Кукуричани

Координати: 41°32′19″N 22°02′24″E / 41.53861° СГШ; 22.04000° ИГД / 41.53861; 22.04000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кукуричани

Железничката станица Кукуричани

Кукуричани во рамките на Македонија
Кукуричани
Местоположба на Кукуричани во Македонија
Кукуричани на карта

Карта

Координати 41°32′19″N 22°02′24″E / 41.53861° СГШ; 22.04000° ИГД / 41.53861; 22.04000
Општина Неготино
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 162 м
Кукуричани на општинската карта

Атарот на Кукуричани во рамките на општината
Кукуричани на Ризницата

Кукуричани — месност и железничка станица на меѓународната железничка пруга Скопје - Гевгелија - Солун и историско село сместено во средното Повардарие, на десниот брег на реката Вардар. Според кажувањата на жителите на околните села, селото Кукуричани постоело сè до половината на XIX век, но останало населено и понатаму.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Кукуричани било село во Тиквешката каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Кукуричани имало 80 жители, сите Македонци христијани.[2][3] По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото (Koukouretchani) имало 40 жители Македонци.[2][4]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го наведува Кукуричани (Kukuričani) како село со нејасен етнички состав.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Со изградбата на железничката пруга Скопје - Солун во 1873 година, во месноста Кукуричани е изградена железничка станица. Железничката станица Кукуричани, која се наоѓа веднаш на десниот брег на реката Вардар, помеѓу железничките станици Градско и Криволак (Неготино) е во функција сè до денес и е најчесто одредиште на риболовците од цела Македонија.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во месноста Кукуричани се наоѓа и една од најголемите фабрики за преработка и конзервирање на зеленчук и овошје „Македонија“ - Неготино, која има погони и во соседното Црвени Брегови. Поради својата околина, месноста Кукуричани се користи и како пасиште и презимувалиште за овци, претежно од западна Македонија. Според најновиот проект за изградба на повеќе хидроцентрали на реката Вардар, предвидено е една хидроелектрана да се изгради и во Кукуричани.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр.154.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 104-105.