Поешево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Поешево е село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Поешево
Поешево is located in Македонија
Поешево
Местоположба на Поешево во Македонија
Координати 41°0′57″N 21°23′30″E / 41.01583° СГШ; 21.39167° ИГД / 41.01583; 21.39167Координати: 41°0′57″N 21°23′30″E / 41.01583° СГШ; 21.39167° ИГД / 41.01583; 21.39167
Општина Општина Битола
Население 272 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 562 м
Поешево на општинската карта
Поешево во Општина Битола.svg

Атарот на Поешево во рамките на општината
Commons-logo.svg Поешево на Ризницата


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Поешево се наоѓа во средишниот дел на Битолското Поле. Тоа припаѓа на територијата на Општина Битола. Од градот Битола е оддалечено 4,5 км. Селото е рамничарско и се наоѓа на надморска височина од 578 метри. Атарот зафаќа површина од 7,1 км2. На него преовладува обработливо земјиште кое зафаќа површина од 670 ха, а останатото се ливади. Населението се занимава со земјоделие и сточарство.

Историja[уреди | уреди извор]

Името на селото е Поешево. Во турските пописни дефтери за Битолска нахија од 1468 година името на селото Поешево е напишано со формата Б-о-ж-д-ш-в-а, а во пописните дефтери од 1544 година е забележано како Поздешево (Соколоски 1973, 157). Според пописот од 1468 год. година во селото се регистрирани 60 христијански и едно муслиманско семејство.

Во 1568 година во селото имало 54 христијански и 6 муслимански семејства. Од изнесеното може да се заклучи дека името на селото потекнува од името Поздеш со значење село кое му припаѓало на Поздеш. Подоцна доаѓа до оформување на сегашното име Поешево.

Жителите на село Поешево изградиле христијански храм во 1840 година посветен на Св. Ѓеоргиј Победоносец. Храмот бил реновиран во 1973 година. Селска слава им е Ѓурѓовден кој се празнува на 6 мај.

Во XIX век селото е дел од Битолската каза во Отоманската Империја.

Економија[уреди | уреди извор]

Населението на Поешево се занимава со земјоделие и сточарство. Успеваат сите житни и градинарски култури. Атарот е покриен со мрежа за наводнување од Хидросистемот „Стрежево). Во селото има иградено водовод и асфалтен пат што го поврзува селото со градот Битола.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Поешево живееле 210 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Поешево имало 208 Македонци, егзархисти.[2]

Според пописот од 2002 година, селото Поешево има 272 жители, од кои 266 Македонци и 6 Албанци.[3]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години: [4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 210[1] 208[2] 234 266 335 323 389 331 256 272

Родови[уреди | уреди извор]

Поешево е македонско село.

Родови во селото се: Кожуваровци (6 куќи) и Кртноговци (1 куќа) староседелци; Лажиовци (2 куќи) и Гингуловци (1 куќа) доселени се од Кукуречани; Толевци (1 куќа) доселени се од Биљаник; Лисковци (4 куќи) доселени се од Горно Оризари, таму биле доселени од Боротино. Ја знаат следната генеологија Иван (жив на 73 год. во 1950тите) Ристе-Коте, основачот на родот кој се доселил; Јолбашовци (2 куќи) доселени се од исто место како и Лисковци; Најдовци (2 куќи) доселени се од Логоварди; Трапчани (4 куќи) доселени се во 1903 година од селото Трап; Нешовци (9 куќи) доселени се во 1903 година од Логоварди; Фичуровци (5 куќи) од Могила, се иселиле најпрво во Горно Оризари, па Бистрица, Кравари и на крај во Поешево во 1908 година; Преспанци (3 куќи) доселени се од селото Рудари, Преспа во 1928 година; Српчани (2 куќи) доселени се од Српци; Дупенци (1 куќа) потекнуваат од граничар. Он слузбовал во село Дупени, Преспа, таму се оженил и во 1935 дошол во денешното село; Ресанци (2 куќи) доселени се во 1936 година од селото Дупени, Преспа. Таму имаат роднини Шуминовци, за време на Втората светска војна на нив бугарите им дале земја; Обршанци (2 куќи) доселени се во 1938 година од селото Обршани; Караманци (1 куќа) доселени се во 1941 година од селото Карамани.[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Во Поешево работи училиште за основно образование до 4 одделение. Има две колонијални продавници.

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[6]
Археолошки локалитети

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени в Поешево
  • Цветко - војвода на селската чета ва време на Илинденското Востание[10]
  • Тодор Златков - роден 1876 година, а починал во 1919 година во Софија. Учествувал во Илинденското востание од 1903 год.и бил близок соработник на Ѓорѓи Сугарев. Подоцна се приклучил кон Тодор Александров. Бил учител во Поешево и на други места.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

  • ФК Поешево

Во Поешево активно работи Фудбалскиот клуб „Поешево“. Од 1978 година се натпреварува во Општинската фудбалска лига во Битола. Скоро секоја година го завзема првото или второто место. Од овој клуб излегоа познатите фудбалери: Тони Мицевски и Горан Ставрески.

Извори[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519. 
  6. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  7. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  8. Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
  9. 9,0 9,1 9,2 Д-р Гоце Наумов и Слободан Стојкоски, НОВИ ПРЕДИСТОРИСКИ ТУМБИ ВО ПЕЛАГОНИЈА, Национална установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј, Битола, 2015
  10. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001., стр.182

Литература[уреди | уреди извор]

  • Турски документи за историјата на македонскиот народ Опширни пописни дефтери, 1973, 157
  • Љубица Станковска, Македонска ојконимија, Скопје,1997, стр.212
  • Никола В. Димитров и Трајко Огненовски, Битолски регион, Битола, 2009, стр.269
  • Спомени и биографии на илинденци, битола, 1993, стр.100
  • Ѓорѓи Лазаревски, теренско истражување, 2010.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]