Брусник (Битолско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Брусник

Брусник и Битола

Брусник во рамките на Македонија
Брусник
Местоположба на Брусник во Македонија
Брусник на карта

Карта

Координати 41°1′23″N 21°17′7″E / 41.02306° СГШ; 21.28528° ИГД / 41.02306; 21.28528Координати: 41°1′23″N 21°17′7″E / 41.02306° СГШ; 21.28528° ИГД / 41.02306; 21.28528
Општина Битола
Население 190 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02012
Надм. вис. 850 м
Брусник на општинската карта

Атарот на Брусник во рамките на општината
Брусник на Ризницата

Брусник — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Топонимот Брусник често се среќава во словенската балканска топономастика. Со ова име се нарекуваат еден ненаселен остров во близина на Вис на Јадранското Море, едно село во Славонија, едно село во Источна Србија, неколку села во Босна. Покрај битолското и едно скопско село, забележано во пописните дефтери од 1568-1569 го носело истото име.[2]

Зборот брусник, инаку, го познаваат повеќето словенски јазици, и секаде определува две основни значења: вид специјален камен и вид плод. Каменот, познат и како брус и како брусница е рапав и се употребува како средство за точење (брусење). Меѓутоа, термините брусник и брусница подразбираат и Vaccinium vitis-idaea (црвена боровинка), Vaccinium myrtillus (црна боровинка). Современиот руски јазик, впрочем, и денес боровинката ја определува со терминот брусинка, а македонскиот со бруснак.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во пазувите на планината Баба, на 3 километри западно од Битола. Се наоѓа во составот на Општина Битола, недалеку од Нова Битола. Селото е ридско, на надморска височина од 850 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Жители од Брусник во почетокот на XX век
Панорама на селото Брусник. 1923

Според народната традиција најпрво биле формирани соседните села Лавци и Дихово, а на земјиштето кое лежело меѓу нив предците на родовите Каранѓеловци и Палашовци го формирале денешното село Брусник.[4] Најпознати и најголеми семејства од историски аспект кои постојат и до денес во Битола се: Скерлевци, Кокаловци, Каранѓеловци, Идризовци, Маљаковци, Палашовци, Чавдаровци. Најстариот пишан помен за Брусник потекнува од втората половина на XV век каде се говори за преттурската населба Липа.[4] Северно од селото во средината на XIX век постоел мал чифлик на некој силен бег, кој бил убиен, а чифлишката земја станала селска.[4] За време на Првата светска војна Брусник бил запален.[4]

Вкупно 8 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Вид Хектари Поединечни
Ниви 185,180 166,050
Градини 2,113 1,992
Овошни градини 20,634 20,438
Лозја 31,018 30,771
Ливади 67,237 64,885
Пасишта 294,489 5,557
Шуми 245,445 0,02
Неплодно земјиште 28,212 7,149
Вкупно 874,328 296,844

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948964—    
1953959−0.5%
1961898−6.4%
1971783−12.8%
1981790+0.9%
ГодинаНас.±%
1991387−51.0%
1994320−17.3%
2002241−24.7%
2021190−21.2%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брусник живееле 755 жители, сите Македонци.[6]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брусник имало 964 Македонци, од кои 488 патријаршисти и 455 под врховенството на Бугарската егзархија. Во селото функционираат бугарско и грчко училиште.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Брусник се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак, еднаш со 116 куќи и повторно со 113 куќи.[8][9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 800 Македонци.[10]

Според пописот од 2002 селото брои 241 жител, од кои 240 Македонци и 1 останат.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 190 жители, од кои 179 Македонци, 1 Србин, 1 останат и 9 лица без податоци.[12]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 755 964 964 959 898 783 790 387 320 241 190
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]


Од Брусник се иселува значителен број на населението, поради што Брусник од големо преминало во мало село. Најголем број од жителите на Брусник иселени се во Битола, Скопје, а голем број и во Австралија, Канада, САД и Европа.

Родови[уреди | уреди извор]

Брусник е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.

