Македонски претседателски избори (2024)
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Оваа статија е дел од темата |
| Политиката на Македонија |
|---|
|
|
Македонски претседателски избори (2024) — седми по ред претседателски избори во Македонија. Претседателските избори кои се одржале на 24 април, и 8 мај, 2024 година истовремено со парламентарните избори.[1] Гласачите избирале претседател со мандат од пет години. Актуелниот претседател Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, се кандидирал за реизбор. Неговиот противкандидат на претходните избори во 2019 година, професорката Гордана Сиљановска-Давкова, повторно се кандидирала за позицијата претседател. Ова бил првиот претседателски реванш во македонската историја, а Стево Пендаровски станал прв кој се кандидрал за претседател на три последователни изборни циклуси (изборите во 2014 и 2019). Заедно со претседателските избори во 2019 година, на овие избори имало најголем број на кандидати во првиот круг, вкупно седум.
ЕУ интеграциите, надворешната политика, Францускиот предлог и уставните измени, владеењето на правото, одбраната и безбедноста на државата, како и изборот на претседател да се одвива во Собранието се очекува да бидат водечки теми во кампањата.
По убедлива победа со освоени 561.000 гласови, победила професорката Гордана Сиљановска-Давкова и станала шести претседател во историјата на Република Македонија.
Вовед
[уреди | уреди извор]На претседателските избори во 2019 година победил Стево Пендаровски, кандидат на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Тесно водејќи во првиот круг додека во вториот ја победил кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова со повеќе од 53 отсто од гласовите. Кампањата била обележана со потпишувањето на оспорениот Преспанскиот договор неколку месеци порано, одобрен на неуспешниот референдум во 2018 година. Потпишан од владата предводена од СДСМ, договорот бил силно оспоруван од ВМРО-ДПМНЕ, при што Гордана Сиљановска-Давкова за време на кампањите ветила дека ќе распише референдум за враќање на името „Македонија“.[2] Со победата на Стево Пендаровски се ратификувала промената на името и имплементацијата на договорот, што и овозможило на владата на премиерот Зоран Заев да ја внесе земјата во НАТО на 27 март 2020 година и да го обнови процесот на пристапувањето во Европската унија.[3][4]
На Македонските парламентарни избори во 2020 година победила коалицијата „Можеме“, составена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Движењето Беса. Ова било првпат од 2002 година СДСМ да излезе на врвот на ваков тип на избори. Овој настап сепак бил оквалификуван како тесна победа поради малата разлика во гласови и местата што ја делеле коалицијата од таа на „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Бидејќи ниту една партија немала апсолутно мнозинство, требало да се преговара за формирање на коалициска влада. Демократската унија за интеграција, која се наоѓала на третото место, се нашла на позицијата на креатор на владата, а со тоа туркала да го потврди своето барање во кампањата за добивање на функцијата претседател на владата или „Албанец премиер“, нешто што и Зоран Заев и Христијан Мицкоски го оцениле како неприфатливо.[5]
По тешкиот пораз на Социјалдемократскиот сојуз на локалните избори, на 31 октомври 2021 година, Зоран Заев најавил намера да поднесе оставка од раководството на партијата и владата. Една недела подоцна, лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски најавил дека ќе поднесе предлог за гласање на недоверба со поддршка на Движењето Беса, досега член на парламентарното мнозинство, но не успеал со еден глас на гласањето во 11-ти ноември.[6]
На 6 декември, Зоран Заев склучил договор со албанската Алтернатива за замена на Беса во парламентарното мнозинство, со што обезбедил стабилност на владината коалиција. Димитар Ковачевски бил избран во декември за претседател на СДСМ со комфорно мнозинство, а на 29 декември му бил доверен мандатот за состав на нова влада откако Заев и формално поднел оставка.[7]
Тој ја презентирал својата програма и неговиот тим пред пратениците на 16 јануари 2022 година, кои му ја дале довербата со 62 гласа „за“.
На 28 јануари 2024 година, Талат Џафери станал технички претседател на владата на Македонија, првиот албанец во земјата што стигнал до таа функција. Тој бил избран од Собранието со 65 гласа за, 3 против и ниту еден воздржан. Џафери бил на чело на техничка влада која ја водел за сто дена, до парламентарните избори на 8 мај.[8]
Изборен систем
[уреди | уреди извор]Според македонските закони, кандидатот за претседател можел да победи во прв круг доколку освоел над 50% од гласовите на сите регистрирани гласачи во избирачкиот список. Доколку ова не се случи, се одржува втор круг на избори, во кој се натпреваруваат двата кандидати со најмногу гласови од првиот круг. Одзивот во вториот круг треба да биде над 40% за гласањето да се смета за важечко.[9]
Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.[9]
Според Уставот, претседателскиот кандидат треба да има над 40 години и да биде жител на државата најмалку 10 од последните 15 години. Еден мандат на претседателот трае 5 години, а најмногу еден претседател може да биде на должноста два мандати.[9]
Карактеристично за овие избори е што тие наместо во недела, се спроведиле во среда, ден што Владата го прогласил како неработен. Исто така, овие избори се поклопиле со изборите за пратеници, а идентификацијата на гласачите повторно била со апарати за биометриска идентификација.[10]
За изборите за претседател во Избирачкиот список биле запишани 1.814.317 избирачи. Дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштените лица гласале ден пред изборите односно во вторник на 23 април.
Во дијаспората се спровело гласање во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии во Абу Даби, Белград, Берлин, Берн, Бон, Брисел, Вашингтон, Венеција, Виена, Детроит, Загреб, Канбера, Копенхаген, Лондон, Љубљана, Минхен, Мелбурн, Њујорк, Осло, Париз, Прага, Рим, Стокхолм, Торонто, Хаг, Чикаго, Анкара, Варшава, Мадрид, Пекинг и Софија.
Кандидати
[уреди | уреди извор]Кандидат за претседател на Републиката можат да предложат најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеници.
ВМРО-ДПМНЕ на партиската конвенција во Скопје за свој претседателски кандидат ја избрале професорката Гордана Сиљановска-Давкова. Таа ја добила довербата на 444 од присутните 448 делегати, друг кандидат немало. Сиљановска-Давкова била кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и на претходните избори во 2019 година. СДСМ на свој конгрес ја потврдиле кандидатурата за втор мандат за претседател на Стево Пендаровски.
