Српци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Српци
Велоекспедиција Ѓават-Кол 10.jpg

Сретселото на Српци

Српци is located in Македонија
Српци
Местоположба на Српци во Македонија
Координати 41°5′9″N 21°12′41″E / 41.08583° СГШ; 21.21139° ИГД / 41.08583; 21.21139Координати: 41°5′9″N 21°12′41″E / 41.08583° СГШ; 21.21139° ИГД / 41.08583; 21.21139
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Bitola Municipality.svg Битола
Област Ѓават-Кол
Население 65[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7314
Повик. бр. 045
Commons-logo.svg Српци на Ризницата


Српци (понекогаш нарекувано Горно Српци) — село во Општина Битола, во областа Ѓават-Кол, во околината на градот Битола.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Чешма на влезот во селото

Селото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Српци било село во нахијата Ѓават-Кол во Битолската каза на Отоманското Царство.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Српци имало 820 жители, сите Македонци христијани и 230 Албанци муслимани.[2] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Српци имало 576 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Српци имало 65 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[4] 1905[5] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 820 576 634 650 548 497 547 179 111 65
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]

Родови[уреди | уреди извор]

Горно Српци или Српци е македонско православно село, родовите во селото поголемиот број се староседелски, а помалку доселенички.

Староседелци: Јоновци (2 к.), Лазевци (2 к.), Гуле (1 куќа), Дамчевци (10 к.), Кумчевци (6 к.), Крстевци (5 к.), Гулабовци (5 к.), Ѓореј (4 к.), Барбовци (4 к.), Мишовци (3 к.), Златевци (3 к.), Скандиловци (2 к.), Радевци (2 к.), Шавкуловци (2 к.), Анѓелеј (1 к.), Шаковци (1 к.), Ѓорговци (1 к.), Трајановци (1 к.), Миленковци (10 к.), Зулумој (7 к.), Јончевци (7 к.), Јанаќој (6 к.), Бошевци (3 к.) и Вељановци (1 куќа). Родовите Јоновци, Лазевци и Гуле потекнуваат од ист предок, и родовите Скандиловци, Шаковци и Крстевци потекнуваат од ист предок.

Доселенички: Обедниковци (3 к.) доселени се во првата половина од XIX век од селото Обедник, Железник. Ја знаат следната генеологија Ташко (жив на 25 год. во 1951 година) Спиро-Коте-Ѓоргија, се доселил таткото на Ѓоргија; Јовчевци (2 к.) доселени се од некое село во Преспа; Тасевци (4 к.) доселени се од селото Рамна, таму биле староседелци; Дошлаковци (2 к.) доселени се од селото Завој, Oхридско; Колевци (4 к.), Каракли (3 к.), Балевци (2 к.), Ружој (2 к.) и Марковци (1 к.) доселени се однекаде; Влав (1 к.) потекнува од Влав, кој се доселил од Музекија во Албанија. Во Српци се оженил со Македонка, и сега во нивната куќа се зборува македонски.[7]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“

Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Цапари, во која влегувале селата Рамна, Ротино, Српци и Цапари.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кажани, во која покрај селото Српци се наоѓале селата Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани, Лера, Маловиште, Рамна, Ротино и Цапари.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0211 според Државната изборна комисија, кое е сместено во задружниот дом.[8]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 70 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[10]
Цркви[11]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Српци

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Попис на Македонија" (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 27 ноември 2017. 
  2. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 174-175.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. "Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна". Државен завод за статистика. 
  7. 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519. 
  8. "Описи на ИМ". конс. 27 ноември 2017. 
  9. "Локални избори 2017". конс. 27 ноември 2017. 
  10. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  11. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  12. Илюстрация Илинден, 1934, бр.54, стр.14

Надворешни врски[уреди | уреди извор]