Национална демократска преродба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национална демократска преродба
ВодачВесел Мемеди
Основана27 Март 2011
Распуштена20 Ноември 2016
Припоена конАлијанса за Албанците
ШтабСкопје, Република Македонија
Идеологијаконзервативна
Боибела, црвена и црна
Мрежно место
www.rdk.org.mk
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Национална демократска преродба (НДП) (албански: Rilindja Demokratike Kombëtare, RDK) — политичка партија на етничките Албанци во Република Македонија, основана на 27 март 2011 година.[1] На Парламентарните избори во 2011 година освоила 29.996 гласа (2,67 %) и 2 мандати, со што била во опозиција. Парламентарните избори во 2014 година освоила 17.783 гласа (1.59 %) и 1 мандат. На Парламентарните избори во 2016 крилото на Фадил Зендели настапило во коалиција со Движење Беса, а крилото предводено од Весел Мемеди влегло во коалицијата Алијанса за Албанците. Парламентарните избори во 2020 година партијата не учествувала.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „„Руфи Османи основа партија". Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2012-07-17.