Кандидати во прв круг
[уреди | уреди извор]| Кандидат, години, политичка партија | Поддржан од | Бр. | Политички позиции | Објавена кандидатура | Начин на кандидатура | |||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Стево Пендаровски (62) | СДСМ | 1 |
|
28 февруари[11] | 10.000 потписи | |||
| ЛДП | ||||||||
| ДОМ | ||||||||
| НСДП | ||||||||
| ПДТ | ||||||||
| ВМРО-НП | ||||||||
| ПОПГМ | ||||||||
| СРМ | ||||||||
| Гордана Сиљановска-Давкова (72) | ВМРО-ДПМНЕ | 2 |
|
22 февруари[11] | 30 пратеници | |||
| СПМ | ||||||||
| Стевчо Јакимовски (65) | ГРОМ | 3 |
|
21 февруари[12] | 10.000 потписи | |||
| Интегра | ||||||||
| Бујар Османи (46) | ДУИ | 4 |
|
22 февруари[13] | 10.000 потписи | |||
| Билјана Ванковска (66) | Левица | 5 |
|
7 февруари[14] | 10.000 потписи | |||
| Арбен Таравари (52) | АА | 6 |
|
15 февруари[15] | 10.000 потписи | |||
| Беса | ||||||||
| Алтернатива | ||||||||
| Демократско движење | ||||||||
| Максим Димитриевски (50) | ЗНАМ | 7 |
|
22 февруари[16] | 10.000 потписи | |||
Кандидати кои не успеале да ги соберат потребните потписи
[уреди | уреди извор]| Кандидат | Партија/Коалиција | Објавена кандидатура | Собрани потписи | |
|---|---|---|---|---|
| Вело Марковски | Независен[б 1] | 19 октомври 2023[17] | 1.668 | |
| Господин Попоски | Независен | 15 февруари | 147 | |
| Ѓорѓи Манасков | Независен[б 2] | 16 февруари | 496 | |
| Мерсиха Смаиловиќ | Бошњачки демократски сојуз | 21 февруари[18] | 3.246 | |
| Зорица Цветковска | Десна | 24 февруари | 293 | |
| Гоце Ристов | Независен | 4 март | 6 | |
| Драган Николовски | Независен | 6 март | 8 | |
Кандидати кои се повлекле од претседателската трка
[уреди | уреди извор]| Кандидат | Партија/Коалиција | Објавена кандидатура | Повлечена кандидатура | Собрани потписи[19] | |
|---|---|---|---|---|---|
| Томе Николоски | Независен | 22 февруари | 23 февруари | 0 | |
Партиски гесла
[уреди | уреди извор]
| Кандидат | Гесло | |
|---|---|---|
| Стево Пендаровски | „Нашиот претседател Стево“ | |
| Гордана Сиљановска-Давкова | „Македонија повторно горда“ | |
| Стевчо Јакимовски | „Храбро за Македонија“ | |
| Бујар Османи | „Искуство, искреност и посветеност“ | |
| Билјана Ванковска | „Го враќаме достоинството на нацијата“ | |
| Арбен Таравари | „Промената е важна“ | |
| Максим Димитриевски | „Максимум за Македонија“ | |
Дебати
[уреди | уреди извор]| Претседателски избори (прв круг) | ||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Датум | Организатор | Канал | Видео запис | П Присутен O Поканет, но отсутен НП Непоканет | ||||||
| 4 април | Клик плус | ТВ 21 | врска | НП | НП | НП | П | НП | П | НП |
| 21 април | 360 степени | МРТ | врска | П | П | П | П | П | П | П |
| Претседателски избори (втор круг) | ||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Датум | Организатор | Канал | Видео запис | П Присутен O Поканет, но отсутен НП Непоканет | ||||||
| 30 април | Клик плус | ТВ 21 | врска | П | П | |||||
| 1 мај | Топ Тема | Телма | врска | П | П | |||||
| 2 мај | МРТ 1 | МРТ 1 | врска | О | П | |||||
| 6 мај | Само вистина | Канал 5 | прв дел втор дел |
П | П | |||||
Интервјуа и емисии
[уреди | уреди извор]| Претседателски избори (2024) | ||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Датум | Организатор | Канал | Видео запис | П Присутен O Поканет, но отсутен НП Непоканет | ||||||
| 4 март | Лазаров | Лазаров | врска | ПН | П | ПН | ПН | ПН | ПН | ПН |
| 18 март | Мој став | ЕМ Телевизија | врска | НП | НП | П | НП | НП | НП | НП |
| 18 март | Лазаров | Лазаров | врска | НП | НП | П | НП | НП | НП | НП |
| 22 март | Мој став | ЕМ Телевизија | врска | НП | НП | НП | НП | НП | НП | П |
| 4 април | МИА | МИА | врска | НП | НП | П | НП | НП | НП | НП |
| 5 април | МИА | МИА | врска | НП | НП | НП | П | НП | НП | НП |
| 6 април | МИА | МИА | врска | НП | НП | НП | НП | НП | НП | П |
| 6 април | МИА | МИА | врска | НП | НП | НП | НП | НП | П | НП |
| 8 април | МИА | МИА | врска | НП | НП | НП | НП | П | НП | НП |
| 8 април | Ја сакам Македонија | Сител | врска | НП | П | НП | НП | П | НП | НП |
| 8 април | Клик плус | ТВ 21 | врска | П | НП | НП | НП | НП | НП | НП |
| 8 април | Аргумент плус | Телевизија 24 | врска | НП | НП | НП | НП | НП | НП | П |
| 8 април | Топ тема | Телма | врска | НП | НП | НП | НП | П | НП | НП |
| 8 април | 360 степени | МРТ | врска | НП | НП | НП | НП | НП | П | НП |
| 8 април | 360 степени | МРТ | врска | НП | НП | НП | П | НП | НП | НП |
| 9 април | МИА | МИА | врска | П | НП | НП | НП | НП | НП | НП |
| 9 април | Топ тема | Телма | врска | НП | НП | НП | НП | НП | П | НП |
| 10 април | Топ тема | Телма | врска | НП | НП | П | НП | НП | НП | НП |
| 10 април | Ја сакам Македонија | Сител | врска | НП | НП | НП | НП | НП | НП | П |
| 10 април | Зум анализа | Телевизија M | врска | НП | НП | НП | НП | НП | НП | П |
| 10 април | Клик плус | ТВ 21 | врска | НП | НП | НП | НП | НП | НП | П |
| 11 април | Топ тема | Телма | врска | НП | НП | НП | НП | НП | НП | П |
| 11 април | Само интервју | Канал 5 | врска | НП | НП | НП | НП | НП | П | НП |
| 11 април | Алсат | Алсат | врска | П | НП | НП | НП | НП | НП | НП |
| 11 април | Аргумент плус | Телевизија 24 | врска | НП | НП | НП | НП | П | НП | НП |
| 12 април | Инфомакс | Инфомакс | врска | НП | НП | П | НП | НП | НП | НП |
| 12 април | МИА | МИА | врска | НП | П | НП | НП | НП | НП | НП |
| 15 април | 360 степени | МРТ | врска | НП | НП | НП | НП | П | НП | НП |
| 15 април | Аргумент плус | Телевизија 24 | врска | НП | НП | П | НП | НП | НП | НП |
| 15 април | 360 степени | МРТ | врска | НП | НП | П | НП | НП | НП | НП |
| 17 април | Зум | ТВМ2 | врска | НП | НП | НП | НП | НП | НП | П |
| 17 април | Топ тема | Телма | врска | П | НП | НП | НП | НП | НП | НП |
| 17 април | Радио Лидер | Радио Лидер | врска | НП | НП | П | НП | НП | НП | НП |
| 19 април | Радио Лидер | Радио Лидер | врска | НП | НП | НП | НП | НП | НП | П |
| 22 април | Инфомакс | Инфомакс | врска | НП | НП | П | НП | НП | НП | НП |
| 22 април | Само интервју | Канал 5 | дел 1 дел 2 |
П | НП | НП | НП | НП | НП | НП |
| 22 април | Само интервју | Канал 5 | дел 1 дел 2 |
НП | П | НП | НП | НП | НП | НП |
| 22 април | Аргумент плус | Телевизија 24 | врска | НП | НП | НП | НП | НП | П | НП |
| 25 април | Радио Лидер | Радио Лидер | врска | НП | П | НП | НП | НП | НП | НП |
| 25 април | Заспиј ако можеш | Телевизија Алфа | врска | НП | П | НП | НП | НП | НП | НП |
Митинзи и средби со граѓани
[уреди | уреди извор]Актуелниот претседател Стево Пендаровски и професорката Гордана Сиљановска-Давкова своите програми ги претставиле на поголеми митинзи и средби со граѓани во големите градови и центри на општини, додека другите кандидати тоа го правеле на помали настани и средби, учествувале на отворени дискусии, конвенции, семинари и оддржувале голем број на прес-конференции. Кандидатите од албанската националност своите средби ги воделе најчесто во општините и населени места со значително албанско население.
