Прејди на содржината

Бошко Станковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бошко Станковски
Претседател на Собранието
На должноста
28 април 1982 – 28 април 1984
Претходник Благоја Талески
Наследник Ката Лахтова
Лични податоци
Роден(а) 26 октомври 1925
Брусник, Кралство СХС
Починал(а) 13 март 1987(1987-03-13) (возр. 61)
Скопје, Македонија

Бошко Станковски (Брусник, Битолско, 26 октомври 1925 - 13 март 1987) — македонски политичар, претседател на Собранието на СРМ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Станковски е роден е на 26 октомври 1925 година во село Брусник, Битолско. Учесник е во НОБ и е носител на Партизанска споменица 1941. Бил член на СКОЈ од јануари 1941 година, а член на КПЈ - од ноември 1943 година.

Бил член на Секретаријатот на Републичкиот совет на Сојузот на синдикатите на Македонија, секретар на Извршниот комитет на ЦК на СКМ, претседател на Републичката конференција на ССРНМ, член на Претседателството на ЦК на СКМ. На Осмиот конгрес на СКЈ бил избран за член на СК на СКЈ.

Уште како млад, Станковски бил вклучен во активностите на Народноослободителниот младински сојуз, поради што бил избран за член на Секретаријатот на Главниот одбор на НОМС, а подоцна бил избран за претседател на Главниот одбор. Од 1947 до 1948 година е слушател на средната партиска школа на ЦК СКМ, а потоа во 1951/1952 година бил наставник и заменик на директорот на таа школа. Во учебната 1952/1953 и 1953/1954 година студира на Институтот за општествени науки во Белград. Од 1960 до 1962 година е именуван за раководител на Марксистичкиот центар на ЦК СКМ.

На 28 април 1982 година е избран за претседател на Собранието на Социјалистичка Република Македонија. Оваа функција ја извршува до 28 април 1984 година.[2] Трагично го загубил животот на 13 март 1987 година.

За повеќегодишната општествено-политичка активност Бошко Станковски е носител на повеќе признанија: Орден на Републиката, Орден на трудот со црвено знаме, Орден братство и единство со сребрен и со златен венец и Орден за храброст. Има добиено и неколку одликувања од странство.

  1. Borivoj Pajović, Milorad M. Radević, Savez udruženja boraca narodnooslobodilačkog rata Jugoslavije. Savezni odbor (1969). Bibliografija o ratu i revoluciji u Jugoslaviji: Posebna izdanja 1945-1965 (српскохрватски). Vojnoizdavački zavod.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. „Биографија на Собранието на РМ“. Архивирано од изворникот на 2018-12-27. Посетено на 2019-01-08.
Политички функции
Претходник
Благоја Талески
Претседател на Собранието на Македонија
1982-1984
Наследник
Ката Лахтова