Кишава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кишава
Fshati Këshavë.jpg

Поглед на Кишава

Кишава is located in Македонија
Кишава
Местоположба на Кишава во Македонија
Координати 40°52′59″N 21°19′0″E / 40.88306° СГШ; 21.31667° ИГД / 40.88306; 21.31667Координати: 40°52′59″N 21°19′0″E / 40.88306° СГШ; 21.31667° ИГД / 40.88306; 21.31667
Општина Општина Битола
Население 308 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 881 м
Кишава на општинската карта
Кишава во Општина Битола.svg

Атарот на Кишава во рамките на општината
Commons-logo.svg Кишава на Ризницата


Кишава — село во Општина Битола, во состав на областа Пелагонија, јужна Македонија.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Полето (долината) на Кишава гледајќи кон планината Баба.

Кишава е село сместено околу 20 километри јужно од Битола, на самиот јужен дел на Македонија, на само 3 км од границата со Општина Лерин во денешна Грција. Кишава се наоѓа на југозападниот дел на Пелагонија, најголемата котлина во Македонија. Селото е сместено јужно од полето, на источните падини на планината Баба. Достапно е само преку тесни планински патишта. Надморската висина на селото е приближно 860 метри. Низ центарот на селото тече Кишавска Река, која изобилува со вода во лето. Затоа на неа има и неколку воденици. Водата за пиење се добива од три чешми (Чешма Теѓас, Вилајетли и Елмази), од реката и бунарите (околу 12). Понатаму од селото избиваат следните послаби извори: Стани дичес, Гропе-буримит, Кладенец-маилит итн. Порано, на местото Стани дичес, на самата државна граница меѓу Македонија и Грција, постоеле влашки сточарски станови.

Имиња на потезите се: Врешта, Лесија, Варе, Пртеј, Селиште, Девија, Грерат, Гури-мад, Бачат, Мези-прејва, Аришта, Лови-балос, Кроја-ре, Стогу, Батаку, Шулаја, Плепи, Матан-љумит, Ливад-дези, Шипец, Гропе-корунит, Улабареве, Кремена, Шоши-мад, Гропе-мала, Корија, Аре-вртеј. Кишава е село од збиен тип. Составена е од седум маала: Џамис, Баракалар, Грабовска, Меркан, Вилајетли, Љума и Чешма. Во 1953. селото имаше вкупно 117 куќи.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Постојат две тези за потеклото на името Кишава. Според една теза, поимот се однесува на влажен дол кој бил мокар и богат со вода, и веројатно се однесува на Кишавска Река која минува низ селото. Според другата теза, населбата претходно носела друго име, а денешното го добила од албанските доселеници, кои ја нарекле по затекнатата стара црква или манастир (на албански „киша“ значи црква).[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Стар селски сокак.

Првиот пишан податок за Кишава датира од периодот меѓу XVI до XVIII век. Тогаш во селото живеело македонско население. Христијаните Петко и Дојчин по име наводно потекнувале од Кишава. Нешто покасно, во 1804 година, се споменуваат луѓе „соколари“ во ова село.

И во околината на другите села, Граешница, Драгош се зборува дека во Кишава живеело христијанско македонско население. Тие постари жители покасно се иселиле. На нивното селиште останала само црквата. Свештеникот по име Димитри од селото Опсирено кај Лерин, говореше дека неговите предци водат потекло од Кишава. На почетокот на XIX век, почнале да се доселуваат и Албанци муслимани. Во XIX век, Кишава е село во Битолската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), од 1900 година, Кишава имало околу 700 жители, сите Арнаути муслимани.

Денес, Кишава е албанско село. Албанците доаѓале од јужна Албанија и затоа кажувале дека биле Тоски. Албанците во Кишава се разликуваат по говорот и другите особини од нивните сонародници во соседното Острец. Причината за тоа е што Албанците во Острец и Злокуќани се по потекло од северна Албанија (од групата Геги). Исто така, Албанците во Кишава етнолошки се поблиски со Албанците во Нижополе. Црквата на Македонците во Кишава, се наоѓала во денешната Вилает маала, десно од реката во дворот на Маличи Ракипов. Подоцна тоа било текија на Садик-баба. Во текијата на Садик-баба се наоѓал еден гроб и икона од Света Богородица. Во Кишава постои и џамија, изградена во XIX век. Пониско во селото се муслиманските гробишта.

Албанците од Кишава во времето на Османлиското Царство, имале пространи пасишта на Пелистер. Тогаш тие биле добри сточари: имале многу кози. Некои мештани од ова село, поседувале ниви и во Битолското поле. Некои основале чифлици во соседните села како Граешница, Жабени итн.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Кишава живееле 700 жители, сите Албанци.[2]

Според пописот од 2002. селото имало 308 жители, од кои 307 Албанци и еден Македонец.[3]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 700[2] 864 899 832 822 618 634 437 308

Број на домаќинствата во Кишава:

Родови[уреди | уреди извор]

  • Родовите Лимановци, Елмазовци, Рушитлер, Барјактар и Корчари се доселени во селото во првата половина од XIX век.[5]

Кишава е албанско село.

Родови во селото се: Лимановци (10 к.), Елмазовци (6 к.), Рушитлер (6 к.), Бракалар (2 к.), Корчаре (4 к.), Љума (7 к.), Сулејмановци (6 к.), Исеновци (4 к.), Беќировци (4 к.), Меркањ (4 к.), Селимовци (4 к.), Таировци (3 к.), Грабовци (3 к.), Маљовци (3 к.), Сулејмановци (3 к.), Чолаковци (3 к.), Рушитовци (3 к.), Берзатовци (3 к.), Мујединовци (2 к.), Шаќировци (2 к.), Неџиповци (2 к.), Камберовци (2 к.), Џемаиловци (2 к.), Исмаиловци (2 к.), Садри (1 к.), Еминовци (1 к.), Незир (1 к.), Шабан (1 к.), Фазли (1 к.), Џељан (1 к.), Етем (1 к.), Асан (1 к.), Ајруловци (1 к.), Сулејман (2 к.), Али Адем (1 к.), Мустафа (1 к.), Рустемовци (1 к.), Ељмаз (1 к.), Бануш (1 к.), Ризвановци (1 к.), Шерифовци (1 к.), Ајдар (1 к.), Јонуз (1 к.) и Далип (1 к.) сите родови се доселени од јужна Албанија, родот Корчаре е доселен од околината на Корча, а другите родови се доселени од разни места во јужна Албанија. Во родот Лимановци се знае следната генеологија Аќиф (жив на 85 год. во 1950тите) Зеќир-Лиман, основачот на родот кој се доселил. Сите родови се доселени во XIX век. Родовите Рушитлер и Бракалар потекнуваат од ист предок.[6]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главното занимање на селаните е земјоделството и сточарството. Најпознат производ на ова село е кишавскиот грав кој некои го сметаат за највкусен во цела Македонија.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Основното училиште во селото.
Џамијата во Кишава

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Селото има значителна дијаспора во Австралија, во гратчето Данденонг, кое е предградие на Мелбурн.

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Кишава (Оса) — планина во Тесалија, Грција

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Кишава“. Мој Роден Крај. конс. 30 јули 2018. 
  2. 2,0 2,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
  3. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 28 јули 2016. 
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 год., 12 стр.
  6. „36 Битољско-прилепска котлина, Ј. Трифуноски.pdf“. Google Docs. конс. 2019-01-01. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]