Прв круг
[уреди | уреди извор]| Кандидат | Стево Пендаровски | Гордана Сиљановска-Давкова | Стевчо Јакимовски | Бујар Османи |
|---|---|---|---|---|
| Датум | Локација | Локација | Локација | Локација |
| 4 април | Кривогаштани, Крушево, Прилеп | Скопје | Тетово | Липково |
| 5 април | Пробиштип, Штип | Вевчани, Струга, Ресен | Гостивар, Кичево | Студеничани, Шуто Оризари |
| 6 април | Македонски Брод, Кичево | Демир Капија, Неготино, Кавадарци | Крушево | Брвеница, Боговиње, Гостивар |
| 7 април | Белчишта, Вевчани, Струга, Охрид | Зрновци, Виница, Кочани | Ѓорче Петров | Скопје, Теарце, Шемшево |
| 8 април | Кисела Вода, Аеродром | Новаци, Демир Хисар, Битола | Кичево | Шуто Оризари |
| 9 април | Македонска Каменица, Пехчево, Берово, Делчево | Теарце, Јегуновце, Брвеница, Ѓорче Петров, Куманово | Неготино, Кавадарци, Прилеп | Чаир |
| 10 април | Демир Капија, Градско, Росоман, Неготино, Кавадарци | Босилово, Василево, Радовиш, Струмица | — | — |
| 11 април | Дојран, Богданци, Валандово, Гевгелија | Долнени, Македонски Брод, Кичево | — | Радовиш, Штип |
| 12 април | Илинден, Петровец, Карпош, Центар | Дебар, Гостивар, Тетово | Карпош | Скопје |
| 13 април | Желино, Јегуновце, Теарце, Брвеница, Тетово | Зелениково, Бутел, Карпош | Крива Паланка | Охрид |
| 14 април | Старо Нагоричане, Кратово, Ранковце, Крива Паланка, Куманово | Петровец, Центар, Кисела Вода | Прилеп | Долнени, Крушево |
| 15 април | Сарај, Чаир, Ѓорче Петров, Гази Баба | Кривогаштани, Крушево, Прилеп | — | Дебар, Центар Жупа |
| 16 април | Чашка, Свети Николе, Велес | Дојран, Валандово, Гевгелија | Скопје | Дебар |
| 17 април | Дебар, Ростуше, Гостивар | Чашка, Свети Николе, Велес | Струга, Охрид, Битола | Пласница, Кичево |
| 18 април | Чешиново-Облешево, Виница, Кочани | Охрид | Гевгелија, Ново Село, Струмица | Скопје, Куманово |
| 19 април | Чучер-Сандево, Шуто Оризари, Бутел | Ранковце, Кратово, Крива Паланка | Скопје | Врапчиште |
| 20 април | Ново Село, Босилово, Василево, Радовиш, Струмица | Македонска Каменица, Пехчево, Берово, Делчево | Карпош | Тетово |
| 21 април | Скопје | Сарај, Чаир, Аеродром, Гази Баба | Скопје | Скопје |
| 22 април | Демир Хисар, Ресен, Битола | Лозово, Карбинци, Пробиштип, Штип | Ѓорче Петров, Карпош | Чаир |
| 23 април | Изборен молк | |||
| 24 април | Изборен ден (прв круг) | |||
| Кандидат | Билјана Ванковска | Арбен Таравари | Максим Димитриевски |
|---|---|---|---|
| Датум | Локација | Локација | Локација |
| 4 април | Струмица | Дебар | Крушево |
| 5 април | Штип | Берово, Делчево, Македонска Каменица, Виница, Кочани | |
| 6 април | Прилеп, Демир Хисар | Скопје, Куманово | Валандово, Богданци, Дојран, Гевгелија |
| 7 април | Волково, Тетово | Тетово, Попова Шапка | Вевчани, Струга, Охрид |
| 8 април | Богданци, Гевгелија | Тетово | Охрид, Дебрца, Велмеј, Лешани |
| 9 април | Гази Баба | Скопје | Јегуновце, Брвеница, Теарце, Тетово |
| 10 април | Карпош, Лисиче | — | Лозово, Свети Николе, Штип |
| 11 април | Гази Баба, Куманово | Чаир | — |
| 12 април | — | Чаир, Тетово | Демир Капија, Неготино, Росоман, Кавадарци |
| 13 април | Струга, Охрид | Сарај, Куманово | Кичево, Демир Хисар, Кривогаштани, Прилеп |
| 14 април | Кавадарци | — | Скопје |
| 15 април | Центар, Кисела Вода | Велес, Желино | Скопје, Гостивар |
| 16 април | Виница, Кочани | Струга, Дебар | Скопје |
| 17 април | — | Чаир, Липково | Чучер-Сандево, Бутел |
| 18 април | Велес | Скопје, Струга | Куманово |
| 19 април | Берово | Берлин (Германија) | Велес, Скопје |
| 20 април | Битола | Цирих (Швајцарија) | Ресен, Новаци, Могила, Битола |
| 21 април | Скопје | Приштина (Косово), Гостивар | Илинден |
| 22 април | Кичево, Гостивар | Скопје | Радовиш, Василево, Ново Село, Босилово, Струмица |
| 23 април | Изборен молк | ||
| 24 април | Изборен ден (прв круг) | ||
Втор круг
[уреди | уреди извор]| Кандидат | Стево Пендаровски | Гордана Сиљановска-Давкова |
|---|---|---|
| Датум | Локација | Локација |
| 25 април | — | |
| 26 април | Крушево | Крушево, Кривогаштани |
| 27 април | Пештани, Охрид | Маврово и Ростуше, Дебар, Вевчани |
| 28 април | Велебрдо, Маврово и Ростуше | Могила, Демир Хисар |
| 29 април | Желино, Тетово | Јегуновце, Куманово |
| 30 април | Арачиново, Куманово | Кавадарци, Струмица |
| 1 мај | Студеничани, Штип | Ново Село |
| 2 мај | Центар | Велес |
| 3 мај | — | |
| 4 мај | Гостивар | Валандово |
| 5 мај | Струга | Скопје |
| 6 мај | Центар | Скопје, Прилеп |
| 7 мај | Изборен молк | |
| 8 мај | Изборен ден (втор круг) | |
Претседателска програми и кампањи
[уреди | уреди извор]Стево Пендаровски
[уреди | уреди извор]
Програмата на Пендаровски била составена од пет клучни столба, односно Глас на граѓаните – заштита на правата и слободите, промоција на младите, ранливите и маргинализираните заедници, заштита на демократијата и соработката меѓу заедниците во македонското општество, борба за правна држава ослободена од канџите на организираниот криминал и корупција и европска интеграција како двигател на целосната трансформација.[20]
Кампањата во главно го содржела неговиот силен став и посветеност за патот кон евроинтеграцијата во секој аспект, како и ветувањето дека тој и понатаму би бил претседател кој својот мандат ќе го завршил без дамка, и дека доколку граѓаните го изберат повторно, тој и понатаму би бил претседател на сите граѓани, без исклучок. За разлика од минатите претседателски избори, оваа кампања ја водел со посмирена динамика. Пендаровски за главен противкандидат ја сметал професорката Гордана Сиљановска-Давкова, па со тоа и кампањата била насочена најмногу против неа.[21]
Пендаровски бил поддржан од својата матична партија СДСМ, министрите, пратениците и градоначалниците од СДСМ заедно со поранешни премиери на Македонија од истата партија, Зоран Заев и Владо Бучковски, но основачот на СДСМ и поранешен претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски, останал неутрален. Пендаровски бил поддржан и од партиите кои биле дел од коалицијата предводена од СДСМ, како ЛДП, НСДП, ВМРО-НП, ПДТ, СРМ, ДОМ, ПОПГМ, ПДПР, ССМ и други. Сепак не добил поддршката од ДУИ во првиот круг, кого го поддржале во изборите во 2019 година и биле дел од владата предводена од СДСМ.
