Стево Пендаровски
![]() ![]() | |
![]()
| |
Во служба | |
На функција од 12 мај 2019 | |
Претходник | Ѓорѓе Иванов |
---|---|
Роден | 3 април 1963 Скопје, Македонија, Југославија |
Партија | СДСМ |
Сопружник | Елизабета Пендаровска |
Професија | професор |
Религија | православен христијанин |
Претседатели на Македонија |
Стево Пендаровски (3 април 1963, Скопје) — претседател на Македонија, избран на претседателските избори во 2019, како кандидат на СДСМ. На функцијата стапил на 12 мај 2019. По занимање е професор и аналитичар. Тој е доцент по меѓународна безбедност, надворешна политика и глобализација на факултетот за политички науки на универзитетот Американ Колеџ во Скопје и кандидат за претседател на Македонија на претседателските избори во 2014. Тој повторно бил избран за кандидат за претседател од страна на СДСМ и коалиционите партнери за претседателските избори во 2019 каде што победил и во двата изборни круга против кандидатите Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река и со тоа станал претседател на Македонија.
Рани години[уреди | уреди извор]
Стево Пендаровски е роден на 3 април 1963 година во Скопје. Дипломирал во 1987 година на Факултетот за правни и политички науки, при универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, а магистрирал и докторирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при универзитетот.[1]
Професионална кариера[уреди | уреди извор]
По завршувањето на високотo образование, е назначен за раководител на одделот аналитика во Министерството за внатрешни работи (МВР). Покрај тоа, три години паралелно е портпарол (заменик-министер за односи со јавност) во МВР.
Од 2001 е назначен за шеф за национална безбедност и главен советник за надворешна политика во кабинетите на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. Во 2004 и 2005 година е шеф на Државната изборната комисија (ДИК).
Неговите истражувачки области вклучуваат меѓународни односи, разузнавање и национална безбедност, геополитика, глобализацијата, надворешната политика на САД, надворешна и безбедносна политика на ЕУ, малите држави во меѓународните односи.
Образование[уреди | уреди извор]
Пендаровски е дипломиран правник на Правниот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (1983–1987). Магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при истиот универзитет на тема „Новата геополитика на Република Македонија: Контрадикциите на комунистичките и транзициони матрици“.
Докторирал на тема „Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и малите држави: Рамката на националниот дискурс“. Од 2008 година наваму, е професор доктор од областите на меѓународната безбедност, глобализацијата, светската политика и САД, меѓународните организации и институции, надворешната политика и тероризмот.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Стево Пендаровски“ на Ризницата ? |
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Ѓорге Иванов |
Претседател на Македонија 2019 – |
Наследник Во служба |
|
- ↑ „Претседател“. Претседател на Република Северна Македонија. Посетено на 2020-10-25.