Македонски парламентарни избори (2014)
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Резултати од изборите по изборни единици ВМРО-ДПМНЕ СДСМ ДУИ ДПА ГРОМ НДП | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Оваа статија е дел од темата |
Политиката на Македонија |
---|
Портал: „Политика“ |
Предвремени парламентарни избори во 2014 година — избори одржани на 27 април 2014 година. Тие се одржаа истовремено со вториот круг на редовните Претседателски избори. Тие беа трети предвремени парламентарни избори од независноста на Македонија и трети предвремени парламентарни избори во низа.
Изборите беа распишани на 6 март 2014 година.[1] Беа поднесени и прифатени 14 кандидатски листи, сите од политички партии и коалиции. Севкупно, на изборите учествуваа 51 партија. Од нив, 9 настапија самостојно, а 42 во некоја од коалициите. Во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ зедоа учество 23 партии, речиси половина од вкупниот број партии кои учествуваа на овие избори.
На изборите победи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата предводена од СДСМ ги оцени изборите за нерегуларни и одлучи да го бојкотира Собранието. На 19 јуни 2014 година Собранието ја изгласа новата влада, која повторно е коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и на чие чело повторно застана Никола Груевски.
По 15-месечен бојкот на 1 септември 2015 година опозицијата предводена од СДСМ се врати во Собранието.[2]
Изборен модел
[уреди | уреди извор]Парламентот се избира со мандат од четири години. Од вкупно 123 избрани пратеници, 120 се избираат според пропорционалниот модел во 6 изборни единици. Останатите тројца пратеници се избираат според мнозинскиот модел во еден изборен круг и тоа по еден пратеник од три изборни единици во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија.
Учесници на изборите
[уреди | уреди извор]На изборите учествувале 4 коалиции, а самостојно учествувале 11 партии. Самостојно и во коалиција вкупно учествувале 46 партии.
- СДСМ и Нова социјалдемократска партија, Либерално-демократска партија, Обединети за Македонија, Партија за движење на Турците во Македонија, Партија за целосна еманципација на Ромите, Српска странка во Македонија, Демократски сојуз на Власите во Македонија, Санџачка лига
- Демократска партија на Албанците
- Коалиција Достоинство за Македонија (Достоинство и МОРО - Работничка партија)
- Демократска унија за интеграција
- ВМРО-ДПМНЕ и Социјалистичка партија на Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија, Партија на правдата, Странка на демократска акција на Македонија, Партија на Власите од Македонија, Партија за интеграција на Ромите, Работничко-земјоделска партија на Република Македонија, Трајно македонско радикално обединување, Нова либерална партија, Партија на обединети демократи на Македонија, Татковинска македонска организација за радикална обнова - Вардар - Егеј - Пирин, Македонска алијанса, Демократска партија на Турците на Македонија, ВМРО-ДП, Демократски сојуз, Демократска обнова на Македонија, Демократски сили на Ромите, Демократска бошњачка партија, Обединета партија за еднаквост на Ромите, Демократска партија на Ромите, Социјалдемократска унија, Роми обединети од Македонија
- Национална демократска преродба
- Народно движење за Македонија
- ГРОМ
- Коалиција за позитивна Македонија (ПОПГМ и Алијанса за позитивна Македонија)
- ВМРО - Народна партија
- Социјалдемократска партија на Македонија
- Партија за економски промени 21
- Партија за демократски просперитет
- Партија за европска иднина
Резултати
[уреди | уреди извор]Партија | Гласови | % | +/− | Мандати | +/− | |
---|---|---|---|---|---|---|
ВМРО-ДПМНЕ | 481,615 | 42.97 | +3.99 | 61 | +5 | |
СДСМ | 283,955 | 25.34 | -7.44 | 34 | -8 | |
ДУИ | 153,646 | 13.71 | +3.47 | 19 | +4 | |
ДПА | 66,393 | 5.92 | +0.02 | 7 | -1 | |
ГРОМ | 31,610 | 2.82 | Нова | 1 | +1 | |
НДП | 17,783 | 1.59 | −1.08 | 1 | −1 | |
ВМРО-НП | 16,772 | 1.50 | -1,01 | 0 | – | |
КПМ | 10,566 | 0.94 | Нова | 0 | – | |
ДМ | 9,265 | 0.83 | +0,04 | 0 | – | |
СДПМ | 4,700 | 0.42 | +0,26 | 0 | – | |
ПЕИ | 3,194 | 0.28 | Нова | 0 | – | |
НДМ | 1,925 | 0.17 | Нова | 0 | – | |
ПЕП 21 | 1,281 | 0.11 | Нова | 0 | – | |
ПДП | 385 | 0.03 | +0,01 | 0 | – | |
Вкупно важечки гласови | 1,083,090 | 96.64 | 123 | |||
Неважечки гласови | 37,654 | 3.35 | ||||
Вкупно | 1,120,744 | 100 | ||||
Регистрирани гласачи & излезност | 1,780,128 | 62.96 | -0.52 | |||
Извор: ДИК |
Освоени мандати по политички партии
[уреди | уреди извор]Иако мандати на изборите добија само 6 политички субјекти (три изборни коалиции и три политички партии), поради големината на коалициите предводени од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, во Собранието на Република Македонија свои пратеници добија 15 партии. Од 15-те политички партии кои влегоа во Собранието, 8 добија по 1 пратеник.
61 | 19 | 34 | 7 | 1 | 1 |
ВМРО-ДПМНЕ и други | ДУИ | СДСМ и други | ДПА | ГРОМ | НДП |
Распределбата на мандатите по партии е следната:[3]
Партија/коалиција | Мандати | +/- | |
---|---|---|---|
Коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ | ВМРО ДПМНЕ | 52 | ▲5 |
Социјалистичка партија на Македонија | 3 | ▬ | |
Демократски сојуз | 1 | ▬ | |
Демократска обнова на Македонија | 1 | ▬ | |
Странка на демократска акција на Македонија | 1 | ▬ | |
Демократска партија на Турците на Македонија | 1 | ▬ | |
Демократска партија на Србите во Македонија | 1 | ▬ | |
Сојуз на Ромите од Македонија | 1 | ▬ | |
Коалиција предводена од СДСМ | Социјалдемократски сојуз на Македонија | 27 | ▼2 |
Нова социјалдемократска партија | 3 | ▼1 | |
Либерално-демократска партија | 3 | ▲3 | |
Партија на движење на Турците | 1 | ▲1 | |
Демократска унија за интеграција | 19 | ▲4 | |
Демократска партија на Албанците | 7 | ▼1 | |
Граѓанска опција за Македонија | 1 | ▲1 | |
Национална демократска преродба | 1 | ▼1 | |
Вкупно | 123 | ▲3 |
Две пратенички од СДСМ беа исклучени од партијата и продолжија да бидат независни пратенички. А пратеничката на НДП стана членка на ДУИ.[4]
Резултати по изборни единици
[уреди | уреди извор]Изборна единица | ВМРО-ДПМНЕ | СДСМ | ДУИ | ДПА | ГРОМ | НДП | ||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Гласови | % | Гласови | % | Гласови | % | Гласови | % | Гласови | % | Гласови | % | |||||||||||||
ИЕ 1 | 73,554 | 37.88% | 58,091 | 29.92% | 26,657 | 13.73% | 11,631 | 5.99% | 8,725 | 4.49% | 726 | 0.37% | ||||||||||||
ИЕ 2 | 74,649 | 40.53% | 40,603 | 22.05% | 32,061 | 17.41% | 13,764 | 7.47% | 5,503 | 2.99% | 4,518 | 2.45% | ||||||||||||
ИЕ 3 | 112,176 | 56.41% | 57,088 | 28.71% | 3,516 | 1.77% | 1,070 | 0.54% | 5,169 | 2.60% | ||||||||||||||
ИЕ 4 | 109,809 | 53.46% | 70,004 | 34.08% | 1,387 | 0.68% | 8,428 | 4.10% | ||||||||||||||||
ИЕ 5 | 78,953 | 45.01% | 45,370 | 25.87% | 23,876 | 13.61% | 5,219 | 2.98% | 3,024 | 1.72% | 2,366 | 1.35% | ||||||||||||
ИЕ 6 | 25,911 | 17.13% | 12,142 | 8.03% | 62,848 | 41.54% | 34,600 | 22.87% | 761 | 0.50% | 9,745 | 6.44% | ||||||||||||
ИЕ 7 | 4,512 | 52.38% | 521 | 6.05% | 2,822 | 32.76% | 104 | 1.21% | 428 | 4.97% | ||||||||||||||
ИЕ 8 | 1,170 | 63.41% | 90 | 4.88% | 475 | 25.75% | 5 | 0.27% | ||||||||||||||||
ИЕ 9 | 881 | 89.71% | 46 | 4.68% | 4 | 0.41% | ||||||||||||||||||
Вкупно | 481,615 | 42.97 | 283,955 | 25.34 | 153,646 | 13.71 | 66,393 | 5.92 | 31,610 | 2.82 | 17,783 | 1.59 | ||||||||||||
Извор: ДИК |
Распределба на мандатите
[уреди | уреди извор]Изборна единица | ВМРО-ДПМНЕ | СДСМ | ДУИ | ДПА | ГРОМ | НДП | Вкупно | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
ИЕ 1 | 8 | 7 | 3 | 1 | 1 | 0 | 20 | ||||
ИЕ 2 | 10 | 5 | 4 | 1 | 0 | 0 | 20 | ||||
ИЕ 3 | 13 | 7 | 0 | 0 | 0 | 0 | 20 | ||||
ИЕ 4 | 12 | 8 | 0 | 0 | 0 | 0 | 20 | ||||
ИЕ 5 | 11 | 6 | 3 | 0 | 0 | 0 | 20 | ||||
ИЕ 6 | 4 | 1 | 9 | 5 | 0 | 1 | 20 | ||||
ИЕ 7 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | ||||
ИЕ 8 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | ||||
ИЕ 9 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | ||||
Вкупно | 61 | 34 | 19 | 7 | 1 | 1 | 123 | ||||
Извор: ДИК[5] |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Вељаноски ги распиша парламентарните избори“ Архивирано на 10 март 2016 г., ТВ Алфа
- ↑ „СДСМ се врати во пратеничките клупи“, „Фактор“
- ↑ Собрание на Република Македонија, Пратенички состав 2014-2018
- ↑ „Асани го заборави Руфи Османи и првото кафе го испи во ДУИ“ Архивирано на 1 април 2016 г., „Дневник“
- ↑ https://drive.google.com/file/d/1d_ByEudB7wgYvRnJRyOD67_TXGRJud7V/view
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Државна изборна комисија: Предвремени парламентарни избори 2014
- Собрание на Република Македонија, Избори 2014
- Изборна архива за парламентарните избори 2014
|