Гордана Сиљановска-Давкова
[уреди | уреди извор]
Професорката Сиљановска-Давкова во нејзината кампања ја водела под геслото „да ја направиме Македонија повторно горда“, па и програмата се насочила кон таа тематика. Својата програма ја поделила на неколку подтеми, а најмногу внимание посветила на владеење на правото, надворешната политика и односи со соседните држави, дипломатијата, безбедноста и одбраната на државата, животната средина, дијаспората и културата.[22]
Во делот за владеење на правото, професорката предложила враќање на практиката на отворени канцеларии и директен контакт со граѓаните, вклучително и можност за поднесување на граѓански иницијативи и петиции. Повеќе обраќања пред пратениците, со цел градење на национален консензус за важни прашања. Предложила употреба на вето за подобрување на квалитетот на законите, не како израз на претседателска сила, туку за заштита на Уставот и правата на граѓаните. Ја истакнала важноста на консултации и сигурни гаранции пред давање на мандат за основање на влада, како и конструктивни односи со владата и реакција во случај на кршење на Уставот. Дополнително најавила создавање на експертски тим за обезбедување на транспарентност и отчетност во преговорите со Европската Унија, како и барање за влез во единствениот пазар.[22]
Покрај тоа се залага за иницирање постапки за пристап до европските фондови и усогласување со стандардите на Организацијата за економска соработка и развој. Во однос на европската интеграција ја нагласува потребата за заштита на македонскиот идентитет и интегритет, како и за спроведување на промени според копенхагенските критериуми, без измени на Уставот.[22]
Во однос на безбедноста, се залагала за проактивната улога на Советот за безбедност, потребата за центар за извонредност за жени, мир и безбедност, како и соработка со НАТО за промоција на улогата на жените во безбедносните и одбранбените системи, прецизирање на условите за промоција во АРМ и обезбедување на тренинзи за реинтеграција на војниците во цивилната служба, како и поставувањето на воени аташе во македонските дипломатско-конзуларни претставништва. Во однос на дипломатијата, најавила целосна професионализација на дипломатската служба, како и влез на македонските дипломати во меѓународните организации, потоа разработка на централен конзуларен центар за координирање на конзуларните активности и заштита на интересите на македонските граѓани низ светот и кампања за лобирање за непостојан член во Советот за безбедност.[22]
Сиљановска-Давкова најавила на подобрување на односот кон ромската заедница и лицата со попреченост, воведување на позиција во Кабинетот – советник за млади, основање форум за млади под покровителство на претседателот и основање на меѓународно училиште за лидери. Во однос на дијаспората, Гордана најавила основање на национален совет за соработка со дијаспората, македонски бизнис хаб, како и годишна меѓународна конференција и инвестициски форум.[22]
Предизборната кампања на кандидатката Сиљановска-Давкова помалку наликува на кампања за парламентарни избори, на која најчесто, наместо кандидатката за претседателка на државата, на собирите и средбите со граѓаните, главен промотор на нејзината кампања бил претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. И кампањата на кандидатката Сиљановска Давкова се водела против, или во натпревар со противкандидатот Пендаровски, како и на претходните избори, и покрај другите кандидати.[21]
Сите пратеници и градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како и голем број на поранешни функционери, меѓу нив и четвртиот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов, веднаш ја поддржале кандидатурата на Сиљановска-Давкова, додека поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски останал неутрален. Од друга страна пак, првиот претседател и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски му дал поддршка на Стево Пендаровски.
Голем број на помали политички партии како Социјалистичка партија на Македонија, ДПСМ, ДНЕТ, ПОДЕМ, Нова либерална партија, Демократски сојуз, Глас за Македонија, МААК, СНСМ, ДСР, Роми обединети од Македонија и други, кои биле во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, дале поддршка на професорката Гордана Сиљановска-Давкова. Била поддржана и од голем број пратеници и функционери од десничарски ориентирани партии во Европа, членови на Европската народна партија, како Маргарета Седерфелт, пратеник на шведскиот Риксдаг, која учествувала на некои од митинзите организирани од ВМРО-ДПМНЕ.
Стевчо Јакимовски
[уреди | уреди извор]Како претседател на Република Македонија, Јакимовски имал желба на јакнењето на позициите на државата во НАТО и почит кон македонските граѓани од страна на НАТО, како и стратешките партнери САД и ЕУ.[23]
Јакимовски наведил дека би ставил до знаење дека за влезот во Европската унија би биле подготвени да чекаме најкасно до 2030 година, би ги направил сите реформи кои се потребни, а доколку по 2030 година не би биле примени во ЕУ, не би се откажале од европскиот пат, но би барале сопствен пат за развој на државата, а пред сѐ за носење на инвестиции и за отворање на работни места.[23]
Тој исто така се залагал за јакнење на економската дипломатија, а во исто време би инсистирал Македонија да подготви проекти за најмалку 50 милијарди евра со коишто би се побарале директни странски инвестиции и би се подготвиле да учестуваат во обновата на Украина.[23]
Кандидатот за претседател од редовите на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кој е и единствениот кандидат кој е на американската црна листа за корупција, водел кампања дека Македонија треба да има и други алтернативи, а не само Европската Унија.
Стевчо Јакимовски како кандидат на ГРОМ, заедно со неговата партија бил поддржан и од партиите Интегра и ПЦЕР со кој бил заедно во коалицијата „Храбро за Македонија“.
