Изборна единица 7

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Изборната единица 7 е изборна единица при парламентарни избори во Република Македонија во која е овозможено да гласа македонската дијаспора. Од оваа изборна единица се избираат тројца пратеници за Собранието на Република Македонија, под услов да биде освоен одреден минимум на гласови. Преструктуирањето на Изборната единица 7 е извршено со измените на Изборниот законик во ноември 2015 година.

Претходно, Изборната единица 7 беше една од трите изборни единици во кои ја претставуваат македонската дијаспора. Таа ги опфаќаше македонските државјани од Европа и Африка и од неа се избираше еден пратеник за Собранието на Република Македонија. Заедно со останатите две изборни единици што ја претставуваат дијаспората, беше воведена со измените на Изборниот законик во октомври 2008 година.

Изборни места[уреди | уреди извор]

Во 2011 година во оваа изборна единица биле предвидени 28 изборни места. Од нив 27 биле во Европа, ниту едно во Африка, а едно во Азија (Анкара).

На изборите во 2014 година беа предвидени 27 изборни места. За разлика од 2011, не беа предвидени изборни места во Атина, Будимпешта и Мадрид, а беа воведени изборни места во Тирана и во Осло.

Вкупен број регистрирани гласачи[уреди | уреди извор]

Регистрирани гласачи за изборите во 2011 година беа 4.591,[1] а за изборите во 2014 година - 18.911.[2] Вкупниот број на Македонци во оваа изборна единица се проценува дека се движи од 300.000 до 500.000.[се бара извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]