Снегово
Снегово — раселено село во Општина Битола чиј атар се издига до сртот на Облаковска Планина, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа северно од градот Битола и се оди по земјен пат преку населбата Баир. Исто така, може да се стигне и преку село Крклино. Надморската висина изнесува 973 метри.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век Снегово е мало албанско село во Битолската каза на Османлиското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Снегово живееле 45 жители, сите Албанци.[2]
Селото е наполно иселено по 1953 година, кога броело 166 жители, сите Албанци.[3]
Според пописот во 2002 селото е без жители.[4] Истото е потврдено и на пописот во 2021 година.
Родови[уреди | уреди извор]
Снегово било албанско село.
Родови во селото биле: Саитлалар (3 куќи), Мустафај (4 куќи), Арифи (4 куќи) и Салиалар (1 куќа) споменатите албански родови се намножиле од три доселени куќи, домаќините се викале Ариф, Мустафа и Ибраим, доселени од селото Ќилина во Колоња (јужна Албанија). Имаат роднини во Нижеполе (Баку), во родот Мустафај се знае следното родословие: Рамуш (жив на 76 г. во 1950-тите) Демир-Мусатафа, предокот кој се доселил.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.238.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |