзитетот Пенсилванија.
Иако до сега бил во составот на сите влади на Никола Груевски, во целиот период на неговото министерување почнувајќи од Септември 2006, не донел ниту еден странски инвеститор. Таквиот неуспех го оправдува со светската економска криза но ветува дека во скоро време во индустриската зона Жабени ќе се градела фабрика за кабли за автомобилската индустрија. Преговорите ги водел една година од Јуни 2010 до Јуни 2011.
Во првиот владин кабинет дојде од Корпорацијата Мајкрософт. Претходно работел како потпретседател на Global Quantative Research Group (GQRG), високо рангирана групација со приход од 120 милиони американски долари, каде употребува истражување и технологија со цел да овозможи решенија за инвестициски стратегии на инвеститорите. Во неговата биографија стои дека е единствен аналитичар кој бил унапреден во заменик-претседател по 1,5 година. Оценет со највисока оценка во сите годишни прегледи. Секретар е на Здружението за македонско-американско пријателство. Зборува англиски, српско-хрватски и германски јазик.