Антонијо Милошоски
Антонијо Милошоски | |
---|---|
![]() | |
Министер за надворешни работи на Македонија | |
На должноста 26 август 2006 – 28 јули 2011 | |
Премиер | Никола Груевски |
Претходник | Илинка Митрева |
Наследник | Никола Попоски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 29 јануари 1976 Тетово, СФРЈ денес Република Македонија |
Националност | Македонец |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Професија | политиколог |
Вероисповед | православие |
Антонијо Милошоски (р. 29 јануари 1976) — македонски политичар, член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен Министер за надворешни работи на Република Македонија. Активно се служи со англиски и германски јазик.
Во 1994 година Милошоски матурира во гимназијата „М. Милевски”, Кичево, а во 1999 дипломира на Правниот факултет во Скопје. Во периодот 2001 - 2002 година завршува магистерски студии по евроинтеграции на Универзитетот „Fridrich Wilhelm”, Бон, Германија. Од ноември 2002 година е докторант на политички науки на универзитетот „Gerhard Merkator” во Дујсбург, Германија, каде работеше како научен соработник до 2006 г., кога прво беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, а потоа и за Министер за надворешни работи на Република Македонија.
Во периодот 1999–2000 г. е шеф на кабинетот на потпретседателот на Владата на Република Македонија, Доста Димовска. Во периодот од мај 2000 до септември 2001 г. е портпарол на Владата на Република Македонија. Од 2004 до 2006 г. е редовен колумнист во дневниот весник „Утрински весник”, а претходно, во периодот јануари - мај 2000 г., пишува колумни во весникот „Дневник”.
Бил потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, 1997-98, и член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ 1995-97 г. Од 2005 година е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Антонијо Милошоски е еден од основачите на „Младинскиот евроатлантски форум” – МЕАФ. Член е на „Sudosteuropa Geselshaft”, германско академско здружение, кое се занимава политичко-економските случувања во југоисточна Европа.
Од 2006 г. е Министер за надворешни работи на Република Македонија. По Парламентарните избори во 2011 г. изјавил дека се повлекува од местото министер за надворешни работи[1].
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Милошоски се повлекува од функцијата“. Посетено на 2011-06-30.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Илинка Митрева |
Министер за надворешни работи на Македонија 2006-2011 |
Наследник Никола Попоски |
|
|
- Родени во 1976 година
- Луѓе од Тетово
- Македонски политичари
- Политичари од ВМРО-ДПМНЕ
- Министри за надворешни работи на Македонија
- Состав на Владата на Република Македонија од 2006
- Состав на Владата на Република Македонија од 2008
- Пратенички состав 2011-2014
- Пратенички состав 2014-2016
- Пратенички состав 2016-2020
- Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“