Родови во Брусник:

  • Доселеници: Каранѓеловци (7 к.) и Пашаловци (6 к.) најстари родови во селото, доселени се како мечкари однекаде, овде живеат од ХVIII век; Кукановци (15 к.), Корубовци (4 к.), Ѓошевци (14 к.), Шутаровци (9 к.), Ивановци (8 к.), Ѓорчевци (6 к.), Гроздановци (6 к.), Поповци (5 к.), Босилковци (5 к.), Торбовци (5 к.), Трапановци (5 к.), Скерлевци (2 к.), Станковци (13 к.), Петковци (9 к.), Чавдаровци (6 к.), Малаковци (6 к.), Тасевци (4 к.), Шеќеровци (4 к.), Момичаровци (2 к.), Метловци (2 к.), Жабовци (15 к.), Атанасковци (3 к.) и Коџоклари (4 к.) доселени се сите однекаде. Сите родови се доселени до крајот на XIX век.[4]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0127 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 201 гласач.[18]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Вознесение Христово“
Цркви[19]
Археолошки наоѓалишта[20]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

600-годишнина[уреди | уреди извор]

На прославата насловена “600-години (8-9 август 1992 година) од основањето на селото Брусник” кај Битола присуствуваа претседателот на Република Македонија, г-дин Киро Глигоров и г. Петар, митрополит на Преспанско-битолската епархија на Македонска православна црква - Охридска архиепископија. Кларинетистот Тале Огненовски настапи со изведување на свои народни ора во придружба со културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Битола. Тој ги воодушеви сите присутни на оваа прослава со неговото фасцинантно свирење на кларинет. Оваа прослава ја снимаше Македонската телевизија и беше емитувана под наслов „СРЕД СЕЛО 600 години БРУСНИК“. „Тале Огненовски е виртуоз на кларинет ...“, рече во оваа емисија новинарката Сузана Трајковска од Македонска радио-телевизија. Во селото се одржа Ликовна изложба на автори кои се жители на ова село - Панде Петровски, Цане Чавдаровски и Стево Тасевски. Книгата „Брусник: 600 години од основањето“, чиј автор е Д-р Александар Стерјовски, исто така беше промовирана. [21][22][23][24][25]

Брусник во Втората светска војна[уреди | уреди извор]

Повеќето жители на селото Брусник активно учествувале во НОБ од 1941 година до крајот на војната. Осум жители на Брусник, како македонски партизани во Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, загинаа во борбите против окупаторските војски. Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија од 7.000 партизани кон крајот на 1943 година, до завршните воени операции во Втората светска војна во Демократска Федеративна Југославија во април 1945 година достигнала број од 100.000 редовни војници. Респектот на своите Сојузници Македонија го стекнала преку придонесот кон победата над фашизмот. Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија командувани од генерал Михајло Апостолски била дел од Народноослободителнатата војска на Југославија командувана од Јосип Броз - Тито. Демократска Федерална Македонија било името на Македонија како федерална држава во составот на новопрогласената Демократска Федеративна Југославија. Ова име се користело во периодот од 2 август 1944 до 8 март 1946 кога Президиумот на Народното Собрание на Македонија донесува закон со кое се менува во Народна Република Македонија. [26][27][28][29][30][31][32]

Личности[уреди | уреди извор]

[45][46][47][48][49][50][51][52][53][54][55][56][57][58][59][60][61][62][63][64][65][66][67][68][69][70][23][22] [71].

