Прејди на содржината

Чагор

Координати: 41°11′28″N 21°15′25″E / 41.19111° СГШ; 21.25694° ИГД / 41.19111; 21.25694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Чагор
Чагор во рамките на Македонија
Чагор
Местоположба на Чагор во Македонија
Чагор на карта

Карта

Координати 41°11′28″N 21°15′25″E / 41.19111° СГШ; 21.25694° ИГД / 41.19111; 21.25694
Регион Пелагониски
Општина Битола
Област Пелагонија
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 800 м
Чагор на општинската карта

Атарот на Чагор во рамките на општината
Чагор на Ризницата

Чагор — историско село на територијата на Општина Битола. Денес местото се наоѓа во крајниот северен дел на атарот на с. Лопатица.

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во областа Пелагонија, на надморска висина од 800 м крај Чагорска Река, лева притока на Шемница. Било оддалечено на 20 северно од Битола и на 2 км северно од Лопатица.[2] Лежело на местото веднаш над регионалниот пат Битола - Демир Хисар.

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Чагор селото е населено барем од доцноантичко време, за што сведочат остатоците од утврдената населба Чагорско Кале која датира од тој период.[3]

Во османлиско време селото се јавува во документ од 1468 г. во кој се споменуваат следниве жители: Велко, син на Петко; Групче, син на Петко; Димитри, син на Петко; поп Рајко, Стајко стар; Пејо, син на Стајко; Расомир, брат на Стајко; поп Трајко; Димитри, син на Михо; Пејо, син на Михо; Никола, син на Михо; Ралче, син на Михо; Пејо, син на Ралче; Тале, син на Радослав; Ралче, син на Михо; Пејо, син на Ралче; Михал, син на Стариот; Тодор, син на Марко; Јорфо, син на Марко; Пројко, зет на Михо; Радослав седлар; Рајко, син на Беле; Тодор, син на Поточар; Ненче, син на Согач; Михо, син на Тане; Богдан, зет на Михо; Јорго, син на Коста; Тодор, син на Полјакот; Јонко, син на Рајче. Имало 23 семејства и 2 неженети, со вкупно население од 129 жители.[4]

Во 1568 г. селото имало 114 жители. Плаќале данок од 1.380 златници, од кои 625 за испенџе, 320 за пченица, 300 за јачмен и ’рж, како и за лен, за улишта, данок за свињи и свадбарина.[4]

Во XIX век Чагор е заведен како чисто македонско село во Битолската нахија на Битолската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Чагор имал 130 жители, сите Македонци христијани.[5][6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Чагор се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 10 куќи.[7]

Целото население потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Чагар (Tchagar) имало 48 Македонци, сите под егзархијата.[6][8]

Денес од ова село нема остатоци, освен Чагорскиот манастир со еднинствената црква „Св. Никола[9] од втората четвртина на ХVІІ век. Живописот на олтарот веројатно е дело на мајстори од Линотопската школа.[10]

Во 1914 г. селото имало 30 жители. За време на Првата светска војна населението го напуштило Чагор, а последните 6 домаќинства се иселиле во 1926 г. Чагорци се преселени претежно во Битола, Лопатица, Лисолај, Могила, Мојно, Тополчани и Секирани.[2]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Верски објекти
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Чагор“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2017-12-08. Посетено на 11 ноември 2017.
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 32. ISBN 9989-649-28-6.
  4. 4,0 4,1 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 95. ISBN 978-608-65616-4-2.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 237. ISBN 954430424X.
  6. 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  9. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  10. Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопје. стр. 165.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]