Омраам Микаел Аиванов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Омрам Микаел Аиванов
'
Omraam.Mikhaël.Aïvanhov.jpg
Омраам Микаел Аиванов
Роден(а)Михаил Иванов
31 јануари 1900(1900-01-31)
Горно Српци, Битолски вилает, Османлиска Империја
Починал(а)25 декември 1986(1986-12-25) (воз. 86 г.)
Фрежис, Франција
Мреж. местоwith-omraam.com
Периодхристијанство, кабала, будизам, хиндуизам
ШколаШколо на Семирското бело братство
Претежна дејност
љубов, мудрост, вистина, правда и доблест
Значајни идеи
христијанство, Семирско бело братство

Михаил Димитров Иванов, подоцна наречен Омрам Микаел Аиванов (француски: Omraam Mikhaël Aïvanhov) (Горно Српци, 31 јануари 1900 - Фрежис, 25 декември 1986) – филозоф, педагог, мистичар, окултист, езотерист и астролог, од неговите следбеници почитуван како како духовен учител, филозоф, езотерист. Го основал француското Семирско бело братство[1]. Неговото учење е формирано според влијанието на Петар Данов и најчесто е во духот на езотеричното христијанство. Книгите на Омраам Михаел Аиванов се преведени на повеќе од дваесетина јазици.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во битолското село Горно Српци за време на Отоманската Империја во 1900 година[1]. Неговиот татко Иван Димитров се занимавал со преработка на дрвен јаглен[2], а починал кога Иван имал седум години[3]. Мајка му, Доља, била побожна жена, која го воспитувала својот син во духот на христијанството уште од неговото најрано детство[4]. Како доминантна етничка популација, словенското население од овој регион, било прогонувано по завршувањето на Балканските војни од страна на грчката војска. Поради тоа неговото семејство, емигрирало во Варна, Бугарија[1][5], каде што, подоцна, 17-годишниот Иванов се запознава со Петар Данов (1864 - 1944) основачот на Семирското бело братство.

Неколку месеци подоцн, во 1918 година, Михаил, заедно со Петар Данов заминуваат за Софија[1][6]. На универзитетот во Софија, во периодот од 1923 до 1931 година посетувал предавања на катедрите од факултетите по филозофија, психологија, педагогија, математика, хемија, астрономија и медицина. Во овој период бил многу сиромашен, живеел мошне скромно, во една соба, со еден кревет, стари алишта и една виолина подарена од Петар Данов. Прифаќал секаква работа, за елементарно да егзистира. Најчесто се повлекувал во планините каде што медитирал и духовно се осамувал. Од 1932 до 1937 по завршувањето на универзитетот во Софија, работел како учител, а подоцна како директор на средно училиште[7][1][8].

Во 1937 година, непосредно пред почетокот на Втората светска војна, Петар Данов, ги предвидел политичките немири, избувнувањето на војната како и големите општествено политички потреси, кои ќе влијаат врз забраната на сите духовни движења и здруженија во Бугарија. Данов, заради ова, го испраќа Михаил Иванов во Франција, за да го прошири учењето за Белото братство. Данов го избира Иванов за оваа мисија, како единствен покрај 40 000 други ученици[1][9][10].

На 22 јули 1937 година, пристигнал во Франција без никакви парични средства, без познавање на францускиот јазик, познавајќи само едно лице за контакт – бугарската емигрантка Стела Белемин. За кратко време, Иванов го совладал францускиот јазик, докажувајќи се како одличен лингвист. На 29 јануари 1938 година, го одржал своето прво јавно предавање во Луксембуршката сала, Плас де ла Сорбона. Ова било прво од над 5000 негови предавања[11][1][12].

Во 1947 година Иванов го регистрирал во Франција здружението „Изгрев“, во Севр, кое во почетокот било наречено „Божествено училиште“, а потоа е преимевувано на Семирско бело братство. Во 1953 година, во околината на Фрежис, Иванов го создава информативниот центар на Семирското бело братство, кое продолжува да функционира и по неговата смрт (1986 година).

Средствата од неговите предавања биле собирани за издавачките активности и печатење на книги од неговите предавања. Во 1944 година ја објавил својата прва збирка книгата - Разговори[13]. На 21 јануари 1948 година бил уапсен под лажно обвинение за соработка со Гестапо за време на војната, осуден е на четири години затвор, но во март 1950 година бил ослободен[13][14]. Во 1960 е рехабилитиран од Апелациониот суд на Екс-ан-Прованс, при што му бил даден и документ со јавно извинувања за неправдата што му била нанесена.

Воглавно, предава во Франција, каде што ги создал духовните центри Бонфен во Фрежис. Во Бугарија го создал центарот Изгрев, во Софија. Патувал многу. Од 1938 до 1986 година одржал околу 4.500 предавања на француски јазик, пред сè во Франција (во Париз и во периферијата, а подоцна и во Фреј во регионот Вар), а потоа во Швајцарија (во духовниот центар Виделината), Канада, САД, Индија, Шведска и Норвешка. Посетил и многу други земји.

Предавањата му се издадени и во форма на книги.

Неговите дела, се составени од 44 брошури и 32 комплетни дела, најчесто оформени од стенографските белешки, а од 1960 година од аудио и видео снимки. Конечно, во 1972 година, издавачката куќа Просвета започнува да ги објавува неговите дела, најпрво составени во вид на збирки од овие разговори во форма на книги и брошури (преведени на 30 јазици), CD-а и ДВД-а со преводи. Денес оваа издавачка куќа ги има објавено севкупните негови творби.[15][8]

Во 1959 година тој патувал во Индија, каде што се запознал со светецот Неим Кароли Баба, кој го нарекол Аиванов „француски Садху“. Името Омраам му го дале тројца мудреци кои му се придружиле на Аиванов додека бил во Индија. „Омраам“, потекнува од медитацијата која била во корелација со неговото дејствување, оформена од индиските мудреци. Оттогаш е познат како Омрам Михаел Аиванов. По ова тој бил наречен „Господар“[1][16] He received French citizenship just before his death.[8]. Француско државјанство добил непосредно пред својата смрт. Починал на 25 декември 1986 година во Фрежис, Франција.[1][17][13]

Централна идеја[уреди | уреди извор]

Филозофијата на Аиванов е изградена врз основните постулати дека: сите, без оглед на расата, религијата, општествената положба, интелектуалната способност или материјалните средства, можат да учествуваат во реализацијата на новиот период за братството и мирот на земјата. Ова може да се случува преку личната трансформација на поединецот: растот во совршенство и во хармонија со Божествениот свет. Без оглед на темата, тој секогаш се фокусирал на тоа како може подобро да се спроведе живот на Земјата. Аиванов инсистира дека за да постигне подобар живот, мора да се има висок идеал: „... ако имате Висок Идеал, како што е спроведувањето на Божјото Царство на Земјата, добивате сè што посакувавте, чувствувајќи го духовното изобилство.“[18]

Аиванов своето учење го втемелува најпрво од старите принципи на науката на посветените. Тој ги опишува космичките закони со кои се регулираат и универзумот и човечките суштества, макрокосмосот и микрокосмосот, како и размената која постојано се одвива помеѓу нив.

Ова учење се јавува во различни форми низ вековите. Тоа е трајната мудрост изразена преку разновидните религии, секој прилагоден на духот на одредено време, луѓе и степен на духовна еволуција. Учењето на Аиванов вклучува најчесто аспекти на езотеричното христијанство кои се однесуваат на пронаоѓањето на „Царството Божјо на Земјата“ во рамките на поединецот. Една од основните вистини за науката на посветените, според Аиванов, е дека (во повисокиот свет) сите работи се поврзани. Така, се создава и Царството Божјо на земјата: „Вистинската наука и учењето може да се оствари и оформи само во длабочините на нашето битие, на секој поединец без исклучок кој всушност е Телото што посветените го нарекуваат Телото на славата, Телото на светлината, Телото Христово.“

Епоха на Водолијата[уреди | уреди извор]

Филозофијата на Аиванов учи дека сите луѓе, без оглед на раса, религија, социјална положба, интелектуални способности или материјална положба, се приспособени да земат учество во креирањето на новиот поредок кој одговара на ерата на Водолијата. Ова треба да се постигне преку личната трансформација на секој поединец, преку развој и во хармонија со божествениот свет. За Аиванов - учењето е суштината преку која луѓето го доживуваат својот живот на Земјата преку самоспознание, самоусовршување и подобро организирање на личниот живот, во хармонија со Божественото Царство на Земјата.

Наука за посветените[уреди | уреди извор]

Во 1937 година, кога пристигнал во Франција, Аиванов докажувал дека е наследникот на Петар Данов и на богомилите, дека го пренесува тајното свето знаење од еден тибетански учител и дека го пренесува знаењето добиено од „книгите што се чуваат само во четири библиотеки во светот“ и дека доаѓа нова ера, во која ќе владее шестата раса. Теоријата на Шестата раса во системот на Аианов е наследена од неговиот духовен учител Петар Данов.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Список на објавени дела[уреди | уреди извор]

  • Второто раѓање Втората раса - вистината за љубовта на мудроста
  • Духовната алхемија
  • Двете дрвја од рајот
  • Синапено семе
  • Силите на животот
  • Хармонија
  • Мистериите на Хесиод - Основи на духовниот живот
  • Симболичниот јазик - јазикот на природата
  • Во почетокот беше Словото
  • Славата на Тифрит - Сјајот на Тиферет - Јогата на сонцето
  • Основна тајна за решавањето на проблемите на постоењето
  • Законите на космичкиот морал
  • Нова земја. Техники, вежби, формули, молитви
  • Љубов и сексуалност 1 и 2
  • Храни-јога. Алхемиското и магично значење на исхраната
  • „Спознај се себеси“ Jnana јога 1 и 2
  • Нова зора: општеството и политиката во светло на иницијатиката -посветеноста, дел 1 и 2
  • Уметноста на наставата - Од гледна точка на иницијативата -посветеноста, дел 3
  • Животот и работата во иницијална - посветената школа - Обука за Божественото, дел 1
  • Мисли за секој ден
  • Новата религија: сончева и универзална
  • Водолија и доаѓањето на златното доба
  • Педагогија на Иницијацијата (посветеноста)
  • Животот и работата во Божествената школа
  • Плодовите на дрвото на животот. Кабалистичка традиција