  • Јован Кокаловски (6 ноември 1921) - македонски поет, новинар и публицист;
  • Бошко Станковски (25 октомври 1925 - 13 март 1987) - партизан и учесник во НОБ, од 1941 година, носител на Партизанска споменица 1941, македонски политичар, претседател на Собранието на СРМ; [26];
  • Васил (1858 - 1911), Петре (1856 - 1929) и Ангел (1864 - 1919) Вељанов Ивановски - борци за црковна независност и локални раководители на комитот на ВМРО;[72]
  • Васко Карангелевски (1921 - 1977) партизан и учесник во НОБ, од 1941 година, народен херој на Југославија, носител на Партизанска споменица 1941, генерал на ЈНА (Југословенска народна армија); [26];
  • Цане Скерлевски (1925-2002) - партизан и учесник во НОБ од 1942 година, пратеник во Собранието на СР Македонија, просветен деец, воен хроничар; [26];
  • Никола Алабаков (Ник Алабак, 1878 - 1935) - деец на македонската емиграција во Северна Америка;
  • Никола Иванов Брусничанецо - револуционер, војвода на селска чета на ВМРО за време на Илинденското востание во летото 1903 година;[73][74]
  • Панде Илиевски (1923 - 1944) - партизан и учесник во НОБ;
  • Дане Петковски (1922 – 2005) - партизан и учесник во НОБ, од 1941 година, носител на Партизанска споменица 1941, генерал на ЈНА (Југословенска народна армија), воен хроничар, тој е автор на книгата насловена: ““БОРБЕНА ДЕЈСТВА У ЗАПАДНОЈ МАКЕДОНИЈИ 1941 – 1944” – “БОРБЕНИ АКЦИИ ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА 1941 - 1944 година”; [75][76][77][26];
  • Сотир Ангелов Ивановски - (? - 1918), син на Ангел Ивановски, учесник во Балканските војни[72]
  • Бонде Атанасов Скерлевски (1923 - 1944) - партизан и учесник во НОБ од 1942 година, роден во 1923 година – загинал во 1943 година; [26];[78];
  • Алексо Андреевски – партизан и учесник во НОБ од 1941 година; [26]
  • Цане Ив. Станковски - партизан и учесник во НОБ, од 1941 година, носител на Партизанска споменица 1941; [26]
  • Алексо Куновски - партизан и учесник во НОБ, од 1941 година, носител на Партизанска споменица 1941; [26]
  • Митре Поповски - партизан и учесник во НОБ, од 1941 година; [26]
  • Миле Карангелевски - партизан и учесник во НОБ, од 1941 година; [26]
  • Цане (Александар) Огненовски (1925 – 1944, брат на Тале Огненовски) бил Македонски партизан и загинал во НОБ во април 1944 година во село Рудари, Грција. Посмртно на 29 ноември 1950 година во Белград, Југославија, година Министерот за одбрана, Врховниот командант на Југословенската армија Јосип Броз - Тито му доделил ”Споменица за вечен спомен и слава на паднатите борци на Народноослободителна војна на Југославија” (број на Споменицата 234705). Посмртно на Цане (Александар) Огненовски на 12 септември 1982 година во Битола, Република Македонија му била доделена „Спомен плакета“ и медал (ја примил Тале Огненовски) во знак на признавање на припадност кон партизанските одреди како член на народноослободителната армија на Македонија и учество во југословенската националноослободителна војна од Одборот за одбележување на 40 годишниот јубилеј на партизанските одреди: Битолски партизански одред „Пелистер“, Битолско-преспански партизански одред „Даме Груев“ и Битолски партизански одред „Јане Сандански“. Цане (Александар) Огненовски бил Македонски партизан (1941 - 1944) и учествуваше во Втората светска војна во Македонија како член на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија во многу партизански единици, вклучително и: Битолско-преспански партизански одред „Даме Груев“, Битолски партизански одред „Гоце Делчев“, Партизански баталјон „Мирче Ацев“, „Првата македонско-косовска бригада“, Народноослободителен баталјон „Страшо Пинџур“ и „Втората македонска ударна бригада“.[26][27][28][29][30][31][32]
  • Фанија (Ванка) Огненовска (1893 – 1972, мајка на Тале Огненовски) - учесник во НОБ од 1941 година. За нејзините големи заслуги за слободата на Македонија и била доделена национална пензија со Решение на Административната комисија на Сојузниот извршен совет на Социјалистичка Федеративна Република Југославија број 05-4010 од 1962 година и број 58-689/65 (П.бр. 3052) од 01.01.1965 година а Јосип Броз - Тито, претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, и го доделил одликувањето „Орден за заслуги за народ со сребрена звезда“ со Указ бр. 197 од 7 декември 1963 година за организирање и зајакнување на националната одбрана, безбедност и независност на земјата и нејзино учество во Народноослободителната војна на Македонија и Југославија во Втората светска војна (1941 - 1945). Нејзината куќа во селото Брусник, Битола се користела за одржување состаноци и врски на комунистичката партиската организација со партизанскиот одред. [27]
  • Димче Петковски - партизан и учесник во НОБ од 1942 година, роден во 1923 година – загинал во 1943 година; [26]