Бујар Османи
[уреди | уреди извор]
Кандидатот на Европскиот фронт, Бујар Османи се залагал за еднаква држава за сите, каде што и покрај ограничената моќ, како иден претседател би станал авторитет кој би ги обединил различните политички и етнички наративи и активен адвокат на правата на граѓаните, во борба против било која форма на дискриминација.[24]
Османи се залагал изборот на претседател да се одвива во Собранието со двојно мнозинство, за партнерство и стратешки дијалог со САД, основање на меѓународен одбор со САД, ЕУ и НАТО за сертифицирање на сите носители на јавни функции, зајакнување на Армијата согласно стандардите на НАТО, соодветното меѓународно етаблирање преку надворешната политика, задржувањето на младите, образованието и иновациите и зелената агенда.[25]
Кампањата на Османи за овие претседателски избори главно се состела од тоа што земјата немала друга алтернатива освен членството во Европската Унија и силно партнерство со САД. Според него, членството би се случило само со неговата политичка коалиција промовирајќи ја мултиетничноста, каде што биле застапени сите етнички заедници освен македонската. Кампањата ја водел главно во албанските средини. Во јавните настапи настапувал со мотото „искуство, чесност и посветеност“.[26]
Бујар Османи како член на ДУИ бил поддржан од коалицијата „Европски Фронт“ предводена од ДУИ, која ги вклучувала и партиите Алијанса за Албанците (фракцијата на Зијадин Села), ДПА, ЕДП, НД, ДПТ, Унија на Ромите и БДС.
Билјана Ванковска
[уреди | уреди извор]
Најважните насоки во кои Ванковска би била ангажирана за време на вршењето на претседателската функција според нејзе би биле: иницијативата за создавање Македонска платформа за обединување околу националните интереси, иницијатива за донесување на граѓански устав заснован на принципите на социјална правда, за ставање на крај на бинационалната држава и процесот на федерализација како и раскинувања на Преспанскиот договор и договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.[27]
Во однос на надворешната политика, Ванковска била главен поборник за напуштање на членството во НАТО и преиспитување на политиката на асоцијација во ЕУ по секоја цена и прогласување воена неутралност и одржување на сопствен систем за самоодбрана согласно со повелбата на ОН. Од друга страна била главен застапник за приближување до земјите на БРИКС заради поголема економска соработка, барање на посматрачки статус во Движењето на неврзаните, поголема економска агилност во рамки на иницијативата Појас и пат, како и вклучување во глобалните еколошки иницијативи за заштита на животот на планетата.[27]
Ванковска имала и иницијатива за поголемо вклучување на дијаспората во реализација на националните проекти за економски и технолошки развој како и мерки за јакнење на соработката со македонското и другите малцинства во соседните држави.[27]
Како нов проект, Ванковска се залагала за доделување на посебни награди и признанија за најдобрите во повеќе области и категории на годишно ниво (најдобри студенти, научници, иноватори, земјоделци, уметници, спортисти), доделување на признанија на професионални групи и организации, како и посебно признание за борбата против корупцијата.[27]
Кандидатката Билјана Ванковска во својата изборна програма наведила дека доколку би била избрана за претседател на Република Македонија, ќе се води од неколку фундаментални принципи, кои произлегувале од заедничката нишка во која се преплетуваат патриотизмот и левата идеологија.
Поддржувачи
[уреди | уреди извор]Профсорката Билјана Ванковска како независен кандидат била поддржана од политичката партија Левица. Ванковска добила поддршка и од ирските европратеници Клер Дејли и Мик Волас.
Арбен Таравари
[уреди | уреди извор]
Изборната програма на Таравари се темелела на четири главни столба: интеграција со Европската Унија, безбедност, владеење на правото и консезуалната демократија.[28]
Надборешната политика би се засновала на европски и прозападни вредности и стремеж кон зачленување на Македонија во Европската Унија најкасно до 2030 година. Таравари се залагал за излегување од иницијативата Отворен Балкан, а бил застапник на имплементација на Преспанскиот договор и договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.[28]
Таравари се залагал за обезбедување на стабилен буџет за одбрана на ниво од 2% од БДП, како и развој на нови капацитети и модернизација на силите во согласност со критериумите на НАТО. Бил застапник за зголемување на придонесот на Македонија во мировните мисии и операции на ЕУ во светот, јакнење на улогата на земјата во регионалните безбедносни структури, како и ставање на крај на енергетската зависност од Русија.[28]
Како претседател на државата, Таравари би се борел против корупцијата на политичкиот систем, би превзел конкретни чекори за враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем и би ја заштитил консензуалната демократија, слободата на изразување и владеењето на правото во сите ситуации.[28]
Предизборната кампања на Таравари била насочена на силната поддршка на евроинтеграциите на Република Македонија, јасна определеност и поддршка на членството во НАТО, со ветувања за уредување на правниот систем,
Таравари ветил дека доколку стане претседател, би работел на излегување од иницијативата Отворен Балкан и на избирање претседател на државата во Собранието. Забележително во кампањата на Таравари било дека се натпреварувал со кандидатот на ДУИ и коалицијата „Европски фронт“, Бујар Османи.
Поддржувачи
[уреди | уреди извор]Арбен Таравари бил поддржан од коалицијата „Вреди“, која била составена од партиите Беса, Алтернатива и Демократско Движење како и фракцијата на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците. Таравари добил поддршка и од премиерот на Косово, Албин Курти и неговата партија Движење за самоопределување, кои активно се вклучиле во кампањата на Таравари.
Максим Димитриевски
[уреди | уреди извор]
Димитриевски поддршката и довербата од граѓаните ја побарал со својата програма наречена Манифест за Македонија. Во неа биле наведени пет стратешки начела и на пет, приоритети во првите 200 дена од преземањето на претседателската функција.
Прво, зајакнување на улогата на претседателот во надворешните односи, влез во ЕУ само со заштита и почитување на националните интереси, развивање на односи со сите соседни држави и со државите од регионот и зајакнување на улогата на Македонија на глобалната сцена. Глас на разумот и обединувањето, поттикнување и одржување редовен, конструктивен и аргументиран дијалог со политичките субјекти за да постигнеме разбирање и согласност за клучните цели на државата – во надворешната и внатрешната политика, развој на меѓуетничките односи и реален соживот во Македонија и залагање за солидарно општество,со почитување на слободите и правата, без дискриминација, со развиена демократија и владеење на правото.
Поцврстување во одбраната и безбедноста, зајакнување на капацитетите на македонската армија и вложување напори за да се валоризира членството во НАТО. Силни институции за заштита на граѓанинот и државата. Вклученост и одговорност, транспарентност и јавност на своето дејствување како Претседател на Републиката, како и отчетност и одговорност на носителите на јавните функции, како основа за искоренувањето на корупцијата.
Поддржувачи
[уреди | уреди извор]Максим Димитриевски како лидер и основач на партијата ЗНАМ, најголемата поддршка ја добил од својата партија.
Анкети на јавното мислење
[уреди | уреди извор]Прв круг
[уреди | уреди извор]| Анкета | Период | Големина на
примерок |
Водство | |||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Пендаровски | Сиљановска-Давкова | Јакимовски | Османи | Ванковска | Таравари | Димитриевски | ||||
| СДСМ | ВМРО-ДПМНЕ | ГРОМ | ДУИ | Левица | АА | ЗНАМ | ||||
| Резултати | 24 април 2024 | 905.971 | 19.92 | 40.08 | 0.90 | 13.37 | 4.56 | 9.20 | 9.26 | 20.16 |
| CRPC | 8–13 април 2024 | 1210 | 28.8 | 35.0 | 2.1 | 11.5 | 4.5 | 13.6 | 4.6 | 6.2 |
| МКД.мк | април 2024 | 1200 | 16 | 26.2 | 1.1 | 7.7 | 3.7 | 7.2 | 5.2 | 10.2 |
| МКД.мк[мртва врска] | 15–24 март 2024 | 1200 | 19.8 | 36.5 | 1.5 | 14.3 | 4.9 | 10.5 | 12.1 | 16.7 |
| CRPC | 4–7 март 2024 | 1085 | 29.3 | 35.5 | 2.0 | 9.6 | 4.3 | 14.3 | 5.1 | 6.2 |
| IPIS[б 3] | 20 февруари 2024 | 1212 | 22.3 | 39.2 | – | 12.2 | 6.4 | 13.4 | 5.8 | 16.9 |
| Претседателски избори | 21 април 2019 | — | 44.8 | 44.2 | – | – | – | 11.1[б 4] | – | 0.6 |
Втор круг
[уреди | уреди извор]| Анкета | Период | Големина на
примерок |
Водство | ||
|---|---|---|---|---|---|
| Пендаровски | Сиљановска-Давкова | ||||
| СДСМ | ВМРО-ДПМНЕ | ||||
| Резултати | 8 мај 2024 | 812.899 | 30.99 | 69.01 | 38.02 |
| МКД.мк Архивирано на 6 април 2024 г. | 15–24 март 2024 | 1200 | 44.2 | 55.8 | 11.6 |
| Претседателски избори | 5 мај 2019 | — | 53.6 | 46.4 | 7.2 |
Изборен ден
[уреди | уреди извор]Прв круг
[уреди | уреди извор]Гласањето во првиот круг започнато во 07:00 часот на 24 април и траело до 19:00 часот на 3477 избирачки места низ целата земја. Право на глас имале околу 1.8 милиони луѓе.
Набљудувачи и излезеност
[уреди | уреди извор]Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирале за следење на Претседателските избори. Според ДИК, заклучно до 19 април биле акредитирани 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни биле од ОБСЕ/ОДИХР – 375. Од домашните најбројни биле набљудувачите на Здружението за развој на општествено – социјални иновации „ВАКЕ УП“ – Скопје со 182 набљудувачи.
- Излезеност во 9 часот
- Излезеност во 11 часот
- Излезеност во 13 часот
- Излезеност во 15 часот
- Излезеност во 17 часот
- Излезеност во 19 часот
Излезноста до 9 часот на претседателските избори била 4.06%, односно 70.997 гласачи, според податоците од Државната изборна комисија, по обработени 95.15% од изборните места.[29] Излезноста до 11 часот била 12.76%, односно 229.417 гласачи, пресметана врз основа на 97.43% од обработените избирачки места. Најголема излезност според податоците имало во Крива Паланка каде гласале 24.5% од избирачите, односно 4.016 луѓе. Во апсолутни бројки, најмногу луѓе гласале во Битола, 12.450. Најмалку излезност имало во општините Студеничани (3.82%) и Пласница (3.97%).[30]
Излезноста до 13 часот била 24.65%, односно 438.840 гласачи. Најголема излесност имало во Новаци (42.87%) и Крива Паланка (42.00%), најмала во Пласница (8.27%) и Центар Жупа (9.12%).[31] Излезноста до 15 часот на претседателските избори била 34.59%, односно 614.053 гласачи, по обработени 96.61% од изборните места. Општина Новаци имала најголема излезност од 57.69%, а во апсолутни бројки најмногу гласале во Аеродром – 29.852. Во однос на изборите од 2019 година излезеноста во 15 часот била за 6% поголема.[32] Најмала излесност имало во Пласница (12.57%) каде правото на глас го искористиле само 661 гласач.
Излезноста до 17 часот била 42.38%, односно 747.059 гласачи. Најголема излесност имало во Новаци (67.19%), а најмала во Пласница (15.35%) и Центар Жупа (15.57%).[33] Во однос на изборите од 2019 година излезеноста во 17 часот била за 9% поголема. Излезноста на крајот на изборниот ден била 49.91%, односно 905.971 гласачи. Најголема излесност имало во Новаци (74.06%), а најмала во Центар Жупа (17.36%). Во однос на изборите од 2019 година излезеноста била за 8% поголема.[34]
Неправилности и анализа
[уреди | уреди извор]Гласањето не било започнато на неколку места во предвиденото време, а на неколку било почнато со задоцнување или прекинато, на различни подрачја, сите поради технички проблем со читачот на отпечаток на прст.[35] Во Општина Чаир била пронајдена испукана димна бомба, која од страна на тим за антитероризам била отстранета. Биле забележани и помали инциденти, како фотографирање на гласачки ливчиња, организирано гласање, како и кршење на предизборниот молк. На 3 места во Куманово гласањето било прекинато поради технички проблеми, но затоа што станувало збор за мал број на гласови кои немале влијание врз крајниот исход, ДИК го поништило гласањето и соопштило дека нема да има прегласување.[36]
Првиот круг забележал зголемување на излезноста, која достигнала речиси 50% во споредба со 41% во 2019 година.[37] Гордана Сиљановска-Давкова со освоени 41 отсто од гласовите, била со повеќе од двојна предност наспрема Стево Пендаровски, кој завршил втор. Опишувајќи го резултатот како „нов почеток“, таа изјавила дека „време е владата да си оди“ и ги повикала гласачите да докажат дека Македонија „отсекогаш била дел од Европа“. Стево Пендаровски, од своја страна, изразил изненадување и разочарување од неговите резултати, но се изјаснил дека е уверен во шансите да стигне во вториот круг, особено со поддршката на албанското малцинство.[38]
Завршувајќи на третото и петтото место, кандидатите Бујар Османи, од Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Арбен Таравари, од Алијансата за Албанците (АА) ги претставувале интересите на албанското малцинство. Бујар Османи предложил да се поддржи кандидатот кој ветил дека ќе го измени Уставот со цел претседателот на Републиката во иднина да биде избран со индиректно гласање од пратениците во Собранието, што според него би овозможило да се промовира изборот на припадник на албанското малцинство на чело на државата. Неговиот предлог, сепак, бил отфрлен од Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски, кои сметале дека изборот со директно гласање е подемократски.[39] Како четврти, кандидатот на За наша Македонија (ЗНАМ), Максим Димитриевски, претставувал одлучувачки фактор, бидејќи неговите гласови би можеле да го одлучат победникот во вториот круг.
Втор круг
[уреди | уреди извор]Во вториот круг на изборите влегле кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски, по освоени најголем број на гласови во првиот круг.
Гласањето во првиот круг започнало во 07:00 часот на 24 април и траело до 19:00 часот на 3477 избирачки места низ целата земја. Право на глас имале околу 1.8 милиони луѓе.
Излезеност
[уреди | уреди извор]- Излезеност во 9 часот
- Излезеност во 11 часот
- Излезеност во 13 часот
- Излезеност во 15 часот
- Излезеност во 17 часот
- Излезеност во 19 часот

Излезноста до 9 часот на претседателските избори била 4.34%, односно 77.203 гласачи, според податоците од Државната изборна комисија. Излезноста до 11 часот била 12.47%, односно 222.633 гласачи, а до 13 часот била 22.61%, односно 407.942 гласачи. Најголема излесност имало во Крива Паланка (46.25%), најмала во Липково (3.28%).[31]
Излезноста до 15 часот на претседателските избори била 31.52%, односно 561.363 гласачи, по обработени 98.16% од изборните места, а излезноста до 17 часот била 39.36%, односно 706.417 гласачи. Најголема излесност имало во Новаци (66.47%), а најмала во Липково (6.49%).[33] Излезноста на крајот на изборниот ден била 47.47%, односно 861.218 гласачи. Најголема излесност имало во Новаци (75.18%), а најмала во Липково (7.65%). Во однос на првиот круг излезеноста била за 2.5% помала. Тоа најмногу се должело поради тивкиот бојкот на коалицијата предводена од ДУИ, која се надевала да не се исполни потребниот цензус од 40%.
Неправилности и анализа
[уреди | уреди извор]Во вториот круг на денот на изборите биле забележани помалку неправилности во однос на првиот круг. Во општини со поголемо албанско население биле забележани притисоци за бојкотирање на изборите. Во деновите кои претходеле на изборниот ден биле приведени или повикани на разговор неколку членови на политичките партии СДСМ и ДУИ, поради вршење на поткуп на гласачи.
Сфатен како референдум за европската иднина на земјата, во вториот круг победила професорката Гордана Сиљановска-Давкова со голема разлика со повеќе од две третини од гласовите. Таа била првата жена избрана на оваа функција во Македонија. Новиот претседател ќе има корист и од поволното мнозинство во Собранието, бидејќи нејзината партија, ВМРО-ДПМНЕ, исто така победила на парламентарните избори со огромна разлика.
Резултати
[уреди | уреди извор]| Кандидат | Партија | Прв круг | Втор круг | |||
|---|---|---|---|---|---|---|
| Гласови | % | Гласови | % | |||
| Гордана Сиљановска-Давкова | ВМРО-ДПМНЕ | 363.085 | 41.21 | 561.000 | 69.01 | |
| Стево Пендаровски | СДСМ | 180.499 | 20.49 | 251.899 | 30.99 | |
| Бујар Османи | ДУИ | 120.811 | 13.71 | |||
| Максим Димитриевски | За наша Македонија | 83.855 | 9.52 | |||
| Арбен Таравари | Алијанса за Албанците | 83.337 | 9.46 | |||
| Билјана Ванковска | Левица | 41.331 | 4.69 | |||
| Стевчо Јакимовски | Граѓанска опција за Македонија | 8.121 | 0.92 | |||
| Вкупно | 881.039 | 100.00 | 812.899 | 100.00 | ||
| Важечки ливчиња | 881.039 | 97.29 | 812.899 | 94.39 | ||
| Неважечки/празни ливчиња | 24.560 | 2.71 | 48.289 | 5.61 | ||
| Вкупно гласови | 905.599 | 100.00 | 861.188 | 100.00 | ||
| Запишани избирачи/излезност | 1.814.317 | 49.91 | 1.814.317 | 47.47 | ||
| Извор: ДИК Прв круг, Втор круг | ||||||
Последици
[уреди | уреди извор]По објавувањето на резултатите, Стево Пендаровски го признал поразот, додека Гордана Сиљановска-Давкова потврдила дека е првата жена што е избрана за претседател на Македонија и ветила дека „ќе застане со жените во правењето на овој голем чекор напред, чекор кон реформите“.[40]
Според меѓународните набљудувачи, изборите биле „конкурентни и обемната и плуралистичка кампања им помогнала на гласачите да направат информиран избор, но бгила нарушена со негативна реторика со националистички слогани, како и со недостатоци во законодавството и недоволен надзор над финансиите на кампањата“.[41]
Реакции
[уреди | уреди извор]
Унгарија — Премиерот Виктор Орбан и честитал на Сиљановска-Давкова и на нејзината партија, ВМРО-ДПМНЕ за „заслужената и историска победа“ на претседателските и парламентарните избори. Орбан додал дека со нетрпение очекува да работи заедно за да и даде на Македонија „нов моментум во процесот на пристапување во ЕУ“.[42]
Хрватска — Премиерот Андреј Пленковиќ и ја честитал победата на Сиљановска-Давкова.[43]
Србија — Претседателот Александар Вучиќ упатил честитки до Сиљановска-Давкова, велејќи дека е „уверен дека заедно ќе продолжиме да работиме на зајакнување на врските помеѓу Србија и Македонија“.[44]
Црна Гора — Претседателот Јаков Милатович и ја честитал победата на Сиљановска-Давкова, и изјавил дека „пријателските односи меѓу Македонија и Црна Гора се засноваат на взаемна доверба меѓу народите“.[45]
Словенија — Претседателката Наташа Пирц Мусар и ја честитала победата на Сиљановска-Давкова како прва жена пртседател, како и дека „со нетрпение очекувам да работиме заедно во градењето на европската иднина за вашата земја, народот и регионот на Западен Балкан.“[46]
Украина — Претседателот Володимир Зеленски и честитал на Сиљановска-Давкова и изразил оптимизам во соработката со Македонија за обезбедување мир и стабилност во Европа.[47]
Франција — Претседателот Емануел Макрон изјавил дека „се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели“ и упатил срдечни честитки кон Сиљановска-Давкова за изборот за Претседател.[48]
САД — Амбасадорката Ангела Агелер и изразила „срдечни честитки“ на Сиљановска-Давкова за нејзиниот „историски избор за прва жена претседател“. Таа упатила и честитки „до сите оние граѓани кои го искористија своето право на глас на претседателските и парламентарните избори“.[49]
Косово — Претседателката Вјоса Османи и ја честитала победата на Сиљановска-Давкова.[50]
Европска Унија — Амбасадорот Дејвид Гир и честитал на Гордана Сиљановска-Давкова за изборот, истакнувајќи дека „се радува на блиска соработка со неа за европската иднина на земјата“. Дополнително, Оливер Вархеји, европскиот комесар за соседство и проширување, упатил честитки до Сиљановска-Давкова и ја истакнал потребата „да се забрзаат неопходните реформи за да се придвижи напред во процесот на преговори за пристапување во ЕУ“.[51]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Член на ВМРО-ДПМНЕ кој се кандидирал без поддршка од неговата партија
- ↑ Член на ВМРО-ДПМНЕ кој се кандидирал без поддршка од неговата партија
- ↑ Анкетата била спроведена пред некој од кандидатите да се квалификува да биде на гласачкото ливче
- ↑ Различен кандидат (Блерим Река), поддржан од сите партии од коалицијата Вреди, освен од Демократско движење, која не постоела во 2019 година
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „На 8 мај ќе се гласа на двојни избори – падна договор на лидерската“. Радио Слободна Европа. 2023-12-04. Посетено на 2024-02-07.
- ↑ „Силјановска ќе игра „втор референдум" за Договорот од Преспа – DW – 18.02.2019“. dw.com. Посетено на 2024-04-28.
- ↑ NATO. „North Macedonia joins NATO as 30th Ally“. NATO (француски). Посетено на 2024-04-28.
- ↑ „Skopje et Athènes signent l'accord pour l'appellation de la "Macédoine du Nord"“. France 24 (француски). 2018-06-17. Посетено на 2024-04-28.
- ↑ „En Macédoine du Nord, les sociaux-démocrates au défi de former un nouveau gouvernement“. Le Monde.fr (француски). 2020-07-16. Посетено на 2024-04-06.
- ↑ „North Macedonia coalition blocks no confidence vote in parliament“. euronews (англиски). 2021-11-11. Посетено на 2024-04-06.
- ↑ „North Macedonia's Dimitar Kovacevski elected as new Prime Minister“. euronews (англиски). 2021-12-30. Посетено на 2024-04-06.
- ↑ „Talat Xhaferi prend aujourd'hui ses fonctions de Premier ministre de la Macédoine du Nord“. KOHA.net (француски). 2024-01-29. Посетено на 2024-04-06.
- 1 2 3 „Устав на Република Северна Македонија - Викиизвор“. mk.wikisource.org. Посетено на 2024-04-22.
- ↑ „Од полноќ почнува молкот за претседателските избори на 24 април“. 24.mk (англиски). Посетено на 2024-04-22.
- 1 2 „Пендаровски против Силјановска по вторпат, Стевче Јакимовски објави кандидатура, Бујар Османи ќе истрча утре на листата на која веќе ги чека Ванковска“. Телма. 21 февруари 2024.
- ↑ „Стевчо Јакимовски, кандидат за претседател на ГРОМ“. Телевизија 24. 21 февруари 2024.
- ↑ Кадриу, Исуф (22 февруари 2024). „Osmani prezantohet si kandidat për president të Maqedonisë së Veriut“. Радио Европа.
- ↑ „Левица ја одбра професорката Билјана Ванковска за кандидат за претседател“. Телевизија 24. 7 февруари 2024.
- ↑ Блажевска, Катерина (15 февруари 2024). „ЕСП ѝ фрла ракавица на ДУИ“. Дојче Веле.
- ↑ 360степени (22 февруари 2024). „Максим Димитриевски е кандидат за претседател на ЗНАМ – време е за промена на политичката сцена во Македонија“. 360 Степени.
- ↑ „Вело Марковски најави независен настап на претседателските избори, но вели оти очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ“. 360 степени. 19 октомври 2023.
- ↑ Деск (21 февруари 2024). „Прв пат во историјата Бошњаците ќе имаат свој кандидат за претседател на Македонија – Мерсиха Смаиловиќ“. ТВ 21.
- ↑ Макфакс, А. П. / (2024-02-24). „Над 1000 потписи имаат Османи, Ванковска и Димитриевски, ДИК од утре еднаш дневно ќе известува за собраните потписи“. МАКФАКС. Посетено на 2024-03-01.
- ↑ „Нашиот Претседател - Стево“. Нашиот Претседател - Стево. Архивирано од изворникот на 2024-04-22. Посетено на 2024-04-22.
- 1 2 Tahiri, Diana (2024-04-22). „ПОЛИТИЧКИ КАТАЛОГ: Сите претседателски кандидат(к)и“. CivilMedia (англиски). Посетено на 2024-04-22.
- 1 2 3 4 5 „programa GSD 2024.pdf“. Google Docs. Посетено на 2024-04-22.
- 1 2 3 Јакимовски, Стевчо (2024). „Изборна програма 2024 - Храбро за Македонија“ (PDF). ГРОМ.
- ↑ „Бујар Османи вели дека ќе се залага за еднаква држава за сите“. Радио Лидер. Посетено на 2024-04-08.
- ↑ „10-заложби на Бујар Османи – ги претстави пред лидерите на Европскиот фронт“. mk.tv21.tv (англиски). 2024-03-31. Посетено на 2024-04-08.
- ↑ Tahiri, Diana (2024-04-22). „ПОЛИТИЧКИ КАТАЛОГ: Сите претседателски кандидат(к)и“. CivilMedia (англиски). Посетено на 2024-04-22.
- 1 2 3 4 „ИЗБОРНА ПРОГРАМА 2024“.
- 1 2 3 4 „Арбен Таравари Програма“ (PDF).
- ↑ „iVote Demokra“. rezultati.sec.mk. Архивирано од изворникот на 2024-04-24. Посетено на 2024-04-24.
- ↑ „iVote Demokra“. rezultati.sec.mk. Архивирано од изворникот на 2024-04-24. Посетено на 2024-04-24.
- 1 2 „iVote Demokra“. rezultati.sec.mk. Архивирано од изворникот на 2024-04-24. Посетено на 2024-04-24.
- ↑ „Излезноста на претседателските избори до 15 часот е за 6% поголема од изборите во 2019 година“. Радио МОФ (англиски). 2024-04-24. Посетено на 2024-04-24.
- 1 2 „iVote Demokra“. rezultati.sec.mk. Архивирано од изворникот на 2024-04-24. Посетено на 2024-04-24.
- ↑ „telma.com.mk“.
- ↑ Ивановска, Кристина (2024-04-24). „ВО ЖИВО | Претседателски избори во Македонија“. Слободен печат. Посетено на 2024-04-24.
- ↑ Дејан, Дејан (2024-04-25). „ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово“. telma.com.mk. Посетено на 2024-04-25.
- ↑ „Présidentielle en Macédoine du Nord : la droite très largement en tête au premier tour“. L'Express (француски). 2024-04-25. Посетено на 2024-04-28.
- ↑ „EU hopeful North Macedonia to hold May 8 presidential runoff with center-right candidate in the lead“. AP News (англиски). 2024-04-24. Посетено на 2024-04-28.
- ↑ „Right-wing challenger wins first round in North Macedonia presidential election“. France 24 (англиски). 2024-04-25. Посетено на 2024-04-28.
- ↑ „North Macedonia elects first woman president as center-left incumbents suffer historic losses“. AP News (англиски). 2024-05-08. Посетено на 2024-05-10.
- ↑ „North Macedonia's elections were competitive and voters well informed, although the process remains insufficiently regulated: international observers“. www.osce.org (англиски). Посетено на 2024-05-10.
- ↑ „Viktor Orbán Welcomes a Conservative Win in North Macedonian Elections“. Hungary Today (англиски). 2024-05-09. Посетено на 2024-05-09.
- ↑ Ваљакова, Гордана Милошевска (2024-05-09). „Орбан, Вучиќ, Пленковиќ со честитки за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска-Давкова“. NetPress. Посетено на 2024-05-09.
- ↑ „Вучиќ и ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова“. Сител Телевизија. Архивирано од изворникот 9 May 2024. Посетено на 2024-05-09.
- ↑ „JakovMilatovic“.
- ↑ „Nataša Pirc Musar“.
- ↑ „Zelensky congratulates newly elected North Macedonian president“. The Kyiv Independent (англиски). Посетено на 2024-05-09.
- ↑ „Emmanuel Macron“.
- ↑ Тимковска, Александра (2024-05-09). „Агелер со срдечни честитки до Силјановска-Давкова“. Вечер, прв дознава. Архивирано од изворникот 9 May 2024. Посетено на 2024-05-09.
- ↑ „VjosaOsmani“.
- ↑ Kocovska, Silvana (2024-05-09). „Várhelyi congratulates Siljanovska Davkova on election victory“. Mia.mk (англиски). Архивирано од изворникот 9 May 2024. Посетено на 2024-05-09.
| ||||||||||||||||||||||
| Статијата Македонски претседателски избори (2024) е добра статија. Таа исполнува одредени критериуми за квалитет и е дел од инкубаторот на Википедија. |