Партија за целосна еманципација на Ромите
Партија за целосна еманципација на Ромите | |
|---|---|
| Водач | Самка Ибраимовски |
| Основана | 12 август 1990 |
| Штаб | Скопје |
| Бои | сина, зелена, црвена |
| Мрежно место | |
| pcer.org.mk | |
| Политика на Република Македонија Политички партии Избори | |
Партија за целосна еманципација на Ромите — политичка партија која ги претставува Ромите во Македонија. Партијата е основана на 12 август 1990 од страна на Фаик Абди. По парламентарните избори во 1990, Абди станал првиот пратеник од ромска националност во македонското Собрание. Во периодот помеѓу 1994 и 1998 година, ПЦЕР имала двајца пратеници: Фаик Абди и Амди Бајрам. Партијата во периодот 1998–2011 дејствувала вонпарламентарно, сѐ до влегувањето на Самка Ибраимовски во Собранието како дел од коалицијата предводена од СДСМ. Ибраимовски е трет и актуелен претседател на партијата. Дел од членството на ПЦЕР во 2016, предводено од генералниот секретар Мемедов, ја напуштило партијата за да влезе во коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.[1] На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Самка Ибраимовски останува без партија Сител (10 ноември 2016)