Благоја Талески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 17 јануари 1924
Прилеп, Кралство СХС
Починал 26 март 2001
Скопје, Република Македонија

Благоја Талески (Прилеп, 17 јануари 1924 - Скопје, 26 март 2001)[1] бил македонски комунист и политичар. Носител е на Партизанска споменица 1941.

Бил активен младинец уште во деновите пред фашистичката окупација. Станал член на КПЈ во 1940 година. Во 1940 година повеќе пати бил апсен и затворан. По излегувањето од затвор активно се вклучил во подготовките за вооружено востание. Учествувал во формирањето на оперативната зона на партизанските одреди „Даме Груев“ и „Гоце Делчев“, а од април 1943 година бил секретар на Вториот обласен комитет на КПМ.[2]

По ослободувањето вршел повеќе функции. Бил генерален директор на Здруженото претпријатие „Југотутун“ во Скопје. Од 1963 до 1966 година бил претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, од 1974 до 1982 година, во два мандата, бил претседател на Собранието на СРМ,[3] а потоа бил член и претседател на Претседателството на СРМ (април 1983 - април 1984).[4] Бил и член на Претседателството на ЦК СКМ.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1464
  2. Mihailo Apostolski (1975). Izvori za osloboditelnata vojna i revolucija vo Makedonija 1941-1945: pt. 1. Dokumenti na Pokrainskiot komitet 1941-1942. Institut za nacionalna istorija. 
  3. Биографија на Собранието на РМ
  4. Службен весник на Социјалистичка Република Македонија 13/1983, 1 стр.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
Никола Минчев
Претседател на Собранието на Македонија
1974-1982
Наследник
Бошко Станковски