Брошури[уреди | уреди извор]

  • Нова година
  • Медитација
  • Респирација – Дишење
  • Смртта и животот потоа

Собрани дела "Извор"[уреди | уреди извор]

  • Сончевата цивилизација
  • Човекот господар на својата судбина
  • Воспитувањето започнува пред раѓањето
  • Јога за исхраната
  • Сексуалната моќ или крилестиот змеј
  • Филозофија на единството
  • Што е духовен учител?
  • Егрегор на Гулабот, или Световното царство
  • Дрвото на познавањето на доброто и злото
  • Светлината како жив дух
  • Двете природи на човекот: човечки и божествен
  • Вистинската смисла на Христовото учење
  • Нова светлина врз Евангелијата
  • Создавање: Уметничко и духовно
  • Силите на мислата
  • Патот на тишината
  • Младите: Креатори на иднината
  • Ангели и другите мистерии на дрвото на животот
  • Љубовта поголема од верата
  • Божиќ и Велигден во традициите на иницијативата(Посветените)
  • Патот на светлината
  • Човечка природа и божествена природа
  • Духовно галванизација и иднината на човештвото
  • Вистинското учење на Христос
  • Тајната книга на природата
  • Јазикот на геометриските фигури
  • Центри и тенките тела. Аура, сончева испреплетеност, центар, чакри
  • Зодијакот, клучот за човекот и универзумот
  • Музиката и песната во духовниот живот
  • Психичкиот живот: елементи и структура
  • Моќта на мислата
  • Книга на Божествената магија
  • Златни правила за секој ден
  • Поглед во невидливото
  • Патот на тишината


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 J. Gordon Melton; Martin Baumann (21 September 2010). Religions of the World, Second Edition: A Comprehensive Encyclopedia of Beliefs and Practices. ABC-CLIO. стр. 59. ISBN 978-1-59884-204-3. https://books.google.com/books?id=v2yiyLLOj88C&pg=PA59. 
  2. Louise-Marie Frenette (2008) ‘‘Omraam Mikhael Aivanhof: the Life of a Master in the West’’ Chapter2, p 9
  3. Feuerstein, Georg (1994). ‘‘The Mystery of Light: The Life and Teachings of Omraam Michael Aivanhov’’ Salt Lake City, UT: Morson Publishing, ; Kindle ed. Chapter2, Location 336
  4. Feuerstein, Georg (1994). Chapter 1, location 281-296
  5. Feuerstein, Georg (1994). Chapter 1, location 406
  6. Feuerstein, Georg (1994). Chapter2, Location 735
  7. Feuerstein, Georg (1994). Chapter 1 location 771-776
  8. 8,0 8,1 8,2 "Omraam Mikhael Aivanhov Biography". Prosveta. конс. 2017-10-24. 
  9. Feuerstein, Georg (1994). Chapter 1 location p849
  10. “Omraam Mikhael Aivanov”. Retrieved 2017-10-24.
  11. Feuerstein, Georg (1994). Chapter 1 location p894-943
  12. Frenette (2008) p722
  13. 13,0 13,1 13,2 “chronology”
  14. Feuerstein, Georg (1994). Chapter 3, Location 1075
  15. Prosveta-Canada Архивирано 2013-04-20 во Wayback Machine.
  16. Feuerstein, Georg (1994). Chapter 3, Location 1123
  17. Feuerstein, Georg (1994). Chapter 3, Location 1452
  18. Omraam Mikhaël Aïvanhov The High Ideal Архивирано 2012-03-17 во Wayback Machine.
  • Feuerstein, Georg (1992). The Mystery of Light: The Life and Teachings of Omraam Michael Aivanhov. Salt Lake City, UT: Passage Press. ISBN 0-941255-51-4. 
  • Frenette, Louise-Marie (September 2009). The Life of a Master in the West. Canyon Country, CA: Prosveta USA. ISBN 978-0-9842693-0-3. 
  • Lejbowicz, Agnes (1982). Omraam Michael Aivanhov, Master of the Great White Brotherhood. Fréjus, France: Editions Prosveta. 
  • Renard, Opierre (1980). The Solar Revolution and the Prophet. Fréjus, France: Editions Prosveta. 
  • Who Is Omraam Michael Aivanhov?. Fréjus, France: Editions Prosveta. 1982. 
  • Margit Kranewitter, Aspects de la Peinture Visionnaire Initiatique, (1980 Mémoire Universitaire), in 2016 a book in Stella Mattutina Edizioni, Italy.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
на англиски
на други јазици