Џељаљ Бајрами

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џељаљ Бајрами
Министер за труд и социјална политика
На должноста
27 јули 2008 – 28 јули 2011
Премиер Никола Груевски
Претходник Љупчо Мешков
Наследник Спиро Ристовски
Лични податоци
Роден(а) 17 ноември 1973
Куманово, СР Македонија
Националност Албанец
Партија ДУИ

Џељаљ Бајрами (17 ноември 1973 во Куманово) — македонски политичар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Џељаљ Бајрами дипломирал на Правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово во 2002 година. Од 2002 до 2005 година волонтирал во Основниот суд во Куманово, од 2005 до 2006 година бил професор во Средното економско училиште „Перо Наков“ во Куманово. Од 2006 до 2007 година работел во централата на Јавното претпријатие „Македонија пат“ во Скопје, а од потоа и како адвокат. Потоа бил Министер за труд и социјална политика во периодот 27 јули 2008 до 28 јули 2011 година, како и заменик министер за внатрешни работи.

Политички функции
Претходник
Љупчо Мешков
Министер за труд и социјална политика
27 јули 2008 - 28 јули 2011
Наследник
Спиро Ристовски