Алијанса за позитивна Македонија
Алијанса за позитивна Македонија (АПМ) | |
---|---|
![]() | |
Водач | Рубин Земон[1] |
Основач | Владо Бучковски |
Основана | 2014 |
Штаб | Скопје, Република Македонија |
Идеологија | социјалдемократија |
Политичка положба | Лево крило |
Бои | црна, бела, виолетова |
Мрежно место | |
www.pozitivnamk.org | |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Алијанса за позитивна Македонија (АПМ) — македонска политичка партија. Основач на партијата е поранешниот премиер на Македонија, Владо Бучковски.
Историја[уреди | уреди извор]
Партијата своите почетоци ги забележува како граѓанска организација која што на 1 март 2014 година, преку собирање потписи на 1200 поддржувачи е одлучено да стане партија.[2]
Учество на избори[уреди | уреди извор]
Прво учество на партијата е на парламентартните избори во 2014 година, каде што ја предводи коалицијата „Коалиција за позитивна Македонија“ заедно со Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ). На овие избори Коалицијата за позитивна Македонија освоила 10.566 гласови или 0,94% и не успеала да освои пратеничко место.[3]
На парламентарните избори во 2016 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ.
На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ.