Референдум во Општина Босилово (2017)
| ||
Дали сте за или против отворање на рудникот за бакар и злато Иловица? Дали сте за или против отворање на рудници за металични минерални суровини во општината? | ||
Location | Општина Босилово |
---|
Референдум во Општина Босилово (2017) — референдум на локално ниво кој се одржал во Општина Босилово на 3 септември 2017 година.[1]. Жителите на Општина Богданци се изјаснувале по две референдумски прашања, дали се за или против отворање на рудникот за бакар и злато Иловица и дали се за или против отворање на рудници за металични минерални суровини во општината.
Овој референдум бил неуспешен поради тоа што не гласале повеќе од половина од вкупниот број на регистрирани гласачи, односно, на референдумот излегле 32,5% од регистрираните гласачи или 3.992-ца.[2]
Кампањата за овој референдум била во организација на граѓанската иницијатива „Спас за струмичката котлина – Стоп за рудникот Иловица“[3]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Референдум во Босилово за рудникот Иловица, телевизија Телма, 03.09.2017
- ↑ Не успеа референдумот во Босилово[мртва врска], телевизија Канал 5, 04.09.2017
- ↑ Општина Босилово ќе одржи Седница во врска со одржување на референдум против изградба на рудникот „Иловица“, гласник.мк, 20.07.2017
|