Македонска обновителна реформска опција - Работничка партија
Македонска обновителна реформска опција - Работничка партија | |
---|---|
Водач | Горан Зафировски[1] |
Основана | 2014 |
Штаб | Скопје |
Идеологија | центар |
Бои | црвена и жолта |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Македонска обновителна реформска опција - Работничка партија (МОРО-РП), основана во 2014 година како Македонска обновителна реформска опција - Централно демократска унија (МОРО-ЦДУ) — македонска политичка партија.
Учество на избори
[уреди | уреди извор]Партијата учествувала на два парламентарни изборни циклуси и тоа во 2014 и 2016 година. Двете учества на избори, МОРО-РП ги остварило преку учество во коалиции.
На парламентарните избори во 2014 година, МОРО-РП се приклучила на коалицијата „Достоинство за Македонија“ заедно со партијата Достоинство. Коалицијата освоила 9.265 гласови или 0,8% од вкупниот број на гласови. На парламентарните избори во 2016 година партијата била дел од коалицијата „Коалиција за промени и правда - Трет блок“ заедно со Демократски сојуз, ДЕМОС и ФРОДЕМ. Коалицијата на овие избори освоила 10.028 гласови или 0,8% од вкупниот број на гласови. Партијата не освоила пратенички места на овие избори.
На парламентарните избори во 2020 година, партијата за прв пат учествувала самостојно и освоила околу 3.245 гласови или 0.36% од гласовите. Партијата не освоила пратенички мандат.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Павле Трајанов во ИЕ 1, Кекеновски во ИЕ 2, Слободан Богоески во ИЕ 4, НоваТВ, 10.11.2016