Македонски парламентарни избори, 2011

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Македонија
Flag of Macedonia.svg

Оваа статија е дел од серијалот:
Политика на Македонија






други земји
 Портал „Политика“
Билборд на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржаа на 5 јуни 2011 година.[1] Тие беа втори предвремени парламентарни избори од независноста на Македонија и втори предвремени парламентарни избори во низа.

На изборите победи коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, која по изборите формира нова коалициона влада.

Учесници на изборите[уреди]

На изборите се поднесени и прифатени 18 кандидатски листи, сите од политички партии и коалиции. Севкупно, на изборите учествуваат 53 партии. Од нив, 16 настапуваат самостојно, а 37 во коалициите предводени од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Изборен ден[уреди]

Гласачко место 1975 во општина Тетово, 10 случаи на семејно гласање при што се искористени 21 гласачко ливче. Гласачко место 0823 во општина Зајас, тројца гласачи гласале без соодветна документација. Гласачко место 0816 општина Зајас, забележано е повеќекратно гласање во име на друг.

Резултати[уреди]

Партија/Коалиција Лого Број на гласови  % на гласови Пратеници +/- (во споредба со пред распуштањето)
ВМРО-ДПМНЕ, Социјалистичка партија на Македонија, Демократски сојуз, Демократска обнова на Македонија, Демократска партија на Турците на Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија, Обединета партија за еманципација, Партија на правдата, Странка на демократска акција на Македонија, Партија на Власите од Македонија, Партија за интеграција на Ромите, Бошњачка демократска партија, Демократски сили на Ромите, Трајно македонско радикално обединување, Нова либерална партија, Народно движење за Македонија, ВМРО-ДП, ВМРО-Об, Татковинска македонска организација за радикална обнова - Вардар - Егеј - Пирин, Македонска алијанса, ВМРО - Македонска ВМРО-ДПМНЕ-Лого.svg 438.138 38,98 56 7
Социјалдемократски сојуз на Македонија, Нова социјалдемократска партија, Партија за европска иднина, Либерална партија на Македонија, Движење за национално единство на Турците, Српска напредна странка во Македонија, Партија за целосна еманципација на Ромите, Нова алтернатива, Сојуз на Титови леви сили, Партија за движење на Турците во Македонија, Демократски сојуз на Србите во Македонија, Демократски сојуз на Власите од Македонија, Партија на слободни демократи, Партија на пензионерите на Република Македонија и Санџачка лига Logo of the SDUM.jpg 368.496 32,78 42 18
Демократска унија за интеграција BDI.jpg 115.092 10,24 15 3
Демократска партија на Албанците Logo pdsh.jpg 66.315 5,90 8 1
Национална Демократска Преродба RDK logo.jpg 29.996 2,67 2 2
Внатрешна македонска револуционерна организација - Народна партија Vmronp.jpg 28.217 2,51 0 0
Нова Демократија Demokracia e Re logo.jpg 19.958 1,78 0 4
Обединети за Македонија Обединети за Македонија грб.jpg 17.081 1,52 0 0
Либерално-демократска партија LDP logo.jpg 16.551 1,47 0 4
Достоинство Dostoinstvo-flag.png 8.837 0,79 0 0
Демократска унија на Албанците BDSH logo.jpg 4.517 0,40 0 0
Партија на обединети демократи на Македонија Podem logo.jpg 4.395 0,39 0 0
Социјалдемократска унија Sdu zname.jpg 2.270 0,20 0 0
Социјалдемократска партија на Македонија SDPM.png 1.807 0,16 0 0
Демократска десница Demokratska Desnica.jpg 1.517 0,13 0 0
Национална демократска унија BDK1.jpg 470 0,04 0 0
Партија за демократски просперитет Pdp logo.jpg 277 0,02 0 0
Европска партија на Македонија LogoEPM.gif 130 0,01 0 0
Вкупно 1.124.064 100 123 3

Освоени мандати по политички партии[уреди]

Иако мандати на изборите добија само 5 политички субјекти (две изборни коалиции и три политички партии), поради големината на коалициите предводени од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, во Собранието на Република Македонија свои пратеници добија 19 партии, а два пратеници влегоа во Собранието како независни. Од 19-те политички партии кои влегоа во Собранието, 11 добија по 1 пратеник.

Распределбата на мандатите по партии е следната:[2]

Партија/коалиција Мандати +/-
Коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ ВМРО ДПМНЕ 47 6
Социјалистичка партија на Македонија 3
Демократски сојуз 1
Демократска обнова на Македонија 1
Странка на демократска акција на Македонија 1
Демократска Партија на Турците на Македонија 1
Демократска Партија на Србите во Македонија 1
ВМРО - Македонска 1
Коалиција предводена од СДСМ Социјалдемократски сојуз на Македонија 29 11
Нова социјалдемократска партија 4 1
Партија за европска иднина 3 2
Либерална партија на Македонија 1
Движење за национално единство на Турците во Македонија 1 1
Партија за целосна еманципација на Ромите 1 1
Српска напредна странка во Македонија 1 1
Независни пратеници 2 2
Демократска унија за интеграција Демократска унија за интеграција 14 4
Демократска лига на Бошњаците во Република Македонија 1 1
Демократска партија на Албанците 8 3
Национална демократска преродба 2 2
Вкупно 123 3

Освоени мандати по изборни единици[уреди]

Партија/коалиција ИЕ 1 ИЕ 2 ИЕ 3 ИЕ 4 ИЕ 5 ИЕ 6 ИЕ 7 ИЕ 8 ИЕ 9 Вкупно
Коалиција ВМРО ДПМНЕ 9 9 12 11 9 3 1 1 1 56
Коалиција СДСМ 8 7 8 9 8 2 0 0 0 42
ДУИ 2 3 0 0 2 8 0 0 0 15
ДПА 1 1 0 0 1 5 0 0 0 8
НДП 0 0 0 0 0 2 0 0 0 2
Вкупно 20 20 20 20 20 20 1 1 1 123

Реакции[уреди]

Генералната оценка на некои од невладините организации кои го набљудувале гласањето била дека изборниот процес поминал мирно и демократски. Американскиот амбасадор Филип Рикер и евроамбасадорот Петер Соренсен за време на гласањето изјавиле дека од тоа што можеле да го видат на терен изборите се одвивале во најдобар ред.

Околу 60 граѓани пријавиле нерегуларности за време на изборниот ден до канцеларијата на Народниот правобранител. Најголем дел од поплаките се од граѓани кои не можеле да го најдат избирачкото место, но имало и пријави за притисоци и заплашувања.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]