Сојуз на синдикатите на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) е синдикален сојуз во Република Македонија. Тој е наследник на синдикалниот сојуз од времето на комунизмот. Во него членуваат 18 грански синдикати. Од март 2015 година ССМ е полноправна членка на Европската конфедерација на синдикати,[1] а од февруари 2011 година - придружна членка на Светската конфедерација на слободните синдикати.[2] Од 14 август 2017 година претседател на ССМ е Дарко Димовски.

При утврдувањето на претставителноста на ССМ, во 2015 година констатирано е дека ССМ има 66.386 членови кои плаќале членарина,[3] додека во 2010 година констатирано е дека броел 75.997 членови кои плаќале членарина, што претставувало 17,47% од вкупниот број на вработени во Република Македонија.[4] Претходно, во 2009 бројот на членови изнесувал околу 115.000.[5] Во 1993 година ССМ броел 364.000 членови и опфаќал 70% од вработените.[6]

Историја[уреди | уреди извор]

ССМ е основан на Првиот земски синдикален конгрес на работниците и намештениците на Македонија, кој се одржал во Скопје на 18-21 август 1946 година. Во времето на комунизмот ССМ е единствениот синдикат што постои и делува во тесна врска со Сојузот на комунистите на Македонија.

По падот на комунизмот, ССМ се прилагодува на новите услови на делување и на својот 14-ти конгрес во 1993 година донесува нов Статут и Програма за работа.

Во 2005 година во редовите на ССМ се разгорува судир помеѓу претседателот на ССМ, Ванчо Муратовски и претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски. Како резултат на овој судир во јули истата година СОНК се отцепи од ССМ[7] и на 28 декември 2005 година дојде до формирање на нов синдикален сојуз, на Конфедерацијата на слободни синдикати.

Во декември 2011 година Синдикатот на одбраната и безбедноста (со околу 2.500 членови) ја напушти КСС и стана член на ССМ.[8]

Во септември 2015 година Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО) е исклучен од ССМ.[9]

Во ноември 2016 година на седница на Советот на ССМ е донесена одлука за разрешување на Живко Митревски од позицијата Претседател на ССМ,[10] по што тој, во декември 2016 година, издејствува одлука на органите на ССМ за исклучува на четири грански синдикати од составот на ССМ:[11] СУТКОЗ, УПОЗ, СИЕР и Агро Синдикатот.

Во август 2017 година Дарко Димовски официјално ја презел функцијата претседател на ССМ.[12]

Членки на ССМ[уреди | уреди извор]

Досегашни претседатели на ССМ[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ССМ полноправна членка на Европската конфедерација на синдикати“, „Идивиди“, 11 март 2015.
  2. „ССМ и КСС придружни членки на Светската конфедерација на синдикати“, „Идивиди“, 28 март 2011.
  3. Решение за утврдување на претставителност на синдикат на ниво на јавен сектор, Решение за утврдување на претставителност на синдикат на ниво на приватен сектор од областа на стопанството заради учество во колективно договарање на ниво на приватен сектор од областа на стопанството, Службен весник на РМ, 185/15, 35 стр.
  4. Решение за утврдување на претставителност на синдикат за територијата на Република Македонија, Службен весник на РМ, 105/10, 19-20 стр.
  5. Mare Anceva "Labour Relations and Social Dialogue in Macedonia in 2009"[мртва врска]
  6. С. Кираџиевска „Борба за подостоинствен труд, а не за власт“, „Нова Македонија“, 11 ноември 1993, 3 стр.
  7. „Цветановски обвинува дека Синдикатот се претворил во рекетарска организација“ Архивирано на 5 март 2016 г., „Утрински Весник“, 18 јули 2005.
  8. „Синдикатот за одбрана нов конститутивен член на ССМ“, ССМ.
  9. Маја Томиќ, „Упад во Синдикатот за образование“[мртва врска], „Утрински Весник“, 22 септември 2015.
  10. „Живко Митревски сменет од позицијата претседател на ССМ“, „Фокус“, 23 ноември 2015.
  11. Мирко Трајановски, „Четири синдикати исклучени од ССМ“, „Телма“, 29 декември 2016.
  12. Дарко Димовски нов претседател на ССМ

Литература[уреди | уреди извор]

  • Орде Иваноски и др. „Историја на синдикалното движење во Македонија“, Сојуз на синдикатите на Македонија, Скопје, 2008.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]