Ротино
Ротино — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во Цапарското Поле, во близина на северните пазуви на планината Баба, оддалечено 12,5 километри западно од Битола, во близина на патот Битола - Ресен - Охрид.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, Ротино било село во Битолската каза на Отоманското Царство.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ротино живееле 680 жители, сите Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ротино имало 680 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Во 1961 година во селото има 573 жители, додека во 1994 година имало 193 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Ротино има 113 жители, сите Македонци.[1]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 230[2] | 280[3] | 575 | 598 | 573 | 566 | 513 | 269 | 193 | 113[1] |
Ротино[уреди | уреди извор]
Ротино е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички. Селото потекнува од почетокот на XIX век.
Родови во селото Ротино се: Петревци (17 куќи) први доселеници во селото, доселени се од селото Трн, основачот на родот се викал Соколе, го знаат следното родословие: Павле (жив на 62 г. во 1951 година) Ристе-Петре-Соколе, кој се доселил од Трн; Трпеновци (14 куќи) доселени се одма после првиот род, местото на старина не го знаат; Бошевци (14 куќи) доселени се од некое село во битолско поле; Штерјовци (8 куќи), Унчевци (6 куќи), Лозановци (6 куќи), Лалевци (5 куќи), Павловци (4 куќи), Милевци (4 куќи), и Наневци (3 куќи) доселени се со непозната старина; Милошевци (3 куќи) доселени се во XIX век од селото Горно Српци каде биле староседелци; Толевци (7 куќи) и Наумовци (1 куќа) најмлади родови во селото, потекнуваат од предок кој бил Влав, и дошол од селото Трново, овде работел како слуга, и потоа се оженил.[5]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ од 1951 година, родови во селото се:
- Староседелци: Петревци или Соколевци (21 к.), Папалевци или Милошовци (3 к.), Лозановци (6 к.), Субашовци или Толевци (7 к.), Чунтревци (7 к.), Трпеновци и Тасевци (18 к.), Бошевци (14 к.), Стојчевци и Наумовци (1 к.) и Доневци (4 к.)
- Доселеници: Лалевци (5 к.) доселени се околу 1820 година од околината на Колоња во јужна Албанија; Ѓерасовци (7 к.) доселени се околу 1844 година од селото Штрбово во Преспа; Трајчевци (1 к.) доселени се околу 1880 година од уништеното село Кочишта; Наневци (3 к.) доселени се во 1903 година од селото Ѓавато.[6]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 213 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 104 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[9]
- Црква „Св. Никола Долни“ - главната селска црква изградена во 1870 година;[10]
- Црква „Св. Никола Горни“ — гробјанска црква;
- Црква „Св. Илија“ - главната манастирска црква на Ротинскиот манастир;Ротинско Езеро, на падините на Баба Планина
- Археолошки наоѓалишта[11]
- Арнаутски Пат— пат од римско време;
- Манастирска Црква — населба од среден век;
- Стара Црква — црква и некропола од среден век;
- Старо Село — населба од римско време;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ 2,0 2,1 Васил Кънчов. „Македония, Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 253.
- ↑ 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques", Paris, 1905.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Белград: САНУ. стр. 233–234.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Цапарско Поле. Архивски фонд на МАНУ к-4, AE 94/16.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Цркви и манастири во Националниот парк Пелистер
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069