  • Панде Секуловски - партизан и учесник во НОБ од 1942 година; [26]
  • Цане Т. Станковски - партизан и учесник во НОБ од 1942 година; [26]
  • Панде Илковски - партизан и учесник во НОБ од 1942 година, роден во 1923 година – загинал во 1943 година; [26]
  • Стево Аџиевски - партизан и учесник во НОБ од 1942 година; [26]
  • Тоде Петковски - партизан и учесник во НОБ од 1942 година; [26]
  • Панде Петковски - партизан и учесник во НОБ од 1942 година; [26]
  • Ангеле Петковски - партизан и учесник во НОБ од 1942 година; [26]
  • Димко Куновски - партизан и учесник во НОБ од 1942 година; [26]
  • Душан Димовски - партизан и учесник во НОБ од 1942 година; [26]
  • Глигур Станковски - партизан и учесник во НОБ од 1942 година; [26]
  • Кицо Гроздановски - партизан и учесник во НОБ од 1942 година; [26]
  • Јонче Карангелевски - партизан и учесник во НОБ од 1943 година; [26]
  • Аце Огненовски - партизан и учесник во НОБ од 1943 година; [26]
  • Аце Чавдаровски - партизан и учесник во НОБ од 1943 година; [26]
  • Стево Шарковски - партизан и учесник во НОБ од 1943 година, роден во 1924 година – загинал во 1944 година; [26]
  • Пецо Костовски - партизан и учесник во НОБ од 1943 година; [26]
  • Васил Димовски - партизан и учесник во НОБ од 1943 година; [26]
  • Аце Чекутовски - партизан и учесник во НОБ од 1943 година; [26]
  • Спасе Поповски - партизан и учесник во НОБ од 1943 година; [26]
  • Аце Карангелевски - партизан и учесник во НОБ од 1943 година; [26]
  • Спасе Огненовски - партизан и учесник во НОБ од 1943 година; [26]
  • Вангел Палашовски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Миле Спасевски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Вангел Гоновски- партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Илија Чавдаровски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Миле Кокаловски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Вангел Димовски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Вангел Цилевски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година, роден во 1923 година – загинал во 1944 година; [26]
  • Јосиф Талевски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Вангел Куновски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Алексо Илчевски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Вангел Босилковски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Ацо Димовски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Ристо Буфтевски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Надежда Тирицовска - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Јонче Кочалевски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Ангеле Ивановски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Васил Тирицовски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Јонче Кокаловски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Коте Атанасовски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година, роден во 1923 година – загинал во 1944 година; [26]
  • Петре Тирицовски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Миле Тодоровски- партизан и учесник во НОБ од 1944 година, роден во 1925 година – загинал во 1945 година; [26]
  • Никола Шарковски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Митре Трапановски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Панде Жабовски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Димко Беделевски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Васил Цуцковски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Тоде Илчевски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Гуле Секуловски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Вангел Солевски - партизан и учесник во НОБ; [26]
  • Панде Малаковски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Панде Чардаровски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Димче Шарковски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Пеце Гроздановски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Томе Спасевски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Вело Тирицовски - партизан и учесник во НОБ од 1944 година; [26]
  • Панде Петровски, ликовен уметник; [22][23]
  • Цане Чавдаровски, ликовен уметник; [22][23]
  • Стево Тасевски, ликовен уметник; [22][23]
  • Стеван Огненовски, (роден на 09.09.1948 г.) магистер по компјутерски науки, автор на две биографски книги за неговиот татко Тале Огненовски, член на квартетот на неговиот татко заедно со неговите два сина Никола и Климент. Учествувал во снимањето на четири ЦД-е албуми како инструменталист на тапан и кавалче и музички продуцент. Автор на официјалната интернет страница на неговиот татко и автор на 9 музички видеа со музика компонирана од неговиот татко Тале Огненовски.[79]

