Горно Егри
Горно Егри — село во Општина Битола, јужна Македонија. Денес нема жители.[1]
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во котлината Пелагонија, југоисточно од Битола, на надморска височина од 580 м.[2]
Историja[уреди | уреди извор]
Во XIX век Горно Егри било село во Битолска каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Горно Егри имало 120 жители, од кои 70 Македонци христијани и 50 Арнаути муслимани.[3][4]
Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Горно Егри имало 80 Македонци, сите под егзархијата.[5]
Во 1914 г. селото се свело на 42 жители, а за време на Првата светска војна тоа е иселено.[6]
На почетокот на XXI во атарот на селото има остатоци од две куќи.[6]
Демографија[уреди | уреди извор]
Селото е напуштено уште во Првата светска војна. Според пописот од 2002 година, Горно Егри немало ниеден жител.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[7] | 1905[8] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 120 | 80[9] | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Селото е опфатено во изборното место бр. 141 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Средно Егри.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 240 гласачи.[12]
Личности[уреди | уреди извор]
- Родени во Горно Егри
- Никола Егриски (1853–1904) — ајдутин и револуционер, деец на ВМРО
- Починале во Горно Егри
- Стојан Ристевски (1914-1944) — партизан, деец на НОВМ
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Според истражувањата направени во 1950-тите, доселеници од Горно Егри имало на следниве места:[13]
- Долно Егри: Каракушовци (1 куќа)
- Средно Егри: Трајчевци (2 куќи)
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 77. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 236. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
- ↑ 6,0 6,1 „Горно Егри“. Мој роден крај. Занемарен непознатиот параметар
|access=
(се препорачува|access-date=
) (help); Недостасува права црта во:|access=
(help) - ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ Се однесува само на христијанското население.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |