Човекови права во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Македонија ги има ратификувано речиси сите главни договори за човекови права на меѓународно и на европско ниво.

Уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања ги штити народниот правобранител.

Македонија е потписник на Европската конвенција за човекови права.

Од друга страна и Уставот ги гарантира следниве права:

  • еднаквост на граѓаните
  • право на живот
  • неприкосновеност на физичкиот и моралниот интегритет
  • право на слобода
  • презумпција на невиност
  • нема казна без закон и право да не се биде осуден или казнет два пати
  • право на жалба
  • слобода на уверување, говор и пристап до информации
  • тајност на писмата и на сите други облици на општење
  • сигурност и тајност на личните податоци
  • слобода на вероисповест
  • слобода на здружување
  • право на собирање
  • избирачко право
  • право на вршење јавни функции
  • право на поднесување претставки
  • почитување и заштита на приватноста, личниот и семејниот живот, достоинството и угледот
  • право на неповредливост на домот
  • слобода на движење
  • право и должност за одбрана на РМ
  • права на странските државјани во РМ
  • право на сопственост и право на наследување
  • право на работа и слободен избор на вработување
  • обврска за плаќање на даноци и други јавни давачки
  • право на социјална заштита
  • право на синдикално здружување
  • право на штрајк
  • право на здравствена заштита
  • заштита на семејството
  • слобода за создавање потомство
  • заштита на мајките и децата
  • право на живот во здрава животна средина
  • право на образование
  • право на слободно научно и уметничко творештво
  • право на слободно изразување на национална припадност