Влада на Македонија од 2008

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Владата на Македонија од 2008 година е избрана по победата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на Парламентарните избори одржани на 1 јуни 2008 година. Мандат за создавање на нова влада од Претседателот Бранко Црвенковски доби лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и дотогашен премиер, Никола Груевски. Новата влада е изгласана во Собранието на Република Македонија на 26 јули. За новата влада гласаа пратениците од коалицијата „За подобра Македонија“, сочинета од ВМРО-ДПМНЕ, СПМ и останатите коалициони партнери. Албански партнер во власта беше ДУИ. Коалицијата СОНЦЕ, предводена од СДСМ, заедно со останатите опозициони партии и ДПА, ја бојкотираа седницата за избор на нова влада.[1]

Оваа влада беше реконструирана во јули 2009 година, а нејзиниот мандат траеше до одржувањето на парламентарните избори од 2011 година, на кои повторно победи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Состав на владата[уреди | уреди извор]

Министри во оваа влада се:[2]

Реконструкција на владата од 2009[уреди | уреди извор]

Една година по изборот на Владата, на 11 јули 2009 година, е извршена нејзина реконструкција. При реконструкција на Владата, дотогашниот заменик премиер Зоран Ставрески ја презеде и функцијата министер за финансии на местото на Трајко Славевски. Владимир Пешевски е избран за нов потпретседател на Владата за економија, а Васко Наумовски е избран за нов потпретседател за евроинтеграции на местото на Ивица Боцевски. Љупчо Димовски е избран за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, а Никола Тодоров за нов министер за образование и наука.[3][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]