Ангел Чемерски
Ангел Чемерски - Јануш | |
---|---|
![]() | |
Секретар на КПМ | |
На должноста 1969–1982 | |
Претходник | Крсте Црвенковски |
Наследник | Крсте Марковски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1923 Кавадарци, денес Република Македонија |
Починал(а) | 18 ноември 2005 Скопје |
Националност | Македонец |
Партија | КПМ |
Ангел Чемерски - Јануш (Кавадарци, 1923 - Скопје, 18 ноември 2005) беше македонски револуционер и партиски функционер.
Уште како ученик се вклучува во комунистичкото движење, а во 1943 станува активен младинец во македонската народноослободителна војска уште во првите денови од фашистичката окупација. Станува член на СКОЈ во 1941 година, а на КПЈ во 1942. Секретар е на општинските партиски комитети во Штип, Струмица и Битола. Во 1943 година стапува во редовите на Тиквешкиот партизански одред "Добри Даскалов“.
Завршил Економски факултет, бил директор на Заводот за стопанско планирање. Позабележителна општествено-политичка дејност остварува по ослободувањето: помошник-министер за индустрија и рударство, претседател на Стопанскиот совет, секретар и претседател на ЦК СКМ (од 1969 до 1982 година), а во повеќе мандати бил член на Претседателството на ЦК СКМ, како и член и претседател на Претседателството на СРМ (од 1982 година до 1986 година).
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
![]() |
Оваа статија за македонски политичар е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |