Кукуречани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кукуречани
Кукуречани се наоѓа во Republic of Macedonia
Кукуречани
Местоположба на Кукуречани во Македонија
Координати 41°05′44″ СГШ 21°19′32″ ИГД / 
Општина Општина Битола
Население 966 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7241
Надм. вис. 576 м
Commons-logo.svg Кукуречани на Ризницата
Грб на поранешната Општина Кукуречани.
Знаме на поранешната Општина Кукуречани.

Кукуречани е село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Кукуречани е сместено на западните планински венци што ја опкружуваат Пелагониската котлина по долината на реката Шемница, на 7 km северно од градот Битола. Патот Битола-Кичево го дели селото на два дела: поголем, југозападен дел, наречен Горно Маало и помал, североисточен дел наречен Долно Маало.

Историja[уреди | уреди извор]

При крајот на турското ропство во Кукуречани се затекнати голем број на чифлици, а само неколку семејства биле рајатски. Сопстевеници на чифлиците биле: Адем-бег, Јусуф-ефенди, Ваит-ефенди, Азис-ефенди, Оџа Мемет, Кадри-ага, Расим-бег и др.[1] За време на Илинденското востание во 1903 година, во Кукуречани биле запалени неколку чифликсајбиски кули. Другите кули биле срушени по ослободувањето од Турците.[1] Тогаш во ова село се распаднале сите чифлици.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Кукуречани живееле 700 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кукуречани имало 656 Македонци, егзархисти.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Кукуречани живеат 966 жители, од кои:[4]

Националност Население
Македонци 950
Роми 14
Срби 2

На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 700[2] 656[3] 1 449 1 598 1 712 1 637 1 868 1 237 1 001 966

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[6]
Археолошки локалитети[7]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности од Кукуречани[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

ФК Светлост (Кукуречани), оформен во 1962 година, со фузија на двата кукуречански клуба, ФК Ловец (Кукуречани), оформен 1949 година и ФК Младост (Кукуречани), оформен 1957 година. ФК Светлост во средината на 1990-тите години има играно во Втората Македонска Фудбалска Лига.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Селото во 50-тите и 60-тите години е зафатен од бран иселувања. Кукуречанци го напуштија селото кон Америка, Австралија, Германија, Австрија и Шведска.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ф. Трифуноски, Јован (1998) (на српски). Битољско-прилепска котлина. Српска академија наука и уметности. стр. 272-273. 
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 238.
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  7. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 Сојуз на борци од НОАВМ - Битола
  9. Собрание на РМ

Надворешни врски[уреди | уреди извор]