[80][81][82][83][84][85][35][36][86][87][88][89][90][91][92][93][94][95][96][97][98][99][100][101][54][102][58][50]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во јануaри 1980 година во Рaдио Белгрaд е снимена песна (https://www.youtube.com/watch?v=yrH_dD7h4IE) посветена на селото Брусник. Изведувaчи се Вaсил Хaџиманов и Сенкa Велетанлиќ кaко вокaли, Ревискиот оркестaр и Хорот на уметничкиот ансaмбл при ЈНА под диригентскaтa пaлкa на Иво Дрaжиниќ. Бранко Кaрaкaш е aвтор на музикатa и рецензент, текстот го потпишувa Весна Петровскa, a aранжманот е на Михaило Живановиќ.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Стерјовски 1992, стр. 12.
  3. Стерјовски 1992, стр. 13.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Битола и Битолско во XV и XVI век. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 1975. стр. 50. На |first= му недостасува |last= (help)
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 239.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 12.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 13.
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  12. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  13. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  14. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  15. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  16. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  17. „Описи на ИМ“. Државна изборна комисија. Посетено на 13 октомври 2021.
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  21. Sterjovski 1992.
  22. 22,0 22,1 22,2 22,3 22,4 Ognenovski 1992.
  23. 23,0 23,1 23,2 23,3 23,4 S. 1992.
  24. Ognenovski 2000, стр. 56-58.
  25. Ognenovski 2000b, стр. 56-58.
  26. 26,00 26,01 26,02 26,03 26,04 26,05 26,06 26,07 26,08 26,09 26,10 26,11 26,12 26,13 26,14 26,15 26,16 26,17 26,18 26,19 26,20 26,21 26,22 26,23 26,24 26,25 26,26 26,27 26,28 26,29 26,30 26,31 26,32 26,33 26,34 26,35 26,36 26,37 26,38 26,39 26,40 26,41 26,42 26,43 26,44 26,45 26,46 26,47 26,48 26,49 26,50 26,51 26,52 26,53 26,54 26,55 26,56 26,57 26,58 26,59 26,60 26,61 26,62 26,63 26,64 26,65 26,66 26,67 26,68 26,69 Sterjovski 1992, стр. 66-68, 137-138.
  27. 27,0 27,1 27,2 27,3 Ognenovski 1998r.
  28. 28,0 28,1 28,2 Konstantinov 1962.
  29. 29,0 29,1 29,2 Association for Science and Arts from Bitola 1982.
  30. 30,0 30,1 30,2 Tashkoski 1965, стр. 65-67, 16-273.
  31. 31,0 31,1 31,2 Petkovski 1983, стр. 113, 114-122, 123-125, 126-143, 144-184, 185-187, 188-192.
  32. 32,0 32,1 32,2 Petkovski 1983b, стр. 113, 114-122, 123-125, 126-143, 144-184, 185-187, 188-192.
  33. Ognenovski 2000.
  34. Ognenovski 2019b.
  35. 35,0 35,1 Ognenovski 2019a.
  36. 36,0 36,1 Music Industry News Network 2019.
  37. AllMusic.com 2006b.
  38. AllMusic.com 2006c.
  39. AllMusic.com 2006d.
  40. Broughton 2000.
  41. Vest 2002.
  42. Vreme 2009.
  43. Trost 2013.
  44. Dnevnik 2014.
  45. All About Jazz 2009a.
  46. Music Industry News Network 2009.
  47. Veme 2009.
  48. A1 TV 2009.
  49. Music Industry News Network 2014c.
  50. 50,0 50,1 YouTube 2021.
  51. Nova Makedonija 2003.
  52. Nova Makedonija 2003b.
  53. Utrinski Vesnik 2003.
  54. 54,0 54,1 Ognenovski 1998a.
  55. Vecer 2012.
  56. Ognenovski 2012.
  57. Ognenovski 1989.
  58. 58,0 58,1 Ognenovski 2009.
  59. Vecher 2003.
  60. Makedonsko sonce.
  61. Ognenovski 2003.
  62. Ministry of Culture of the Republic of Macedonia 2012.
  63. Dnevnik 2012.
  64. Utrinski Vesnik 2012.
  65. Nova Makedonija 2012.
  66. Ravanovska-Tulbevska 2009.
  67. Music Industry News Network 2006.
  68. Music Industry News Network 2012a.
  69. Music Industry News Network 2012.
  70. Music Industry News Network 2017b.
  71. „Официјална страница на Тале Огненовски“. Архивирано од изворникот на 2019-07-12. Посетено на 2019-07-14.
  72. 72,0 72,1 Илюстрация Илинден, 1943, бр.144, стр. 8
  73. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 117.
  74. Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 71
  75. sr.wikipedia 2012.
  76. Petkovski 1983.
  77. Petkovski 1983b.
  78. „Съюз на борците от НОАВМ-Битоля“. Архивирано од изворникот на 2014-05-08. Посетено на 2014-02-25.
  79. Ognenovski & 1998cv.
  80. Assembly of the Republic of Macedonia 2011.
  81. MINISTRY OF SCIENCE AND TECHNOLOGY Croatia 1996.
  82. MINISTARSTVO ZNANOSTI I TEHNOLOGIJE Hrvatska 1996.
  83. Hrvatska informatička zajednica 1996.
  84. Ognenovski 2000, стр. 404.
  85. Ognenovski 2019b, стр. 404.
  86. Ognenovski 2001.
  87. Ognenovski 2006.
  88. Ognenovski 2008.
  89. Ognenovski 2016.
  90. TheMusic.Today 2016.
  91. Top40-Charts News 2006.
  92. Top40-Charts News 2014.
  93. All About Jazz 2008.
  94. AllMusic.com 2006.
  95. Utrinski Vesnik 2008.
  96. Vecer 2006.
  97. Dnevnik 2002.
  98. Horner 2003.
  99. Ognenovski 1997.
  100. Ognenovski 1998.
  101. Ognenovski 2002.
  102. Ognenovski 2016b.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]